МБА предупредува за сомнителни СМС пораки за корисниците на платежни картички


Македонската банкарска асоцијација се приклучи на апелите за внимание околу актуелната кампања за smishing (SMS phishing) за корисниците на платежни картички. „Согласно искуството кое клиентите го пријавуваат, до нив стигнува СМС порака на македонски јазик од SMSinfo во врска со „погрешна адреса“ на пратка заедно со линк кој води до лажна веб страница наменета за […]

„Мако маркет“ со 10 милиони денари државна поддршка ги проширува капацитетите


„Мако маркет“ е пример за компанија која ја поддржуваме во нејзиниот развој, проширување и унапредување на производството, а со тоа и нејзините вработени, кои имаат стабилни и достојно платени работни места, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи на посета на компанијата „Мако маркет“ ДОО Скопје која ја оствари заедно со  премиерот Димитар Ковачевски и в.д. директорот на […]

Автомобилската индустрија во регионот: Каква е состојбата во Србија, Македонија и БиХ


На почетокот на месец октомври се одржа Годишната конференција на автомобилскиот кластер на Србија во близина на Белград на Сребрено Езеро. Со ретроспективен осврт на состојбата на автомобилската индустрија во земјите од регионот, претставниците кои беа дел од оваа конференција говореа за најголемите предизвици, актуелните трендови и иновации во оваа значајна индустрија. Владимир Томиќ, претставник […]

Сакаме да испишеме историја, порача шефот на бизнис делегацијата од Јужна Кореја по средбата со Битиќи


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска е домаќин на бизнис делегација од Република Кореја предводена од Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја. Се усогласува текст на меморандум со кој ќе се постават темелите на идната економска соработка. -Овде сме со делегација на […]

Битиќи: Со опозицијата имаме различно интерпретирање на инфлацијата, тие зборуваат за просечна, ние за месечна


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека власта и опозицијата различно ја интерпретираат моменталната инфлација во земјава и дека секој ги толкува бројките како што сака. Тие, како што вели, зборуваат за просечна, а власта за месечна инфлација. -Различно ги интерпретираме. Ние велиме до крај на годината ќе имаме инфлација од 5 отсто, ама […]

Законот за нефер трговски практики ќе придонесе за намалување на цените на производите, смета премиерот


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека со носењето на Законот за нефер трговски практики ќе бидат исклучени можностите да се користат неетички практики со цел да се остварат поголеми стапки на добивка и дека ќе придонесе за намалување на цените на производите. -Законот за забрана на нефер трговски практики го регулира синџирот од производство до продажба […]

Битиќи: Законот за солидарен данок е во сила се додека Уставниот суд не донесе каква било одлука


Се додека Уставниот суд не донесе одлука Законот за солидарен данок е во сила и компаниите кои се опфатени со него треба да го платат, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и додаде дека Владата ќе ја почитува одлуката на Судот каква и да биде. -Се додека Уставниот суд не одлучи како што […]

Раст на августовското индустриско производство во ЕУ на месечно ниво


Сезонски прилагоденото индустриско производство во август годинава, бележи раст од 0,6 отсто на месечно ниво и во Еврозоната и во цела ЕУ, откако претходниот месец имаше пад од 1,3 проценти споредено со јуни 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Како што јави дописникот на МИА, сепак, споредно со август 2022 година, стапката […]

Во седиштето на Блумберг во Њујорк, наместо украинските, сега светат боите на Израел


Њујорк- На врвот на зградата на Блумберг на Менхетен повеќе не е прикажана солидарноста со Украина, туку таа се префрли на поддршка за Израел, забележаа њујорчаните во четвртокот. Фотографиите и видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека горните шест ката од зградата на авенијата Лексингтон бр. 731 се осветлени со светло сини и бели […]

Во август за 42,4 отсто повеќе странски туристи од лани


Во земјава во август годинава се евидентирани вкупно 216.872 туристи, од кои 114.811 (52,9%) биле домашни, а 102.061 (47,1%) странски туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, тие оствариле 877.138 ноќевања, од кои 75,2 отсто ги оствариле домашните, а 24,8 отсто странските туристи. Во првите осум месеци од годинава за 22 отсто е зголемен […]

