Олигархот Абрамович ги префрлил странските средства на своите деца непосредно пред војната


  Рускиот милијардер Роман Абрамович префрлил милијарди долари странски средства на своите деца три недели пред почетокот на војната во Украина. За ова пишува „Гардијан“ повикувајќи се на документите на кипарската компанија „Меритсервус“, која долги години управувала со имотот на рускиот милијардер. Пред руската инвазија на Украина, Абрамович поседувал најмалку 10 трустови во Кипар и […]

Џек Ма се откажа од контролата на гигантот „Ант груп“


  Џек Ма ќе ја отстапи контролата врз кинескиот финтехнички гигант „Ант груп“, објави компанијата, по ударота на Комунистичката партија врз технолошкиот сектор на нацијата, кој беше насочена кон харизматичниот милијардер. Еден од најпрепознатливите кинески претприемачи, Ма еднаш беше пример за една генерација кинески технолошки магнати со неговата лична приказна од партали до богатство и […]

„Опен АИ“, која стои зад „Чет ГПТ“ проценета на 29 милијарди долари


„Опен АИ“ (OpenAI), истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција која стои зад четботот „Чет ГПТ“ (ChatGPT), е во преговори за продажба на постојните акции во тендерска понуда со која компанијата би се проценувала на околу 29 милијарди долари, објави Волстрит журнал. Во извештајот се додава дека договорот е структуриран на таков начин што фирмите за ризичен […]

Годишната инфлација во еврозоната во декември забави на 9,2 отсто


  Во декември минатата година еврозоната забележа годишна стапка на инфлација од 9,2 отсто, откако во ноември годинава таа изнесуваше 10,1 отсто, покажува првата проценка на европската статистичка служба Евростат. Инфлацијата продолжи да биде поттикнувана од високите цени на енергијата и храната. Цените на енергенсите во декември беа повисоки за 25,7 отсто од претходната година. […]

Крахот на „Саутвест“ може да ја чини авиокомпанијата до 825 милиони долари


Трошоците за падот на услугите на „Саутвест ерлајнс“ (Southwest Airlines) за време на празниците на крајот на годината може да ја чинат авиокомпанијата речиси една милијарда долари и ќе предизвикаат да пријави загуба во четвртиот квартал, се вели во известувањето на авиокомпанијата во петокот. „Саутвест“ соопшти дека трошоците за откажување на повеќе од 16.700 летови […]

„Гаспром“ почна нагло да го намалува снабдувањето со гас на ЕУ преку Украина


  „Гаспром“ ја започна 2023 година со нагло „затегнување на вентилот“ на гасоводот што транспортира гас во Европа преку Украина. Испораките во европските земји преку украинскиот ГТС паднаа за речиси 20 отсто во првите денови од новата година на 35,5 милиони кубни метри дневно во петокот на 6 јануари. На крајот на минатата година, „Гаспром“ […]

Хаос во Британија – продолжуваат штрајковите


  Најголемиот бран штрајкови во Британија во последните неколку децении, кој почна кон крајот на минатата година, може да продолжи во текот на оваа година. Причината за тоа е што ние една страна не е волна да отстапи од своите ставови, изјави вчера претседателот на британските машиновозачи АСЕЛФ Мик Велан. Велан укажа дека сега, за […]

Ова се најбогатите градови во светот според бројот на милионери


  Колку милионери и милијардери живеат во најбогатите градови во светот? Иако таквите показатели не се сеопфатни, овие мерења на богатството помагаат да се стави во перспектива финансиското здравје и економската активност на некои од најбогатите градови во светот. Следниот инфографик на „Вижуалкапиталист“ (VisualCapitalist) користи информации од извештајот за глобални граѓани на „Хенли“, во партнерство […]

Деспотовски: Наскоро во зоните ќе инвестира и голема македонска компанија


  Над 430 милиони евра нови инвестиции и над 2 000 нови работни места само за една година – со овие бројки ја заокружуваме најдобрата година до сега од постоењето на технолошко-индустриските развојни зони. Веќе во октомври ја надминавме и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во […]

Секоја трета британска фирма се соочуваа со недостиг на работници


  Речиси една третина од компаниите во Велика Британија се соочуваат со недостиг од работници, покажуваат податоците од новото истражување на британската Канцеларија за национална статистика (ОНС). Според резултатите од истражувањето, 32 отсто од анкетираните компании со 10 или повеќе вработени изјавиле дека им недостига персонал. Додека компаниите во секторот за здравство и социјални услуги […]

