Промоција на „Девет насоки од Тим 40”


Стопанската комора на Северна Македонија следејќи го концептот на примена на нови алатки за успешни бизниси, денеска ќе промовира „Девет насоки од Тим 40”. Преку Асоцијацијата на млади претприемачи-ТИМ 40 при Комората, ќе бидат презентирани и образложени девет општи идеи за подобрување на моменталната состојба за компаниите и даночните обврзници и за подобрување на живеењето […]

Лос Анџелес Тајмс отпушта повеќе од 20 проценти од редакцијата


Лос Анџелес Тајмс денеска објави дека отпушта најмалку 115 луѓе, или повеќе од 20 проценти од редакцијата, што претставува едно од најголемите намалувања на работната сила во историјата на 142 години старата институција. Како што пренесе ДПА, овој потег доаѓа во време на проекции за уште една година тешки загуби за весникот. Намалувањата се неопходни […]

Француски енергетски гигант купи германска компанија за дизајн на батериски системи


  Францускиот производител на енергија Тотал енерџи (TotalEnergies) денеска објави дека постигнал договор за преземање на германската Kyon Energy, специјализирана за дизајн на батериски системи. Француската компанија на тројцата основачи на Kyon Energy ќе им плати 90 милиони евра, а ќе исплати и дел од идната добивка во зависност од остварувањето на развојните цели. Kyon […]

Европската инвестициска банка инвестира 49 милијарди евра во еколошки проекти


Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година инвестираше повеќе пари во проекти за климата и животната средина од кога било досега, изјави денеска во Брисел претседателката на ЕИБ, Надија Калвињо. Во 2023 година, вкупно 49 милијарди евра се слеаа во проекти кои преземаат акција за климатските промени и одржливоста на животната средина. Во претходната […]

Ковачевски на пуштањето во употреба на патот Крива Паланка- Деве Баир: Нашето ветување го остваривме, но Бугарија не ја заврши својата работа


  Патната делница Крива Паланка – Деве Баир, денеска свечено беше пуштена во употреба, откако во изминатиот период беше извршена реконструкција и рехабилитација со што привршува модернизацијата на патните правци во североисточниот дел од државата. „Овој пат беше предмет на разговор што го имав првиот ден како претседател на Владата со министерот Бочварски, со премиерот […]

„Гласен текстилец“ реагира за предлог-законот со кој привремено вработените би добивале плата во плик


„Гласен текстилец“ со огромно разочарување ја доби веста дека Владата на Република Северна Македонија  подготвува предлог-закон за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка. Со овој предлог предвидено е добивање и на плата во плик,  изјави денеска Кристина Ампева од „Гласен текстилец“. -Како социјалдемократска […]

Овие три компании се „златните кокошки“ на Бафет


Американскиот милијардер Ворен Бафет годинава ќе оствари приход од две милијарди долари само по основ на дивиденди од акции во три компании. Станува збор за акциите на Кока-Кола, Американ Експрес и Епл. Од котираните компании, конгломератот на Бафет, Беркшир Хатавеј, е акционер со најдолг стаж во Кока-Кола, кој треба да и обезбеди приход од 736 […]

Во тек изградба на нов интерконектор со Албанија, се предвидува и ново поврзување со Грција


Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека е можно земјава да биде прва во регионот по инвестиции во батериски системи за складирање електрична енергија. Ваквите инвестиции, како што рече денеска на панелот во рамки на конференцијата „Година на европски можности“, е предвидено со законот за обновливи извори на енергија кој веќе е на ЕНЕР. Бектеши […]

Андонов: ЕСМ се соочува со сериозни предизвици, неопходни се инвестиции, сега е и моментот за изградба на гасни електрани


ЕСМ се соочува со сериозни предизвици. Ако продолжиме со истото темпо на неградење и неивестирање, компанијата ќе го загуби своето место, предупреди денеска Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции во ЕСМ.  Андонов на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“ што се одржува во рамки на конференција […]

До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ , нема зголемување на цената во првиот и вториот блок


До 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. На новинарско прашање дали Владата размислува за ревидирање на висината на субвенцијата на цената на струјата со оглед дека сега има два часа евтина […]

Просечната плата во ноември лани 38.359 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2023 година, изнесува 38.359 денари и во однос на ноември 2022 година, е зголемена за 16,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување […]

Шукова: Можеме да генерираме 10.000 зелени работни места


Климатските промени можеме да ги решаваме само преку координирани политики и тоа е нешто што се препознава од оваа Влада. Соработуваме со ресорите и сите заедно детерминираме цели, пред сѐ, во насока на намалување на загадувањето и во насока на подобар економски развој, истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на панелот […]

ТИРЗ го презентираше јавниот повик за поддршка на македонски компании во Битола


Со инфо сесијата во Битола, ТИРЗ започна со серијата презентации низ земјава на јавниот повик за Развој на добавувачи наменет за поддршка на македонски компании. На настанот во Битола присуствуваа претставници од над 30 компании од пелагонискиот регион, како и претставници на регионалните Стопански комори и Универзитетите. Во следните две недели вакви инфо сесии ќе […]

Нашето економско чудо не е можно без ЕУ


Поставени се структурно и системски решенија за нашата земја да чекори кон ЕУ. Важно е граѓаните да знаат што значи да се за ЕУ и што значи да се двоумат за таа опција, бидејќи, членството во ЕУ е клучно за раст на земјата како мала и отворена економија. Нашето економско чудо е можно само кога […]

Годинава ќе бидеме независни во снабдувањето со енергија од источните земји


Оваа година е многу важна за нас зашто, од осамостојувањето на државата до денес, прв пат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Во дискусијата на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна […]

ММФ: Македонската економија се опоравува – мора да се намали емиграцијата


Македонската економија бележи опоравување по зголемувањето на цените на храната и енергенсите предизвикани од руската војна во Украина. Економската активност во 2023 година беше придвижувана од значителниот извоз како и од намалениот увоз на енергија и таа се движи во насока на зајакнување во 2024 година, оценуваат од Меѓународниот монетарен фонд во соопштение откако Извршниот […]

Австралија ја укина „златната виза“ за богатите инвеститори од странство


Австралија ја укина „златната виза“ која им овозможуваше на богатите инвеститори од странство да живеат во земјата, а главната причина е што таа била злоупотребена од корумпирани функционери. Оваа програма беше осмислена за да привлече странски инвестиции, а е отфрлена откако австралиската влада, по повеќекратни контроли, утврди дека не постигнува задоволителни економски резултати, јави Би-Би-Си. […]

До 29 февруари продолжени замрзнатите цени


Владата одлучи ограничувањето на цените на основните прехрамбени производи да го продолжи до крајот на февруари. Според последната одлука, тоа требаше да заврши на крајот на овој месец.  Повеќе мерки донесе Владата синоќа на 222-та владина седница: Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари; Утврдени […]

Од март се отвора пазарот за трудот во земјите од Отворен Балкан


Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат слободен пристап до пазарот на трудот во овие три земји, за што денес се потпишаа Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан. Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, со колегите од Србија и Албанија, го потпишаа Протоколот за […]

Американскиот регулатор бара проверка на резервните врати на старите модели на „Боинг“


Американски регулатор побара од авиокомпаниите темелно да ги проверат резервните врати на постарите верзии на авионите „Боинг 737“ откако авион „Боинг 737 MAX 9“ беше принуден да слета и беше повлечен од сервис поради проблеми со резервните врати. Федералната управа за авијација (FAA) препорача синоќа превозниците да ги проверат резервните врати за итна евакуација на […]