Уште два дена трае повикот за државна помош за млади земјоделци


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги потсетува младите земјоделци дека до 15 октомври е активен јавниот повик за мерката 112 од програмата за Рурален развој за 2023 година, за поддршка на млад земјоделец, распишан од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР. – Мерка 112 – се […]

Волстрит падна, инфлацијата во САД над очекувањата


  На Волстрит цените на акциите денеска паднаа, по четири дена раст, бидејќи инвеститорите беа загрижени од извештајот кој покажува дека американската инфлација во септември е над очекувањата. Dow Jones загуби 0,51 отсто, на 33.631 поен, додека S&P 500 се лизна за 0,62 отсто, на 4.349 поени, а индексот Nasdaq 0,63 отсто, на 13.574 поени. […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Ли: ММФ со поддршка за претпазливи политики во услови на неизвесност


Инфлацијата забавува и се очекува нејзино стивнување, без притоа светската економија да западне во рецесија. Сепак, на светско ниво, стапките на инфлација сѐ уште се високи, а ризиците поврзани со геополитичката фрагментација и климатските услови и натаму се едни од клучните ризици со коишто треба да се справуваат носителите на политиките. Во вакви околности, стабилизирањето […]

Трговската размена меѓу Кина и САД падна за 14 отсто


 Според податоците на Генералната царинска управа на Кина, трговската размена меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, согласно резултатите за трите квартали од 2023 година, е намалена за 14 отсто на годишно ниво и достигна 495,9 милијарди долари. Според податоците на кинеската царина, извозот на стоки од Кина во САД за првите девет месеци од оваа […]

Бесими: Партнерството со Светска банка продолжува со нова петгодишна програма


Економските перформанси на Република Северна Македонија се позитивни. Економијата се покажаа поотпорна од очекуваното во првата половина од оваа година, инфлацијата е на едноцифрено ниво, буџетските политики се реализираат согласно планираното, продолжува постепената фискална консолидација, а учеството на капиталните расходи од 5 отсто од БДП на годишно ниво ќе имаат значајна улога во генерирање економски […]

Домашни резиденти и фондови вложиле 778,8 милиони евра во странски хартии од вредност


Во првите шест месеци од годинава износост на портфолио-инвестиции* (вложувања на резиденти во странски хартии од вредност) изнесува 778,8 милиони евра, од кои 690,2 милиона евра се вложувања во сопственички, додека 88,6 милиони евра во должнички хартии од вредност, соопшти Народната банка. Анализирано по земји, најголеми портфолио-инвестиции има во Соединетите Американски Држави во износ од […]

Девизните резерви на крајот на септември 3,9 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на септември годинава изнесувале 3,9 милијарди евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,7 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (26,2 отсто) и монетарното злато (10 отсто).

Битиќи домаќин на бизнис делегација од Република Кореја со претставници на „Самсунг“, „Хјундаи“…


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска ќе има средба со бизнис делегација од Република Кореја предводена од Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја. Како што соопшти владината прес-служба, бизнис делегацијата од Кореја ја сочинуваат претставници на светски реномираните компании Hyundai, Samsung, LG, […]

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност


Стопанската комора на Северна Македонија вчера ја поднела Иницијативата што ја најави за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност пред Уставниот суд на РС Македонија, со предлог за донесување решение за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија донесени врз основа на оспорениот Закон, до донесување на конечната […]

Бројот на комерцијални летови во ЕУ во септември и натаму под предпандемиското ниво


Брисел – Во текот на септември годинава во ЕУ биле реализирани 605.806 комерцијални летови, што претставува раст за 7,9 отсто во споредба истиот месец лани, но оваа бројка сепак е пониска за 8,9 проценти во однос на септември 2019 година, соопшти Европската статистичка служба (Евростат).  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, податоците на Евростат […]