Деловната клима во еврозоната е се помрачна


Деловното расположение во еврозоната се влошува трет месец по ред, а песимизмот расте и во проценката на моменталната состојба и во очекувањата, објави во понеделникот франкфуртскиот институт за финансиска анализа „Сентикс“ (Sentix). Економскиот показател на „Сентикс“ падна за 5,5 поени, на минус 22,5. Ова укажува дека еврозоната се уште е во рецесија, а тоа е […]

Азески: Колку Кочовци има Македонија


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, во колумна се осврнува на добитниците на наградата на Комората за остварување на приоритетите во наредниот период. Колумната ја пренесуваме во целост:   Вчера беше јавно публикувано дека еден од добитниците на овогодишната награда на Стопанската комора на Северна Македонија за остварување на приоритетите на Комората […]

Бесими: Постигнавме системско и одржливо решение со синдикатите за платите во државната администрација


  Со постигнатиот договор со синдикатите, 85.000 вработени во државна администрација на централно ниво, буџетските корисници и во установите ќе добијат покачување од 10% со септемвриската плата, а исто така ќе им биде исплатен к-15 од 10.000 денари, за што ќе се обезбедат средства со ребалансот на Буџетот во септември, порача министерот за финансии, Фатмир […]

Данокот за солидарност и законите за ДДВ и на добивка утре повторно на владина седница


Предлог на законот за данокот на солидарност, измените и дополнувањата на законите за данок на додадена вредност и на добивка утре повторно ќе се најдат на владина седница, по што ќе бидат испратени во Собранието со европско знаменце, потврди вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за ТВ 24.    – Ние данокот на […]

Доларот јакне во однос на главните светски валути


Вредноста на американскиот долар и денеска продолжува да расте во однос на главните светски валути, во исчекување на следните чекори на Федералните резерви на САД (ФеД). Кон средината на денот по централно европско време курсот на еврото во однос на доларот се намали до 1,0959 долари а од нивото по затворањето на берзите кое беше […]

Кина влегува во дефлација


  Годишните производни цени во Кина паднаа деветти месец по ред во јуни, додека потрошувачките цени беа непроменети, покажаа официјалните податоци во понеделникот, што ја нагласува длабочината на предизвиците што тежат на втората по големина економија во заживување на побарувачката и заживување на растот. Податоците за инфлацијата во понеделникот ги надминаа очекувањата на пазарот, нудејќи […]

НЛБ Банка им оддаде признание на спортистите од Специјална олимпијада на Македонија


Во чест да ги прослави медалите на специјалните олимпијци, денеска НЛБ Банка организираше заедничко дружење со тимот на Специјална олимпијада-Македонија кој од неодамна одржаните Светски специјални олимписки игри во Берлин се врати со пет освоени медали, потврдувајќи дека кога се има силна воља и посветеност не постојат граници. „За нас, секој еден член, претставник од […]

Нова средба за платите во јавниот сектор, синдикатите оптимисти дека ќе се најде решение


Синдикалните претставници кои пристигнаа во Министерството за финансии на средба со владиниот тим, не знаат дали денеска ќе се постигне некакво решение околу зголемувањето на платите и методологијата. Како што изјавија пред состанокот, тие повторно ќе ги пренесат ставот и барањата во делот и на моделот и на покачувањето на платите. Не знаат колку ќе […]

Нова платформа за пристап до финансии


Тимот од Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст денеска ја презентираше петгодишната програмата за работа и новата Платформа за пристап до финансии. На презентацијата присуствуваа претставници на компании, организации за поддршка на бизниси, Министерството за економија, Стопанската комора, бизнис акцелератори, консултанти и останати чинители на приватниот и јавниот сектор. Присутните имаа можност да се […]

Советот за општи работи на ЕУ ја одобри Одлуката за макрофинансиска помош за земјава од 100 милиони евра


Со 27 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ на денешното заседание во Брисел ја одобри Одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина. За одлуката за исплаќање на макрофинасиската помош […]

Против Македонија се водат арбитражни постапки во износ од 1,36 милијарди евра


  Вкупната вредност на арбитражните постапки кои што во моментов се водат против Република Северна Македонија изнесува 1,36 милијарди евра, при што станува збор само за основицата, без затезни камати, кои по правило се предмет на споровите пред арбитражните судови и со кои овој износ се искачува на фантастични над 1,5 милијарди евра. Овој податок […]

Стопанската комора го награди Анѓушев за развој на извозот и за профилирање стручен кадар


Стопанската комора на Северна Македонија денес е модерна водечка бизнис асоцијација кај нас и во регионот, партнер на државата и сервис на компаниите. По повод годишнината, Управниот одбор на Комората на седницата одржана на 21.06.2023 година, донесе одлука за доделување на награди во неколку категории. Проф. д-р Кочо Анѓушев НАГРАДА ЗА ПРИДОНЕС ВО РАЗВОЈОТ НА […]

Музејот на Народната банка повторно отворен за јавноста


Музејот на Народната банка со својата постојана поставка повторно е отворен за јавноста. Со околу 23 000 монети од различни историски епохи, почнувајќи од почетокот на V век пр. н. е. до денес, Музејот на Народната банка располага со најголемата јавна нумизматичка збирка во државава. -На простор од 240 квадратни метри се изложени околу 1000 […]

Девизните резерви во јуни зголемени за 15 милиони евра


Девизните резерви на крајот на јуни годинава изнесувале 4.189,7 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 15 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (65,9%), по што следуваат валутите и депозитите (24,9%) и монетарното злато (9,2%).

Поскапува дизелот, цената на бензините не се менува


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ зголемува за 0,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70,50, а на Екстра лесното 70,00 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР […]

EУ ќе ја разгледува Одлуката за макрофинансиска помош за земјава 


Брисел – Одлуката за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, е една од точките на дневниот ред на денешната седница на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ во Брисел. Предлог-одлуката, усвоена од страна на Европската комисија на 6 февруари […]

Синдикатите и Владата во нов обид да најдат прифатливо решение за платите во јавниот сектор


Синдикатите и Владата денеска повторно ќе се сретнат во обид да најдат заедничко прифатливо решение за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор.  Оптимизам има кај двете страни по последната средба што се одржа во Министерството за финансии. Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА, што беше […]

Димковски најавува нова поддршка за производителите на јачмен, пченица и ориз


Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ најави дека по жетвата ќе следат нови мерки за поддшка за производителите на јачмен, пченица и ориз. -Оваа година е година на навремени и брз исплати на субвенциите, во време кога им се најпотребни на земјоделците.За само шест месеци исплатени се 5,5 милијарди […]

„Фероинвест“: Нашиот холдинг е под медиумско-бизнис напад


  Се огласи со соопштение холдингот Фероинвест. Ја информираме пошироката јавност дека холдингот ФЕРОИНВЕСТ е изложен на медиумски атакувања кои за резултат имаат бизнис последици.    Порталот ИРЛ најави нова емисија за нашата компанија БРАКО и за модуларните болници кои БРАКО ги изгради во најголемата здравствена криза за прием на инфицирани лица за кои државата […]

И Советот на странски инвеститори против данокот за солидарност


Советот на странски инвеститори ја поддржува иницијативата со која се бара запирање на постапката за донесување на предлогот на Законот за данок на солидарност, која на транспарентен начин е поддржана и потпишана од органите на Комората, во која членуваат и компании од странските инвеститори во нашата држава. Како странски инвеститори во нашата држава, со големо […]