Биљана Митева на чело на Македонско-бугарската стопанска комора на местото на Кирил Лазаров


По завршувањето на два успешни мандати, исполети со многу проекти, средби, бизнис форуми, и голем број средби на стопанственици од Македонија Бугарија, заминува досегашниот претседател Кирил Лазаров и на негово место е избрана м-р Биљана Митева. Исто така е избран и нов Управен одбор, соопштија од Македонско-бугарската стопанска комора (МБСК). Кирил Лазаров во своето обраќање […]

ССМ: Состојбата во „Еуроникел“ е алармантна, без работа може да останат 800 работници


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) денеска изразија загриженост за состојбата во „Еуроникел“ Кавадарци. – Иднината на оваа компанија е неизвесна дотолку повеќе ако се знае дека во текот на вчерашниот ден генералниот директор на компанијата издал наредба за гаснење на печките. Ваквиот потег значи дека компанијата […]

„Макстил“ со инвестиција од 9 милиони евра ќе ја зголеми енергетската ефикасност и безбедноста на производниот процес


  „Макстил“ со инвестиција вредна 9 милиони евра ќе внесе значајни промени за унапредување на производниот процес. Потпишан е договор за набавка и испорака на нова кружна странична ножица за сечење лим. Набавката на новата машина е во вредност од 6,3 милиони евра, додека целата инвестиција се очекува да достигне вредност од 9 милиона евра, […]

Владата сака „издржано решение“ за платите на функционерите кое нема да падне на Уставен суд


  Вчера на седницата на Владата била отворена дискусија за платите на избраните и именуваните функционери, но не било донесена никаква одлука. Министрите кои ја сочинуваат работната група која треба да изготви предлог – решение добила задача до идната недела да достави работен материјал, за кој ќе треба да се произнесе Владата. Ова денеска го […]

Како парите од ИПАРД помагаат македонски сокови да се продаваат на Малдиви, во САД, Карибите, ОАЕ, Сингапур…


Многу труд, макотрпно, со знаење и посветеност во текот на 30 години. Ова, како што велат од „Вивакс“ е формулата која ѝ овозможи на компанијата да изгради автентичен македонски бренд и да ги пласира производите на четири континенти, меѓу другото и на Малдивите, во САД, Карипските острови, Обединетите Арапски Емирати, Сингапур… „Динамичниот развој, инвестициите во […]

Компаниите може да ја користат медијацијата и во споровите со државата и општините


Бизнис заедницата да ја користи медијацијата не само во меѓусебните спорови, туку и во споровите со државата и општините, порачаа учесниците на денешната Регионална конференција за медијација што се одржува во Стопанската комора. Како што беше речено, во развиените држави медијацијата е редовна постапка, а кај нас се уште се спомнува како алтернатива на судската. […]

Народна банка подготви брошура за безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги


Народната банка подготви брошура за безбедност при користењето дигитални финансиски производи и услуги. Во брошурата на систематизиран начин се објаснети повеќе препораки за безбедно користење на дигиталните финансиски производи и услуги. Граѓаните можат да се информираат повеќе за дигиталните финансиски канали и услуги што им стојат на располагање (плаќање со платежна картичка преку интернет, електронско […]

Нов повик на АЕТМ за зајакнување на дигиталните вештини и отворање е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (AETM) во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: агро производство (производи од свежи или процесирани овошја и зеленчук), лесно производство (облека […]

Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со каматна стапка од 5 отсто


Министерството за финансии по успешно реализираните први емисии на граѓанската и зелената обврзница, денеска го објави Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари. Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена атрактивна каматна стапка од 5 отсто. Минималниот износ кој […]

Изјави Ковачевски, Гир, Маричиќ (видео)


Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ по посетата на компанијата „Вивакс“. 

Членките на ЕУ постигнаа договор: Цената на електричната енергија ќе биде помалку зависна од цените на фосилните горива


Министрите на земјите членки на ЕУ задолжени за енергетскиот сектор постигнаа договор околу предложените измени на Правилата за регулирање на пазарот на електрична енергија на Унијата, врз основа на кој претседавачот со Европскиот совет ќе ги започне преговорите со Европарламентот за конечната верзија на текстот на измените, соопшти синоќа шпанската вицепремиерка и министерка за еколошка […]

Годинава зголемен број патници на двата аеродроми во земјава, од јануари до септември реализирани 17.683 слетувања и полетувања


Бројот патници на двата меѓународни аеродроми во земјава за периодот јануари-септември оваа година достигна 2,65 милиони, што е за 30,2 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти денеска „Aeroports de Paris“ (АДП). Само минатиот месец бројот патници на ародромите во Скопје и Охрид достигна 308.555, што е за 17,9 проценти повеќе […]

Голдман Сакс ги надмина очекувањата благодарение на тргувањето со обврзници


Голдман Сакс во вторникот објави добивка и приход во третиот квартал што ги надмина проценките на аналитичарите за очекуваните приходи од тргување. Еве што објави компанијата: Заработка: 5,47 долари по акција, над проценките од 5,31 долари по акција за LSEG, порано Refinitiv Приход: 11,82 милијарди долари наспроти очекуваните 11,19 милијарди долари Банката соопшти дека добивката […]

Почна постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, донесе Одлука за започнување на постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија.   […]

Зголемен бројот на патници на двата аеродроми во земјава


  Бројот патници на двата меѓународни аеродроми во земјава за периодот јануари-септември оваа година достигна 2,65 милиони, што е за 30,2 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти денеска „Aeroports de Paris“ (АДП). Само минатиот месец бројот патници на ародромите во Скопје и Охрид достигна 308.555, што е за 17,9 проценти […]

Мукаетов: Мисијата на „Алкалоид“ е комплементарна со таа на Црвен крст


  Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, беше говорник на панел-дискусијата насловена „Градење на здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици“, во рамките на настанот насловен „Трансформација 28“, во организација на Црвен крст на РСМ. На темата за досегашната соработка […]

Царинската управа ќе добие 4,8 милиони долари грант од Република Кореја за систем за управување со ризици и податочен склад


  Царинската управа добива грант од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад од Владата на Република Кореја. Директорот на Царинската управа Стефан Богоев и Ки-донг Ким директор при Царинската служба на Република Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка за доделување на грантот. „Воспоставувањето на овој […]

Измени во данокот на моторни возила, поголеми давачки за луксузните автомобили


  Владата на седница денеска усвои измени на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила поради потребата од примена на нова методологија за пресметување на износот на издувните гасови од моторните возила, што е во насока на заштита на животната средина, […]

Странските компании бараат унапредување на деловната клима и олеснување на финансиското работење


Претставници на повеќе од 30 странски компании, кои се членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија, одржаа работен состанок во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани на кој се разговараше за креирање економски политики за унапредување на конкурентноста на домашната економија и создавање на цврсти основи на нејзиниот одржлив раст […]

Илон Маск и натаму прв на листата на милијардери на Блумберг, Безос го претекна Арно за второто место


Основачот и главен извршен директор на компанијата LVMH, Бернард Арно, го загуби второто место на листата на милијардери на Блумберг, откако беше претекнат од претседателот на Амазон Џеф Безос. Прв на листата и натаму е американскиот милијардер Илон Маск. Во моментов Безос е на второто место со 156 милијарди долари, додека Бернард Арно е трет […]