КЗК изрече прекршочни санкции за четири трговски друштва и ССК за учество во забранет договор


Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 …

КЗК изрече прекршочни санкции за четири трговски друштва и ССК за учество во забранет договор Read More »

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА. Од 9 декември 2025 …

Операционализација на плаќањата преку СЕПА за државата и за државните институции Read More »

Во октомври во ЕУ се регистрирани 916.609 нови автомобили,  за 5,8 отсто повеќе од лани 


Во земјите од Европската Унија, во октомври се регистрирани 916.609 нови патнички автомобили, што е за 5,8 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година, објави денес Здружението на европски производители на автомобили (ACEA). Во три од четирите водечки европски земји е забележан раст на регистрациите на патнички автомобили на годишно ниво. Шпанија регистрира …

Во октомври во ЕУ се регистрирани 916.609 нови автомобили,  за 5,8 отсто повеќе од лани  Read More »

Бугарскиот трансбалкански гасовод е неактивен: стратешки подарок за Русија на сметка на Украина


Неодамнешните грчко-украински договори за течен природен гас (LNG) го ставија Вертикалниот гасен коридор и неактивниот бугарски дел од стариот трансбалкански гасовод (ТБГ) во центарот на вниманието. Сепак, и покрај оптимистичките наслови, ниту еден кубен метар неруски гас не тече на север низ двете наменски транзитни линии на Бугарија, пишува Илијан Василев. Илијан Василев е поранешен …

Бугарскиот трансбалкански гасовод е неактивен: стратешки подарок за Русија на сметка на Украина Read More »

Новиот шеф на Федералните резерви ќе биде објавен до Божиќ, вели американскиот министер за финансии


Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, денес изјави дека очекува претседателот Доналд Трамп да донесе одлука за новиот шеф на Федералните резерви до празниците. Бесент го води процесот на избор на наследник на Џером Пауел, чиј мандат завршува во мај 2026 година. Во разговор за Си-Ен-Би-Си , Бесент рече дека имал уште едно интервју …

Новиот шеф на Федералните резерви ќе биде објавен до Божиќ, вели американскиот министер за финансии Read More »

НИС соопшти дека останале без нафта. НБС ќе го прекине платниот промет со НИС ако не добие лиценца


Нафтена индустрија на Србија (НИС) попладнево соопшти дека рафинеријата за нафта Панчево почнува подготовки за прекин на работата, поради недостиг на  нафта за преработка, предизвикан како резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз компанијата. „Во првата фаза, постројките се пуштени во топла циркулација, а целиот процес се спроведува во согласност …

НИС соопшти дека останале без нафта. НБС ќе го прекине платниот промет со НИС ако не добие лиценца Read More »

Шести ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026, разгледани осум амандмани, но не добија поддршка


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска шести ден расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. Во текот на денешната расправа беа разгледани осум амандмани, но не добија поддршка, а главно се однесуваа и беа поврзани со сферата на социјална политика. Беа разгледани пет амандмани, поднесени од СДСМ, коишто меѓу другото се однесуваа на …

Шести ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026, разгледани осум амандмани, но не добија поддршка Read More »

Над 3.000 млади добија по најмалку 10.000 евра од државата за отворање сопствен бизнис


Денеска на околу 3.000 млади лица им беа доделени договори за помош и поддршка при отворање сопствен бизнис во висина од 10.000 односно 20.000 евра ако се здружат во ДОО, а дополнително, на планираната сума, обезбедени се уште 300 милиони денари. – Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да …

Над 3.000 млади добија по најмалку 10.000 евра од државата за отворање сопствен бизнис Read More »

Санкциите против Русија и Кина ќе предизвикаат економска криза на Запад, вели шефот на „Роснефт“


Игор Сечин, шефот на најголемиот руски производител на нафта „Роснефт“, денеска изјави дека санкциите наметнати од Западот врз Русија и Кина ќе ги доближат економиите на западните земји до економска криза. Во обраќањето на Руско-кинескиот енергетски бизнис форум (РКЕБФ) во Пекинг, Сечин, кој е еден од највлијателните луѓе во енергетскиот сектор на Русија, исто така, …

Санкциите против Русија и Кина ќе предизвикаат економска криза на Запад, вели шефот на „Роснефт“ Read More »

Нова иницијатива на УНДП, Алкалоид и Правен факултет: Пилот клиника за запознавање на младите со перспективите за одржлив развој


Во организација на Програмата за развој на Обединетите нации, АД „Алкалоид“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“, е отворена првата Клиника посветена на целите за одржлив развој, со цел да им ја доближи на студентите визијата за одржлив раст и да ги мотивира во нивната идна истражувачка, академска и општествено ангажирана улога. На отворањето на Клиниката, …

