Битиќи: Иновативноста и креативноста се клучни за развој со додадена вредност


Вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска го посети „Лабараториум“, компанија од делот на креативната индустрија која во центарот на градот има простор наменет за развој на култура на иновации и креативност. Како што информира владината прес-служба, при обиколката на просториите на „Лабараториум“ вицепремиерот Битиќи од страна на сопствениците […]

Ковачевски го впери прстот во ЕУ за таксата за гас од Бугарија


Премиерот Димитар Ковачевски заедно со српската премиерка Ана  Брнабиќ одржаа прес конференција каде се спомена и таксата што ЕУ ја воведе за транспорт на гасот низ Бугарија за која Ковачевски вели дека е нелегална. „Јас ќе го повторам тоа што го кажав и тоа што го кажа  министерот за надворешни работи. Се  работи прво за […]

Бугарските пратеници го ревидираа Законот за данок на рускиот гас


На барање на владеечката коалиција ПП-ДБ, бугарскиот Парламент итно ги разгледа и одобри измените на законот за санкции против Русија, со кој неодамна беше воведен данок на рускиот природен гас што минува низ бугарска територија. Излегува дека начинот на кој е напишан овој текст во законот создава ризици за финансиската стабилност на бугарскиот оператор за […]

Македонија ќе добие 4 милијарди евра за да не се труе со јаглен


  Меѓународните кредитори, вклучително и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Светската банка, ќе го поддржат планот од 4 милијарди евра за оослободување на Македонија од јагленот, изјави шефот на ЕБОР за Ројтерс. Договорот, кој се очекува да биде објавен на климатските разговори COP28 во Дубаи кои започнуваат на 30 ноември, ќе постави […]

Штрајк на вработени во Старбакс ширум САД


Њујорк –  Работници во стотици кафетерии на Старбакс ја напуштија работата барајќи ангажирање на повеќе работници и подобар распоред, објави синдикатот Обединети работници. Штрајкот беше организиран на голем промотивен ден (Ден на Црвената чаша), кога Старбакс им доделува бесплатни црвени чаши со празнични украси на клиентите. Тој настан вообичаено привлекува голем број граѓани, па така […]

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор


Македонското вино е нешто со што се гордееме. Најдобриот промотор, најгласниот и најдиректниот маркетинг на нашата земја. Јасно и силно го рефлектира успехот на нашата стратегија, а тоа е пресликано и денес на Винскиот саем, напиша министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил. Николовски е дел од македонската владина делегација […]

Ковачевски од Белград: Винските патишта на нашите држави стануваат светска дестинација


Македонските, српските, албанските и црногорските винарии се рамо до рамо со врвните светски вински производители. Тоа е мегдан за наша промоција, за вмрежување и за отворање нови пазари. Преку оваа иницијатива ја покажавме и функционалната соработка помеѓу нашите стопански комори, ја покажавме соработката помеѓу нашите држави, ја покажавме соработката помеѓу нашите граѓани и компании и […]

Во Буџетот 2024 планирани се повисоки плати и пензии, со исклучок на функционерските плати


Во Предлог-буџетот за 2024 година се проектирани средства за исплата на повисоките плати за вработените во јавната администрација, за исплата на повисоки пензии согласно утврденото системско решение, но нема да има повисоки плати за функционерите. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју во Централниот дневник на МРТ.  „За она што е предвидено […]

Лукаревска од Њујорк: САД ни помагаат во унапредувањето на процесите во УЈП


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во интервју за Гласот на Америка вели дека се донесени повеќе стратегии и е формиран Национален совет за борба против неформалната економија кои ќе допринесат во борбата против сивата економија. Лукаревска смета дека буџетот за 2024 година е развоен и креиран согласно потребите на граѓаните и на […]

Од јануари минималната саатница во Германија ќе биде е 12,41 евра – повеќето се незадоволни


Во средата германската влада ја официјализираше одлуката за зголемување на законски гарантираната минимална плата за 82 центи, на 12,82 евра на час. Првиот дел од зголемувањето, на 12,41 евра, стапува на сила во јануари, а вториот на почетокот на 2025 година. Министерот за труд Хубертус Хајл очекувано го потпиша указот за минимална плата според јунскиот […]

Платите може да ја разгорат инфлацијата, коридорите 8 и 10д се ризик за јавните финансии: Што напиша ММФ во извештајот за Македонија


  Мисијата на ММФ предупредува дека растот на платите може повторно да ја разгори инфлацијата, како и дека можното зголемување на трошоците за изградба на коридорите 8 и 10 д претставуваат опасност за јавните финансии. Мисијата на ММФ за Македонија, предводена од Жак Миниан, по завршување на двонеделниот престој во земјава, соопшти дека ќе препорача […]

Саем „Винска визија Отворен Балкан“ во Белград


Над 600 изложувачи од повеќе од 28 земји меѓу кои и 74 македонски ќе се претстават на меѓународниот Саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“ и кулинарскиот спектакл „Фуд Вижн“ што од денеска до недела се одржуваат на Белградскиот саем. Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се […]

Јовановиќ : Буџетот е нереален и не одговара на моменталната криза


Предлог-буџетот за 2024 година е нереален и не одговара на моменталната криза, оценува професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ вели дека макроекономските и приходните проекции се преоптимистички.  – Се проектира раст на БДП од 3,4 проценти, што е многу повисоко од сите меѓународни институции. Нашиот Институт, […]

ЕК очекува домашната побарувачка да го поттикне растот на БДП на земјава


По закрепнување од ковид пандемијата, економскиот раст на Северна Македонија забави како резултат на намалената надворешна побарувачка и на поумерената потрошувачка на домаќинствата, но се очекува негово умерено забрзување во следниот период, со дополнително ублажување на инфлацијата, раст на платите и дознаките од странство, предвидува Европската комисија во своите есенски економски прогнози. Според ЕК, како […]

„Меркатор“ купи уште еден синџир супермаркети


Компанијата „Меркатор“ денеска го потпиша договорот за откуп на 100 отсто од акциите во Енгротус. Со потпишувањето на овој договор започна постапката за добивање согласност од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција на Република Словенија (АВК), соопшти „Меркатор“. Како што се наведува, спојувањето на „Меркатор“, во сопственост на Фортенова Груп и Енгротус, ќе ја зајакне […]

Се прави увид на напукнатиот столб, потоа ќе се одлучи како ќе функционира железничкиот сообраќај, велат од МЖ-Инфраструктура


Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес. Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно […]

Вебинар во ТИРЗ: Претставени можностите за инвестирање пред повеќе од 50 јапонски компании


Повеќе од 50 јапонски компании учествуваа на бизнис вебинар организиран од ТИРЗ во соработка со Јапонската организација за надворешна трговија, ЏЕТРО (JETRO). Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ги претстави инвестициски можности во Северна Македонија, инвестициската клима, економските перспективи и можностите достапни за јапонските компании, информираат од ТИРЗ. На настанот беа споделени и успешни приказни на […]

Европската комисија ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година


Европската комисија ги намали прогнозите за растот во еврозоната за оваа и следната година на 0,6 отсто и 1,2 отсто, соодветно, укажувајќи на високата инфлација и заострувањето на монетарната политика кои имаа „посилно влијание од предвиденото“. Прогнозата за раст за оваа година е намалена на 0,6 отсто од 0,8 отсто за 20-те земји кои го […]

Намален прометот во индустријата во септември


Вкупниот прометот во индустријата во септември годинава во однос на истиот месец лани е помал за 3.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи […]