Од утре поскапуваат цигарите, пурите и цигарилосите


Од петок стапуваат во сила измените и дополнувањата на законот за акцизите кои се зголемени за цигарите, пурите и цигарилосите. За цигарите акцизата ќе изнесува 9% од малопродажната цена по кутија. За пурите акцизата ќе изнесува 21,73 денари по парче и 9% од малопродажната цена, додека за цигарилосите 10 денари по парче и 9% од […]

Вработените во „Амазон“ во Велика Британија пред „историски штрајк“: Нема да работат ниту на Црниот петок


Синдикатот ГМБ објасни дека работниците на „Амазон“ во Ковентри, источно од Бирмингем, ќе штрајкуваат на 7, 8, 9 и 24 ноември, Црниот петок. Како што додаваат, тоа ќе биде најголемиот штрајк во историјата на „Амазон“, бидејќи ќе му се придружат 1.000 вработени. Штрајкот беше најавен само еден ден откако раководството на компанијата најави зголемување на […]

ММФ ја намали прогнозата за германската економија


Уште во летото Меѓународниот монетарен фонд предвиде рецесија за Германија оваа година. Тој сега ја ревидираше претходната оценка надолу. Според извештајот на ММФ од вторник, бруто домашниот производ на Германија ќе падне за 0,5 отсто во 2023 година. Јулската прогноза предвидуваше рецесија од 0,3 процентни поени. Според оценката на Фондот, Германија годинава ќе се врати […]

Пробиштип набави две електрични машини за чистење од БРАКО-градот инвестира во еколошко одржување на урбаната хигиена


Општина Пробиштип од октомври се придружи на големото семејство на општини и градови на светско ниво, кои ја одржуваат градската хигиена со возилата на БРАКО од линијата Грин Машинс. Набавени се две возила од електричниот модел 400 ze, лесни за управување, софистицирани и опремени со најсовремена технологија, тивки при работата, еколошки и исклучително ефикасни во градски средини. Стручниот тим од Грин […]

ММФ: Високата инфлација и каматните стапки ризик за глобалниот економски раст


Како што се посочува во документот објавен на веб-страницата на ММФ, овие пукнатини во финансискиот систем би можеле да станат уште посериозни доколку не дојде до таканареченото „меко приземјување“, односно сузбивање на инфлацијата без да започне рецесија. Во извештајот ММФ презентира и нова оценка за ранливоста на глобалниот банкарски систем во ситуација кога каматните стапки […]

Волстрит порасна трет ден по ред: Акциите забележаа раст и на европските берзи


Индексот се зголеми трет ден по ред благодарение на зголемениот број претставници на ФЕД кои велат дека каматните стапки можеби нема да треба дополнително да се зголемуваат. Како резултат на тоа, приносите на 10-годишните државни обврзници на САД вчера значително паднаа од највисоките нивоа во последните 16 години, што позитивно се одрази на берзата. Сите […]

Израел штотуку го затвори полето за гас во близина на Газа. Еве зошто тоа е важно


  „Шеврон“ во понеделникот соопшти дека затворил наоѓалиште на природен гас во близина на брегот на Израел по налог на локалните власти, два дена откако милитантите на Хамас го започнаа својот смртоносен напад врз земјата. Полето Тамар, кое се наоѓа на 15 милји од јужниот брег на Израел, задоволува 70 отсто од енергетските потреби на […]

Енергетски дијалог на високо ниво ЕУ-Кина


Еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон од денеска до петок ќе престојува во Пекинг, каде ќе претседава со 11-тиот Енергетски дијалог на високо ниво ЕУ-Кина заедно со директорот на кинеската Национална енергетска администрација, Џанг Џианхуа. Како што соопшти Европската комисија, на дијалогот ќе бидат разменети мислења за глобалната енергетска ситуација и безбедност и за напорите на […]

ММФ ги подобри проекциите за растот на македонската економија на 2,5 отсто за годинава


Проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд за растот на македонската економија е блиска до проекцијата при подготовката на Нацрт-буџетот за 2023 година, оцени попладнево Министерството за финансии.  Во соопштение наведува дека ММФ ги подобрува значајно изгледите за домашната економија за годинава. – Меѓународниот монетарен фонд ги подобри очекувањата за растот на македонската економија со есенските проекции. […]

Овој сектор се гаси: Ќе изгуби до милион работници?


