Пол Кругман порача да ги поправиме патиштата за да привлечеме инвестиции


  Еден од водечките економисти на денешнинава, нобеловецот Пол Кругман, денеска во Скопје порача дека Северна Македонија има добри можности за развој, но дека треба да ја подобри инфраструктурата. „Локацијата на вашата земја е добра, политичкиот систем е добар, но треба да се поработи на патиштата“, рече Кругман, зборувајќи за новите трендови во светската економија […]

Уште еден пропаднат обид за санкциите за руската нафта


  Според дипломатски извори, амбасадорите на ЕУ повторно не постигнале договор за санкции за увозот на руска нафта, велат дипломатски извори. Тие одржаа состанок во Брисел во понеделникот наутро, откако во неделата вечерта не успеаја да најдат начин да го стокмат шестиот пакет санкции. Различни опции беа дискутирани во последниве недели – со најновиот компромисен […]

Дизелот поскапува за денар, бензините остануваат исти


 Цената на дизелот од полноќ се зголемува за еден денар по литар, додека малопродажните цени на бензините не се менуваат. За еден денар се зголемува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство, додека за 0,323 денари по килограм се намалува цената на мазутот, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со […]

„ПАРИ“ открива: Десет градежни фирми лани направиле профит од над 20 милиони евра


  Во услови на криза, прво предизвикана од пандемијата, а потоа и од руско-украинската војна, најбрзо страдаат проекциите за капиталните инвестиции, а тоа значи помал ангажман и на градежните компании. Но, она што беше добрата страна за градежништвото во изминатиов период е градежната експанзија во однос на станбената изградба. Интересно, колку и да се градат […]

Почнува Скопскиот економски и финансиски форум, главен говорник нобеловецот Пол Кругман


„Одржување на растот во времиња на неизвесност и потоа“ е темата на годинашниот Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ, што се одржува денеска и утре, во организација на Министерството за финансии. Главен говорник на СЕФФ 2022 ќе биде добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман. Неговото учество е обезбедено во соработка со Американската […]

Европската инвестициска банка отвора канцеларија во Скопје


Инвестициските и развојни планови за земјата и клучните цели поврзани со отворањето на локалната канцеларија на Европската инвестициска банка ќе бидат претставени денеска во Скопје на настан по повод официјалното отворање на Канцеларијата во Скопје. На настанот, како што е најавено ќе се обратат потпретседателката на на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова, премиерот Димитар Ковачевски, […]

Македонско – романски бизнис форум


Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Романија во во земјава, денеска организира „Македонско – романски бизнис форум и билатерални средби“. На Форумот, покрај работниот дел на кој ќе се обратат Анета Трајковска, потпретседател на Стопанската комора, Адела Моника Аксинте, амбасадор на Романија во Скопје и Паул Бутнариу, претседател на Трговско-индустриската комора […]

Бесими во пресрет на СЕФФ на средба со делегација на Светска банка


Министерот за финансии Фатмир Бесими, попладнево прими делегација од Светска банка предводена од потпретседателката на Групацијата на Светска банка за регионот Ана Бјерде. Средбата, на која присуствуваа и регионалната директорка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, новиот регионален директор за Западен Балкан Шиаочин Ју и претставникот на СБ во земјава Масимилијано Паолучи, се одржа во […]

(Фото) „Брако“ со возилата „Грин Машинс“ од утре учествуваат на престижниот ИФАТ саем во Минхен


Во тек се последните подготовки пред утрешниот старт на саемското претставување на “Грин Машинс” на престижниот саем за еколошки напредни технологии ,ИФАТ во Минхен, Германија. На најиновативниот штанд,одготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата, ќе бидат претставени најновите револуционерни решенија имплементирани во единствените „грин машинс“ возила и машини за чистење надворешни […]

(Фото, видео) Премиерот Ковачевски во Охрид го пречека нобеловецот Пол Кругман


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Охрид се сретна со добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман, професор на Универзитетот Њујорк, кој е во неколкудневна посета на нашата земја, а утре ќе биде говорник на вториот Скопски економски и финансиски форум. За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир […]

Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола


Работењето на системите во рудникот „Суводол“ на РЕК Битола е нормализирано, соопштија од ЕСМ. Во осоопштението до медиумите се вели дека по обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика. Увид во нормализирањето на состојбите денес направи генералниот директор […]

Забрзување на процесот на декарбонизација за чиста економија преку поголема соработка и поврзување


Постигнување на целите на Парискиот договор за нула-емисии на CО2 во воздухот до 2050 година е цел на чија реализација треба да се работи системски и со забрзано темпо. Само координирани и структурни активности во секој сегмент од работењето на компаниите и организациите ќе доведат до реализација на овие цели и забрзување на процесот на […]

ССМ: Недела да остане неработен ден за работниците


Од Сојузот на синдикати на Македонија укажуваат дека недела треба да остане неработен ден за работниците. Во соопштение до медиумите до ССМ велат дека се загрижени по информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши, изготвувале предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија со кои планираат да се уназадуваат […]

Шефот на Бундесбанката очекува повеќекратно зголемување на каматните стапки на ЕЦБ


Претседателот на Бундесбанката, Јоаким Нагел, посочи дека Европската централна банка (ЕЦБ) оваа година треба неколкукратно да ја зголеми основната каматна стапка. „На состанокот во јуни, мора да дадеме јасен сигнал за тоа каде одиме“, рече Нагел во интервју за германскиот магазин Der Spiegel, што беше споделено со ДПА во петокот. „Од моја гледна точка денес, […]

Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители


 Со Отворен Балкан пред големите странски инвестиори сега ние нема да бидеме пазар со два, туку сме пазар со 12 милиони жители, што значи потенцијалот на регионот за странско инвестирање станува далеку поатрактивен и поисплатлив и наскоро регионот ќе биде инвестициска дестинација, изјави вечерва националниот координатор за „Отворен Балкан“ Марјан Забрчанец. Забрчанец, во гостувањето на […]

Ангелоски: На бизнисите им треба поддршка од државата


 Ситуацијата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително тешка и неизвесна, економските оператори немаат резерви со кои би можеле да ја одржуваат нарушената ликвидност, бидејќи кризата со која се соочуваме трае многу долго, а предизвиците се надоврзуваат еден на друг. За да се постигне баланс и надминување на предизвиците деловните субјекти мора да реагираат претприемачки, […]

„Тиквеш“ потпишува договори со лозарите пет месеци пред откупот, цените повисоки од лани


  Откупни цени на грозјето повисоки од минатата година, опција за плаќање во рок од седум дена од денот на приемот на грозјето, субвенции за заштитни средства,  стручна помош за добивање на што повисок квалитет со цел на добивање што поквалитетно вино, се дел од критериумите кои денеска во Кавадарци им ги соопштија од Винарската […]

ЕСМ реагира: Мицкоски покажува незнаење


ЕСМ реагира на критиките од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена на струјата заради недоволното производство на ЕСМ. „Го потсетуваме Христијан Мицкоски дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните, односно за домаќинствата, а не за општините или некакви малверзации од општини. АД ЕСМ е заштитник на цената на електричната […]

Мицкоски лицитира: Струјата ќе поскапи за повеќе од 10 проценти


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција прес партиското седиште  изјави дека покрај досегашните 30 проценти, од 1 јули граѓаните ќе плаќаат за повеќе од 10 отсто поскапа струја. Како причина за тоа ги наведе тоа што багерите на РЕК Битола не ископуваат јаглен поради поплава, цената на уличното осветлување и помалото производство на електрична […]