Комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, Крис Бартон, во посета на „Брако“ и „Грин Машинс“ од Велес


Во еднодневната посета на С. Македонија , Комесарот за трговија на Нејзиното Височество за Европа, Крис Бартон со делегација од Британската амбасадa, заменик шеф на мисијата Јулиа Смит и директорот за трговија и инвестиции, Никола Стојаноски ја посетија фабриката „Брако“ и „Грин Машинс“ во Велес како едни од најрелевантните двигатели на македонската економија со цел […]

Германски експерти: Царини на руските енергенси се подобра мерка отколку ембаргото


Европската унија треба наместо ембарго да воведе тарифи за руските енергенси, бидејќи на тој начин ќе ги намали плаќањата кон Русија со минимални последици по снабдувањето со енергија, сметаат универзитетски професори по економија во Германија. Резултатите од истражувањето спроведено од Економскиот институт „Ифо“ и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ покажуваат дека 70 отсто од испитаните експерти вклучени […]

Светска банка предупредува: Глобалната економија ќе страда од стагфлација како во 1970-тите


  Светска банка во вторникот ја намали прогнозата за глобален раст за 1,2 процентни поени на 2,9% за 2022 година, предупредувајќи дека руската инвазија на Украина ја зголеми штетата од пандемијата на Ковид-19, при што многу земји веројатно ќе се соочат со рецесија. Руската инвазија на Украина го зголеми забавувањето на глобалната економија, која сега […]

Грчката економија бележи раст од седум отсто во првиот квартал од годинава


Во првото тримесечје од годинава, бруто домашниот производ во Грција бележи раст од седум отсто споредено со истиот период лани и зголемување за 2,3 проценти во споредба со последниот квартал од 2021 година, согласно привремените податоци од грчката служба за статистиката, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемувањето на БДП за седум отсто доаѓа од […]

Владата да мисли и на фирмите, не само на граѓаните, вели Азески


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески бара државата веднаш да преземе мерки кои би значеле пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима. Бара штедење и од државата и од граѓаните и компаниите. Особено вели, мора да се штеди  електричната енергија. -Ние треба прво отворено да […]

МЗШВ: 7,1 милиони евра кредитна поддршка преку Развојната банка за земјоделските претпријатија


Владата донесе одлука со која се олеснуваат критериумите во кредитната линија за поддршка на претпријатија со дејност од областа на земјоделството со цел зголемување на производството на земјоделските производи и нивните преработки од средствата на компензациските фоднови со кои управува и располага Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје. Како што информира Министерството за земјоделство, […]

Во првите четири месеци извозот на стоки изнесувал 2,6 милијарди евра, а увозот 3,9 милијарди


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април годинава, изнесува 2.622.000.000 евра и бележи пораст од 15,1 отсто во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, е 3.922.662.000 евра, што е за 27,3  отсто повеќе во споредба со […]

Во Македонија има 2,1 милион платежни картички, од нив бесконтактни се 68,3 отсто


Граѓаните и компаниите сѐ почесто ги користат придобивките од дигитализацијата на пазарот на платежни услуги, што го покажува зголеменото користење на платежните картички и дигиталните канали за извршување на плаќањата. Статистиката покажува дека бројот на плаќањата преку платежните сметки на корисниците на платежни услуги во државава во текот на 2021 година изнесувал 176 милиони, што […]

Инвеститорите во еврозоната со подобрени очекувања


Деловното расположение кај инвеститорите во еврозоната овој месец бележи подобрување над очекувањата, со забележан прв раст од почетокот на војната во Украина. Последното истражување на деловното расположение покажува дека сепак многу од компаниите сè уште не чувствуваат поголеми инфлаторни влијанија и тесни грла во снабдувањето како што се претпоставуваше. Индексот на инвестициската клима во еврозоната […]

Трошоците на живот во мај повисоки за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто


Трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11.9, а цените на мало за 12.1 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на индексите на трошоците на […]

