Германија во техничка рецесија


Расположението во германската економија изненадувачки се влоши во декември, покажуваат наодите на економскиот институт Ifo. Истовремено, Бундесбанката објави дека слабата фаза на економијата продолжила и во четвртиот квартал.
Индексот на деловната клима на Институтот во Минхен падна за 0,8 на 86,4 поени во однос на ноември, објавија во понеделникот економистите.

Аналитичарите се надеваа на зголемување на најважниот, водечки показател за германската економија. Се очекуваше просек од 87,7 поени.

Околу 9.000 компании кои учествуваа во анкетата на Ifo ја оценија неповолно и моменталната состојба и очекувањата за идниот бизнис.

„Економијата останува слаба дури и за време на Божиќ“, рече претседателот на ИФО, Клеменс Фист (Фуест).

Бизнис климата се влоши во индустријата, трговијата и градежништвото. Во услужниот сектор расположението само се подобри, но малку.

Централната банка наведува дека слабата фаза на германската економија се уште не е завршена.

„Реалниот бруто домашен производ повторно благо падна во Германија во четвртиот квартал од 2023 година“, објави Бундесбанк во својот месечен извештај во понеделникот.

Ова е втор квартал по ред како БДП паѓа, што значи дека најголемата европска економија е во „техничка рецесија“, пренесе СЕЕбиз.