Основачот на најголемата крипто берза осуден на четири месеци затвор


Основачот на Binance, милијардерот Чангпенг Жао, беше осуден на четири месеци затвор во вторникот, откако се изјасни за виновен за олеснување на перење пари во неговата крипто берза. Казната изречена на Жао во федералниот суд во Сиетл беше значително помала од трите години што федералните обвинители ги бараа за него. Одбраната побара условна казна од […]

Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање


Чешката влада денеска ги одобри реформите на пензискиот систем, со кои се зголеми старосната граница за пензионирање и се намалува висината на пензиите за идните пензионери. Реформите се усвоени со цел да се заштедат милијарди долари буџетски средства, а старосната граница се поместува за седум месеци, односно од 65 години на 65 години и седум […]

Ден на ,,станушина” на 11 мај во Кавадарци


 Ден на ,,станушина” е насловена манифестацијата што ќе се реализира во Кавадарци на 11 мај, во организација на Здружението ,,Македонски семејни винарии“.  Од Здружението вечерва соопштија дека станува збор за единствената автохтона македонска сорта на грозје.  – Нашето македонско девојче, како што сите ние го нарекуваме, сакаме да го издигнеме на едно повисоко и достоинствено […]

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП


 Министерството за финансии денеска ги објави податоците за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 март 2024 година. Согласно објавените податоци, јавниот долг изнесува 8.769 милиони евра што претставува 58,6 отсто од БДП. – Во првиот квартал се издадени државни хартии од вредност во износ од 219,2 милиони евра, повлечени се средства во износ од […]

РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава


Само 2,75 проценти од потребите за електрична енергија е обезбедена од увоз изминатата година, покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2023 година што Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) го достави до Собранието на Република Северна Македонија, соопштија денеска од РКЕ. – По 32 години независна […]

Пад на прометот во трговијата на мало со автомобилски горива


Пад на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 5,2 проценти, а реално за 5,1 процент, регистрира Државниот завод за статистика во март годинава во однос на  март лани.  ДЗС денеска објави дека во трговијата на мало гледано по групи и класи зголемување на прометот е забележано во групите:  Трговија на […]

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот


Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, се трите клучни проблеми за чие решавање постои целосна, стопроцентна согласност меѓу бизнисот и ВМРО-ДПМНЕ, беше речено по денешната средба на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) со партискиот лидер Христијан Мицкоски и неговиот економски тим. СКСЗМ ги оцени како конструктивни разговорите со Мицкоски и […]

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија


На бензинската станица на „Макпетрол“ во Визбегово од денес е во употреба брз полнач за електрични возила. Овој уред е прв од десетте нови брзи полначи што во партнерство со ЕВН ќе бидат поставени на фреквентни локации ширум Македонија. – ЕВН ги направи најраните напори за развојот на електромобилноста во Македонија. Во последните седум години […]

Г7: Постепено укинување на производството на електрична енергија од јаглен до 2035 година


Министрите за енергија, животна средина и клима на земјите-членки на Г7 се согласија постепено да ја укинат употребата на јаглен за производство на електрична енергија до 2035 година. Одлуката на Г-7 доцна синоќа ја потврди и Министерството за економија и клима на Германија. Според портпаролот на Министерството, Германија одиграла клучна улога во одлуката да се […]

Индустриското производство во март намалено за 10, 4 проценти


Индустриското производство во март годинава во однос на март минатата година е намалено за 10,4 проценти, а за 3,1 процент во првиот квартал годинава споредено со истиот квартал од минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.  Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2024 година, во однос […]

Просечната камата на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти


Народната банка информира дека во март годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50 проценти и бележи месечно намалување од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,46 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесувала 1,80 проценти и забележала месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., соодветно. […]

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на „Реплек“ во првиот квартал од 2024 година


Со раст на оперативните приходи од 25%, на обемот на инвестиции и на добивката во првото тримесечје споредено со истиот период минатата година, „Реплек АД“ продолжи да го реализира бизнис планот за 2024 година и својата долгорочна развојна стратегија која се темели на зголемување на продажбата на странските и на домашниот пазар, на иновациите во […]

Преку дигитални и технолошки решенија до зголемување на продуктивноста кај компаниите


Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст заедно со компании, понудувачи на дигитални и технолошки решенија, ја претстави новата Платформа за зголемување на продуктивноста кај производствените компании. Преку оваа Платформа приватниот сектор ќе има можност да имплементира различни дигитални и технолошки решенија во своите производствени процеси за да ја зголеми ефикасноста во работењето. Целта на […]

Акциите на Тесла се вивнаа откако ја надмина клучната пречка во Кина


Акциите на Тесла силно пораснаа во понеделникот, со темпо за нивниот најдобар ден од март 2021 година, откако производителот на електрични автомобили помина голема пресвртница за воведувањето на својата напредна технологија за помош на возачот во Кина. Цената на акциите на компанијата скокна за повеќе од 15 отсто бидејќи инвеститорите реагираа на веста за посетата […]

Западните банки лани ѝ платија на Русија над 800 милиони евра за даноци, најмногу Рајфајзен


Најголемите западни банки кои продолжуваат да работат во Русија, и покрај сите ограничувања, минатата година платија повеќе од 800 милиони евра даноци на Кремљ, што е четири пати повеќе отколку во годините пред инвазијата на Украина. Рајфајзен (Raiffeisen Bank International), Уни кредит (UniCredit), ИНГ (ING), Комерцбанк (Commerzbank), Дојче  банк (Deutsche Bank), Интеса (Intesa Sanpaolo) и […]

Се гради најголемиот аеродром во светот


Властите во Дубаи најавија изградба на нов патнички терминал на аеродромот Ал Мактум, кој се очекува да стане „најголемиот аеродром во светот“, а вредноста на изградбата ќе биде 34,8 милијарди долари. „Ги одобривме плановите за нов патнички терминал на меѓународниот аеродром Ал Мактум и почетокот на имплементацијата на проектот вреден околу 34,85 милијарди долари“, лидерот […]

Со управител или заедница на сопственици 7.582 станбени згради


Заклучно со крајот на минатата година вкупниот број на станбени згради кои се управувани од управител или заедница на сопственици изнесува 7.582, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за домување.  Извештајот на РКД за втората половина од 2023 година покажува забележителен пораст на бројот на станбени згради управувани од лиценцирани управители и нивниот број изнесува 5.048 со […]

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување


Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување. На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден […]

Турција ќе го замени рускиот гас со американски ЛНГ


  Додека Владимир Путин не се откажува од надежите за организирање гасен центар во Турција, Анкара одлучи да се движи во спротивна насока – да ја намали зависноста од руските енергетски ресурси. За нивна замена, планирано е да се купат огромни количини од земја „непријателска“ кон Русија, со која Турција ги обновува односите откако тие […]

Националното биро за осигурување очекува пазарна, а не политичка одлука за полисите за автоодговорност


Од Националното биро за осигурување (НБО) во пресрет на денешната седница на Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која треба да одлучува за поскапувањето на полисата за задолжителното авто осигурување соопшти дека „одлуката треба да ги земе предвид интересите на крајните потрошувачи, но и реалната пазарна состојба, како и условите под кои работат осигурителните компании“. […]