Украинската криза не ја наруши стабилноста на девизниот курс


Oсновно сидро кое овозможува надминување на многуте предизвици во минатото, но и сега, е цврстата определба на Народната банка за примена на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот, како клучен столб на стабилноста на македонската економија. За ефикасното спроведување и функционирање на монетарната политика, особено во неизвесни периоди, важен придонес имаат финансиските пазари […]

Поплава во рудникот Суводол, ископот на јаглен отежнат


Силното невреме од дожд и град предизвика поплави и големи сливови на вода во рудникот Суводол, од каде се носат најголемите количини јаглен за РЕК Битола. Невремето кое вчера го зафати подрачјето на рудникот предизвика големи дотоци во откопното поле и на позициите каде се лоцирани големите багери и системи за транспортирање на јагленот. Комбинатот […]

Граѓаните наскоро ќе можат да инсталираат фотоволтаични централи на крововите


Премиерот Димитар Ковачевски потврди денес дека се подготвува ново законско решение со кое ќе им се овозможи на граѓаните полесно и поедноставно да инсталираат фотоволтаични централи на крововите. „Тоа прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа и тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал”, рече […]

Цените на индустриските производи зголемени за 21,4 отсто на годишно ниво


Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.3 % на месечно и за 21.4 % на годишно ниво. Во април во споредба со март, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за […]

Три домашни компании искажале интерес за учество на новиот тендер на АЕК за 5Г


Неотел, А1 Македонија и Македонски Телеком до Агенцијата за електронски комуникации  (АЕК) доставиле писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање. АЕК на 6 април објави намера за спроведување постапка за тендерот, а јавната расправа за таа намена траеше до 13. месецов. -По завршувањето на јавната расправа […]

Како другите земји се справуваат со растечките цени на енергијата?


Цените на енергијата во Европа се зголемуваат во последните неколку месеци. Зголемувањето се должи на општото зголемување на побарувачката на енергија и стравувањата за недостиг во  снабдувањето со гас и бензин поради руската инвазија на Украина. Сепак, различни земји на различни начини се справуваат со кризата.  Велика Британија Владата објави дека секое домаќинство во Обединетото […]

Од утре од 17 часот летовите на аеродромот во Скопје се нормализираат


ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие. Градежните работи за рехабилитација на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје почнаа на 28-ми март и оттогаш досега распоредот на летови […]

Стопанската комора доби Орден на заслуги од претседателот на државата


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески денеска соопшти дека Комората по повод 100-годишнината од постоењето, добила Oрден на заслуги од претседателот на државата. Тоа, рече Азески, утрово му го соопштил претседателот Стево Пендаровски. – Претседателот на државата Стево Пендаровски утрово ме информира дека по повод 100-годишнината од постоењето, Стопанската комора добила Oрден […]

Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо во посета на Северна Македонија


Претседателката на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо во вторникот, 31 мај, првпат ќе престојува во посета на нашата држава, при што ќе оствари средби со премиерот, министерот за финансии, банки од приватниот сектор и инвеститори. Рено-Басо ќе учествува и на Скопскиот економски и финансиски форум, каде ќе има обраќање и ќе […]

Азески: Владата да се однесува одговорно и да им помогне на компаниите


Во ваква ситуација да донесеш ребаланс на Буџетот значи да се прилагодиш на ситуацијата и во тоа не гледам ништо друго освен намалување на непродуктивните трошоци, задржување на економската активност и на работните места. Ние однапред кажавме дека ситуацијата е тешка, па не знам кој би можел и нешто друго да изведе, рече денеска претседателот […]

ССМ му порачува на министерот Бесими „да прочита што е предвидено во закон и колективен договор“


Сојузот на синдикати на Македонија кој инсистира на линеарно зголемување на платите на вработените во администрацијата за 2.806 денари, денеска му порача на министерот за финансии Фатмир Бесими „да прочита што е предвидено во закон и колективен договор“.  Во допис до медиумите од ССМ „го потсетуваат“ министерот Бесими дека Владата на седницата на Економско социјалниот […]

Од септември зголемување на платите на универзитетските професори


Зголемувањето на платите на универзитетските професори веќе е планирано во Буџетот за од септември и тоа и во оригиналниот, а стои и во ребалансот на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“. Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека го видел писмото кое го […]

Месната индустрија бара продолжување на мерката за увоз на суровина уште шест месеци


Уште шест месеци да продолжи мерката која предвидува нула отсто царина  за 50 проценти од искористените увезени количини свинско месо во претходната година, бараат преработувачите и предупредуваат дека ако тоа не се случи, сувомесните производи ќе поскапат за најмалку 15 – 20 отсто, но можно е да дојде и до затворање на капацитетите или до […]

Ковачевски за Отворен Балкан: Бариерите паѓаат, а ние се поврзуваме побрзо


Со Отворен Балкан ги отстрануваме работните дозволи и ги признаваме дипломите. Бариерите паѓаат, а ние се поврзуваме побрзо, истакна премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. По денешниота видео-конференциски состанок со српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, Ковачевски на својот Фејсбук профил напиша дека разговарале за забрзување на имплементацијата на проектите […]

Мицкоски се жали дека власта го блокира заемот од Светска банка за општините


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се пожали дека власта го блокира заемот од Светска банка наменет за финансирање на општините. Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Гази Баба, тој најави дека комисиите и стручните тела на ВМРО-ДФПМНЕ работат заедно со политичките партии кои се дел од коалицијата на амандмани за ребалансот на Буџетот […]

Повластени цени на дериватите во Унгарија само за возилата со унгарски регистарски таблички


Унгарската Влада денеска ќе донесе одлука со која нафтени деривати по повластени цени во земјата ќе можат да точат само возилата со унгарски регистарски таблици, соопшти Гергели Гуљаш, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Унгарија на 15 ноември минатата година ги замрзна цените на бензинот и на обичното дизел гориво на износ од […]

Ќе се поедноставува постапката за поставување фотоволтаици


Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се работи на законско решение и подзаконски акти кои наскоро ќе се најдат пред пратениците во Собранието и кои ќе овозможат олеснета постапка и процедури за поставување фотоволтаици, идентични со оние во западноевропските држави. – Во „Осломеј“ е пуштена првата фотоволтаична централа од десет мегавати и таму веќе се […]

Започнуваме проект за ревитализација на енергетскиот систем вреден 29 милиони евра, најави Ковачевски


 Владата во согласност со оперативната програма за 2022-2024 во делот на енергетиката стартува проект за ревитализација на големите хидроелектрани со што ќе ја зајакне македонската енергетска стабилност и независност, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на хидроенергетскиот систем „Вруток“. Ковачевски напомена дека со овој голем проект ќе бидат опфатени […]

Фабриката за правосмукалки од времето на Тито продадена за 3,3 милиони евра


  Фабриката за уреди за домаќинство во стечај, „Слобода апарати“ од Чачак, Србија, продадена е како правно лице пред два дена. Купувач, по цена од 390 милиони динари (3,3 милиони евра), стана тричлениот конзорциум што го сочинуваат Друштвата со ограничена одговорност за производство, трговија и услуги „Европа ЦБА“ од чачанската населба Љубиќ, кој е претставник […]

За праведна енергетска транзиција потребни се домашни ресурси со кои ќе влијаеме на цените на струјата


Верувам дека оваа година производството на електрична енергија ќе се стабилизира и ќе биде далеку повисоко отколку што беше во изминатиот период, бидејќи тоа е многу важно затоа што ако сакаме да зборуваме за праведна транзиција треба пред сè да имаме домашни ресурси за да влијаеме на цените на електричната енергија, истакна претседателот на Регулаторната […]