Транзицијата кон почисти извори на енергија ќе згасне речиси милион работни места во рударскиот сектор до средината на векот, според Global Energy Monitor. Повеќето рудници кои најверојатно ќе бидат затворени „немаат подготвен план за продолжување на работата, односно за управување со транзицијата кон економија без јаглен“, предупреди американската тинк-тенк Global Energy Monitor (GEM). Владите мора […]

Нова програма на ТИРЗ за поддршка на средношколци


 Осум ученици од средното стручно училиште „Васил Антевски-Дрен“ ќе имаат можност да стекнат практични вештини и искуства во различни сектори на ТИРЗ. Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и директорката на училиштето, Тања Јовановска, денеска потпишаа Меморандум за соработка.  -Младите таленти се нашиот најголем капитал и инвестицијата во нивното образование и развој на вештини претставува инвестиција […]

Корегирана листата на прехранбени производи со повластена стапка


Основните прехранбени производи како урдата, кашкавалот, лутеницата, цвеклото, фефероните, вафлите, наполитанките и црвениот пипер остануваат со повластена стапка од пет проценти, соопшти попладнево Министерството за финансии.  Со повластена стапка од пет проценти остануваат и замрзнатото тесто, бебешките каши, адаптираното млеко за доенчиња, додатоците за исхрана за опаднат имунитет и хербалните чаеви.  Од Министерството за финансии […]

ЕОС Матрикс: Повеќе од двојно зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор


Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. Зголемувањето на овој тип инвестиции делумно се должи на промените кои настанаа на финансиските пазари по пандемијата, на енергетската […]

Од 2017 година досега реализирани 4.578 постапки за медијација


Од 2017 година заклучно со 30 септември 2023-та се реализирани 4.578 постапки за медијација. Од нив, 43 отсто или 1.981 се трговски спорови од кои, пак, околу 10 отсто завршиле успешно, со спогодба. Вкупно 45 проценти, пак, или 2.041 од 4.578-те постапки се работни спорови во кои најмногу влегла државата како работодавец, а од нив […]

Фискалниот совет станува оперативен, за претседател избран Глигор Бишев


Фискалниот совет, односно независното тело кое ќе ги надгледува макроекономските и фискалните политики во земјава, станува оперативно. Воспоставувањето на Фискалниот совет е со цел зајакнување на системот, а е дел од поширока реформа за здрави и одржливи буџетски и макроекономски политики, посочи денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими, кој се сретна со членовите на Советот, […]

За 13,9 отсто повеќе трансакции со кредитни картички од лани, во подем и електронското плаќање


Податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2023 година покажуваат дека има тренд на раст во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од граѓаните, како на платежните картички, така и на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни налози, информират од Народна банка. -Годишниот […]

АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари


 Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ќе дава континуирана поддршка со обуки за финансиска едукација на младите математичари – средношколци и во рамки на своите надлежности и можности, активно ќе ги поддржува средношколците математичари на национални и меѓународни натпревари и олимпијади. За таа намена АСО и Сојузот на математичари на Македонија (СММ) склучија Меморандум за […]

Бесими и Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ


Делегација предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими  и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Маракеш, Кралството Мароко. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката […]

Скопје најевтината престолнина за „дигитални преселници“ во Европа


 Скопје е најевтиниот европски главен град за „дигиталните преселници“, според „Нортон Фајнанс“. Македонската престолнина е опишана како туристичка дестинација што вреди да се посети пред сѐ поради неговите археолошки локалитети и уличната храна. Пандемијата имаше трајно влијание врз начинот на којшто луѓето работат и патуваат, што е најочигледно во тоа колку работа се врши на […]

„Реплек АД“ со раст од 44% на приходите од продажба во сегментот фармација


Со зајакнување на позициите на пазарите, консолидација на портфолиото и промоција на потенцијалите, „Реплек АД“ продолжи со успешните резултати. Од почетокот на годината, заклучно со септември „Реплек АД“ оствари раст на приходите од продажба од фармација од 44%, во споредба со истиот период минатата година. Позитивните деловни резултати што ги бележи компанијата во овој период […]