Рекордна задолженост на Германија


Германија се соочува со рекорден долг од 2,38 билиони евра, кој продолжува да расте оваа година. На ова се придружуваат дополнителни 100 милијарди евра планирани за војската. Со тоа новиот долг на Германија ќе се зголеми на 2,619 билиони евра. Официјалните лица се надеваат дека економијата ќе може да закрепне и дека земјата ќе може […]

Азески му оддаде почит на Глигорие Гоговски: Бизнисмен и џентлмен


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, му оддаде почит на починатиот Глигорие Гоговски, стопанственик и последен претседател на Извршниот совет на СР Македонија.  Обраќањето на Азески го пренесуваме во целост: Кога во 1983 година одекна веста дека на чело на „Тетекс“ од Тетово, на местото на легендарниот Стојан Ѓорчевски, кој 24 години […]

Лидерите на земјите членки на Отворен Балкан на средба во Охрид


Културата и туризмот ќе бидат во фокусот на иницијативата Отворен Балкан што денеска и утре ќе се одржува во Охрид. За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на […]

Во Охрид ќе бидат презентирани дигитални решенија за туризмот


Дигитални решенија развиени од старт-ап, микро и мали ИКТ компании, што се погодни за дигитализација на работењето на компаниите од секторот туризам на денеска ќе бидат презентирани на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид. Презентацијата е дел од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на швајцарската агенција за развој и […]

„Вози право, вози здраво“ привлече илјадници учесници со велосипеди, тротинети, ролерки…


Околу 8.000 деца и возрасни во неделата попладне ги преплавија улиците во центарот на Скопје со своите еколошки превозни средства како дел од ревијалниот настан „Вози право, вози здраво“, што е најмасовната посетеност досега. Илјадници насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скејтборди, мајки и татковци со бебешки колички, тргнаа од Порта Македонија и со релаксирано […]

„Ден за кариерен развој“ на УКИМ


На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе се одржи целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во организација на УКИМ и THRIVITY. На отворениот настан за студентите, ќе учествуваат етаблирани компании од земјава и странство кои ќе имаат можност да ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и […]

Бектеши: До крајот на неделата ќе одлучиме дали ќе се интервенира во делот на цените


Од почетокот на кризата со цените на дневна основа заедно со Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и другите надлежни институции, секторот за трговија во Министерството за економија ги следи и цените и ситуацијата, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Бектеши, говорејќи во емисијата 24 анализа, рече дека денеска официјално ги добил сите податоци од […]

Започна најголемиот тест во светот: Работната недела скратена на четири дена


Повеќе од 3.300 работници во 70 компании во Обединетото Кралство, почнувајќи од мали локални бизниси до големи финансиски фирми, денеска почнуваат со четиридневна работна недела без намалување на платите, како дел од најголемото тестирање на новиот работен модел во светот. Пилот-проектот ќе трае шест месеци, организиран од друштвото „4 дена во неделата Глобал“, а во […]

Сѐ повеќе пестициди во овошјето во Европа


Неделава се добиени загрижувачки податоци за хемиската неисправност на овошјето, врз основа на истражувањето на британската државна агенција – Европската мрежа за акција за пестициди (ПАН). Податоците покажуваат дека потрошувачите имаат причина да бидат загрижени што јадат, без разлика каде се наоѓаат.  ПАН во извештајот наведува дека истражувањето покажало дека значително е зголемена количината на […]

„Таб Мак“ инвестира 15 милиони евра, го зголемува производството на акумулатори


Дури 97 проценти од производството, „Таб Мак“ – Пробиштип го пласира на странскиот пазар главно на европскиот, а од разговорите со менаџментот добивме информација која дава мотивација дека состојбата во секторот е стабилна со тенденција за натамошен раст и развој, порача премиерот Димитар Ковачевски по посетата на оваа компанија. Ковачевски истакна дека и во услови […]