Хрватска: Некои цени скокнале и за 80 отсто по воведувањето на еврото


  Од еуфоријата Хрватска премина во благ ужас откако инспекциските контроли покажаа дека има масовно зголемување на цените по воведувањето на еврото. Тие се движат од 10  па дури до 80 отсто за некои услуги, како фризрските. Во продавниците е забележан пораст на цените на одредени производи од 3 на 19% (поскапување на чоколадото, пекарските […]

Бочварски очекува овој месец избор на консултантска куќа за надзор на градбата на автопатот Тетово-Гостивар


  Се уште трае процедурата за избор на консултантска куќа за надзор на изградбата на дополнителни коловозни ленти и реконструкција на автопатот Тетово – Гостивар. Откако есента во 2022 година беше поништен изборот поради недоставена банкарска гаранција, сега процесот е во жалбена постапка, соопшти министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од тетовско Желино, кога […]

Најголемите компании во светот во 2022 година – „Епл“ и натаму на врвот


  Минатата 2022 година беше обликувана од незгодни макроекономски ветрови. Билиони долари во јавно поседуваните компании беа избришани на берзите, довербата на инвеститорите се намали, а цените ги скратија џебовите на потрошувачите. Генерално, многу од најголемите светски компании доживеаја остар пад на пазарниот удел. Сепак, неколку компании од клучните сектори имаа позитивен раст во текот […]

Цените на гасот во Европа паѓаат, само не на домашните сметки


Јануарските температури растат, а цената на гасот паѓа – тоа е добра вест за Европа и лоша вест за рускиот претседател Владимир Путин. Сепак, тие падови на цените се уште се далеку од тоа да се појават на сметките за енергија за потрошувачите и бизнисите. Иако енергетската криза во Европа сè уште е многу далеку од […]

Договорена средба на АД ЕСМ и турски БОТАШ за снабдување со природен гас


  Во текот на јануари ќе биде одржана средба меѓу АД ЕСМ и турската државна компанија БОТАШ на која ќе стане збор за снабдувањето со природен гас, а ќе се разговара и за енергетските капацитети, можностите за снабдување со енергенти и другите опции за помош и поддршка од Турција во делот на енергетиката, соопштија од […]

Инвестициската програма на ЈП за државни патишта годинава изнесува 29,9 милијарди денари


  Јавното претпријатие за државни патишта во Програмата за 2023 година за инвестиции, отплата на кредити и трошоци проектира финансии во вкупен износ од 38,701 милијарда денари (629.284.552 евра), што треба да бидат покриени по основ на приходи и приливи од странски кредити, како и со средства од државниот Буџет. Вкупните приходи изнесуваат 11,193 милирди […]

Без државна помош сметките за струја ќе беа повисоки за 73 отсто


Без средствата што се префрлаат на ЕСМ, сметките на граѓаните во изминатиот период од годината ќе беа повисоки за околу 73 отсто, како што е веќе прикажано и на самите сметки – вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Владата Деталните сметки за струја, на кои се прикажани примери за износот на државната субвенција, ги […]

„Мекдоналдс“ го напушта и Казахстан


„Мекдоналдс“ има намера да го напушти Казахстан по нарушувањата предизвикани по нападите на Украина. Причината е што оваа централноазиска држава остана без замена за руските залихи од месо, наведува „Блумберг“. Најголемиот светски синџир за брза храна ќе се повлече од земјата со 20 милиони жители која граничи со Русија по само шест години работа таму. […]

Празнична донација на ОКТА за ранливите групи граѓани


  Во пресрет на божикните празници, ОКТА обезбеди помош за ранливите категории сограѓани. Со средствата кои компанијата ги донираше на Црвениот крст на Град Скопје се обезбедени пакети со прехранбени продукти. Тимови на Црвениот крст ги дистрибуираа пакетите до социјално најранливи семејства во земјава на кои помошта им е најпотребна. „Како организација и како поединци […]

И по дефектот во РЕК Битола произведени 17.904 мегават часови електрична енергија


АД ЕСМ вчера произведе 17.904 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата. При тоа, како што нагласуваат, во термоелектраните се произведени 8.179, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 9.725 мегават часови електрична енергија. -Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба се набавени 1.000 […]