Нова иницијатива на УНДП, Алкалоид и Правен факултет: Пилот клиника за запознавање на младите со перспективите за одржлив развој Read More »

Управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, потребен е позелен и одржлив финансиски сектор


 Само пет проценти од компаниите во земјава имаат планови за справување со климатските ризици, а управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, покажува едно неодамнешно истражување спроведено од страна на Народната банка и Европската инвестициска банка. Проценките на Светска банка се дека во изминатите 20 години климатските промени во Северна Македонија …

Управувањето со климатските ризици и зелените финансии е во рана фаза, потребен е позелен и одржлив финансиски сектор Read More »

Професионалноста и етиката во фокусот на првиот стручен симпозиум на ИСОС и Здружението на внатрешни ревизори


На Економскиот факултет во Скопје се одржа првиот заеднички стручен симпозиум во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Здружението на внатрешни ревизори на РС Македонија. Настанот собра над 500 учесници, професионалци од сметководствената и ревизорската фела, како и експерти од академската заедница, институциите и студентите, ставајќи силен фокус на актуелните професионални …

Професионалноста и етиката во фокусот на првиот стручен симпозиум на ИСОС и Здружението на внатрешни ревизори Read More »

За девет месеци наплатени 931 милиони денари надоместоци за експлоатација на минерални суровини


Наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во третиот квартал од 2025 година достигна рекордни 384.166.062 денари. Ова претставува зголемување за повеќе од два и пол пати во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 147.703.963 денари денари, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. -Овој успех следи по исклучителните …

За девет месеци наплатени 931 милиони денари надоместоци за експлоатација на минерални суровини Read More »

Гувернерот Славески на Конференцијата за климатските ризици и финансиската стабилност


„Климатските промени сè поинтензивно влијаат врз економиите и финансиските системи, а ризиците поврзани со климатските промени претставуваат значаен фактор кој влијае врз ценовната и финансиската стабилност. Поради тоа, централните банки веќе ги интегрираат овие ризици во аналитичките и супервизорските рамки. Пристапот на Народната банка ги следи меѓународните практики. Планираните активности од усвоениот Среднорочен план на …

Гувернерот Славески на Конференцијата за климатските ризици и финансиската стабилност Read More »

Во првата половина од декември ќе се објави новата емисија Граѓанска обврзница


Нова емисија Граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ 24. Таа потенцира дека кога ќе биде објавен проспектот ќе бидат познати во јавноста и деталите за издавањето на Граѓанската обврзница и дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на Граѓанска …

Во првата половина од декември ќе се објави новата емисија Граѓанска обврзница Read More »

Познати производители на чоколадо поврзани со сеча на либериската дождовна шума?


Некои од најпознатите производители на чоколада во светот, од „марс“ до „КитКат“, веројатно се поврзани со уништувањето на шумите во либериската дождовна шума и покрај тврдењата на многу брендови за одржливост, според истражувањето објавено денес од невладината организација „Глобал Витнес“. Според организацијата, Либерија има најголем преостанат дел од дождовната шума Горна Гвинеја, дом на неколку …

Познати производители на чоколадо поврзани со сеча на либериската дождовна шума? Read More »

Димитриеска – Кочоска: Повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградени станови останува непроменета


Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информира дека повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградени станови ќе продолжи да важи и по 1 јануари, согласно предложените измени кои веќе се во владина процедура. „Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само …

Димитриеска – Кочоска: Повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградени станови останува непроменета Read More »

Николовски: Не се исплатени субвенциите за овци, ниту за млекото, владата ги остави земјоделците на цедило


Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на Комисијата за финансирање и буџет, упати остри критики кон Владата поради целосно занемарување на земјоделците и неприменување на обврските кои државата ги има кон нив. Особено по предложениот амандман на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците, кој беше одбиен. Николовски потенцираше дека состојбата во земјоделието е катастрофално лоша, не …

Николовски: Не се исплатени субвенциите за овци, ниту за млекото, владата ги остави земјоделците на цедило Read More »

Германија троши 41 отсто од својот буџет за социјала, повеќе од Скандинавците


Германија го издвојува најголемиот дел од својот буџет од сите европски земји за социјални програми – дури 41 процент, според нова студија на Институтот за германска економија (IW), за која делови денес објавуваат германските медиуми. Според „Рајнише пост“, ова вклучува трошоци за пензии, социјална и здравствена заштита и надоместоци за невработеност. Во однос на социјалните …

Германија троши 41 отсто од својот буџет за социјала, повеќе од Скандинавците Read More »

АЕК го продолжи рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор, сега е 12 јануари идната година 


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) информира дека ги продолжи роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Според Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач сега е 12 јануари 2026 година, додека  за …

АЕК го продолжи рокот за конечна одлука за трет мобилен оператор, сега е 12 јануари идната година  Read More »