Волстрит порасна трет ден по ред: Акциите забележаа раст и на европските берзи


Индексот се зголеми трет ден по ред благодарение на зголемениот број претставници на ФЕД кои велат дека каматните стапки можеби нема да треба дополнително да се зголемуваат.

Како резултат на тоа, приносите на 10-годишните државни обврзници на САД вчера значително паднаа од највисоките нивоа во последните 16 години, што позитивно се одрази на берзата.

Сите со едно око го гледаат конфликтот на Блискиот Исток

Ниту, пак, воениот конфликт на Блискиот Исток, по нападот на палестинската милитантна група Хамас врз Израел, сериозно не ги вознемири инвеститорите.

– Сите со едното око го следат конфликтот на Блискиот Исток, а со другото што се случува со приносите на обврзниците. Падот на приносите беше главниот двигател на пазарот овој пат, вели Џон Правен, директор во Палео Леон.

Инвеститорите ќе се фокусираат на извештаите за потрошувачките и производствените цени во наредните денови, што ќе покаже како се движи инфлацијата во САД во септември.

Во петок започнува сезоната на објавување на кварталните деловни резултати на американските компании.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 1,82 отсто, на 7.628 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 1,95 отсто, на 15.423 поени, а париски CAC 2,01 отсто, на 7.162 поени.