Осигурувањето ќе плати 350 милиони долари поради уривањето на мостот во Балтимор


Осигурителната компанија „Чаб“ се подготвува да плати 350 милиони долари на американската сојузна држава Мериленд поради уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор во март, објави денеска „Волстрит Џурнал“. Весникот наведува дека исплата на отштетата се очекува да биде одобрена за неколку недели. Исплатата од 350 милиони долари би можела да биде првата од […]

Зголемен бројот на работници во индустријата


Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март минатата година е зголемен за 1,7 отсто, а за 1,9 отсто во првиот квартал споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во секторот Рударство и вадење на камен во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бројот […]

Изјави по средбата на Ковачевски со раководството на СКСЗМ (видео)


Проследете ги изјавите за медиумите по средбата на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски со претставници на раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија, предводени од претседателот на Комората, Менди Ќура.  

Ер Франс, КЛМ, Луфтханза и Брисел Ерлајнс се меѓу 20-те авиокомпании под истрага од ЕУ


Европските авиокомпании „Ер Франс“, „КЛМ“, „Луфтханза“ и „Брисел ерлајнс“ се меѓу 20-те авиокомпании што се под истрага од страна на Европската унија за потенцијално погрешни практики дека нивната активност е ориентирана кон заштита на животната средина. Ова го соопштија дел од компаниите, потврдувајќи ја информацијата на белгиската телевизија РТБФ. Авиокомпаниите мора да разјаснат до кој […]

Грчки „Митилинеос“ инвестира 2 милијарди евра во соларни централи во Хрватска, Италија, Бугарија и Романија


Грчкиот металуршки и енергетски гигант „Митилинеос“ и еден од најголемите производители и трговци на електрична енергија на Балканот, ППЦ Груп (PPC Group), со седиште во Атина, објавија договор според кој ќе инвестираат две милијарди евра во соларни централи во Хрватска, Италија, Бугарија и Романија. – Договорот опфаќа приближно 90 проекти во различни фази на развој, […]

Недостигот на маслиново масло го претвора во течно злато


Недостигот на маслиново масло, понекогаш наречено „течно злато“, ги поттикна цените на рекордно високо ниво, поттикна пораст на криминалот и ја втурна индустријата во криза. Зголемената цена на течните масти, главна суперхрана во медитеранската исхрана, ги запрепасти потрошувачите и ветераните во индустријата во последниве месеци. Кајл Холанд, аналитичар во групацијата за истражување на пазарот Минтек, […]

Овој аеродром не изгубил ниту еден багаж во последните 30 години


Јапонскиот меѓународен аеродром „Кансаи“ (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот. „Кансаи“ е рангиран како 18-ти најдобар аеродром во светот за оваа година, зад меѓународниот аеродром во Токио, Нарита која е на петтото место и Ханеда која е на четвртото место. При изборот на најдобриот аеродром, се земаат […]

ОЕЦД ја зголеми прогнозата за светскиот раст за 2024 година


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денеска ги зголеми прогнозите за светскиот економски раст во 2024 година, особено благодарение на динамиката на закрепнување во САД. Денеска ОЕЦД ја зголеми прогнозата за глобалниот раст во 2024 година на 3,1 отсто, додека според последната економска прогноза на организацијата од февруари таа изнесува 2,9 отсто. „Внимателниот оптимизам […]

Стапи во сила Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд


Индустријата и земјоделците од Европската Унија добиваат мноштвото нови извозни можности со стапувањето во сила на Трговскиот договор меѓу ЕУ и Нов Зеланд, кој се очекува да ги намали годишните извозни давачки на европските компании за околу 140 милиони евра, соопшти Европската комисија.  – Благодарение на овој договор, се очекува трговијата меѓу ЕУ и Нов […]

Извршниот директор на најголемата европска банка ненадејно поднесе оставка


Извршниот директор на ХСБЦ (HSBC), Ноел Квин, ќе се повлече од функцијата, објавија денеска британските медиуми, коментирајќи дека заминувањето за човекот кој надгледуваше серија на продажба на средства ширум светот, е изненадувачко. Банката фокусирана на Азија во вторникот соопшти дека започнала формален процес за пронаоѓање на неговиот наследник. Главниот финансиски директор Жорж Елхедри, назначен на […]

Народна банка со совети како да се препознаат фалсификуваните монети од 2 евра


Народна банка посочува на разликите меѓу оригиналните и фалсификуваните евра за да се намали ризикот на нашите граѓани, кои патуваат во странство и кои можат да дојдат во контакт со фалсификувани ковани евра. -Фалсификуваните евро монети можат лесно да се препознаат, доколку внимателно се провери дизајнот на предната и задната страна на монетата и нејзиниот раб: […]

Ова се најпосакуваните компании за работа во Америка: ЏП Морган на прво место


Социјалната мрежа Линкдин (LinkedIn) ги рангираше најдобрите компании за работа во 2024 година. Компаниите беа рангирани врз основа на осум критериуми: способност за напредување, развој на вештини, стабилност на компанијата, надворешни можности, афинитет на компанијата, родова разновидност, образование и присуство на вработени во земјата. За да се квалификуваат, компаниите мора да имаат 5.000 или повеќе […]

„Пари“: 83,5 милиони евра чинеле здравствените услуги во четири приватни болници


На просечна нето-плата од 39.276 денари, колку што е републичкиот просек за февруари, за кога се и последните податоци од Државниот завод за статистика, придонесот за здравствено осигурување е 4.423 денари. Но, и покрај тој месечен придонес што се плаќа, многу често граѓаните завршуваат на приватните клиники.   Често може да се слушне реченицата: „Бадијала […]

Гугл го отпушта целиот тим на Пајтон, менаџментот сака поевтина работна сила


Во бранот отпуштања што ги спроведе Гугл во последните недели, компанијата го затвори целиот американски тим задолжен за Пајтон (Python), пренесува HT. Одлуката е донесена како дел од стратегијата за намалување на трошоците, што всушност значи ангажирање работници надвор од Соединетите Американски Држави, по поевтини цени. Според извештајот, Гугл планира да формира нов тим во […]

Го помина ли германската економија најлошотот: БДП порасна 0,2 отсто во првиот квартал


Бруто домашниот производ на Германија порасна за 0,2 отсто во првиот квартал од 2024 година во споредба со претходниот, објави во вторникот Федералниот завод за статистика врз основа на прелиминарните податоци. Најголемата европска економија можеби го поминала најлошиот период, велат статистичарите. Германската влада виде повеќе знаци за промена на трендот во својата најнова прогноза. Сепак, […]

Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона


Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за 1 Мај и Велигден се исполнети повеќе од половина, што не ги исполни очекувањата на хотелиерите, но тие очекуваат подобра туристичка сезона во однос на претходните години. Првиот човек на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески забележа дека најголем дел од домашните гости, празниците ќе ги поминат надвор […]

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот


Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден. На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде на пензионерите 5.000 денари само првата година. За понатаму не знаат


  За да го исполни изборното ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине сегашната методологија пензиите да се усогласуваат со стапката на инфлација и порастот на просечната плата. Ова го изјави во понеделникот вечерта Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во дебатна емисија на ТВ24. Таа рече дека зголемувањето делумно […]

Првомајска порака на еврокомесарот Шмит: Силна економија е можна само со социјална заштита и работнички права


На 1 мај кога го славиме Меѓународниот ден на трудот, размислуваме за напредокот што ЕУ го постигна во текот на изминатата година во унапредувањето на правата и можностите на работниците во Европа, наведува еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит во пораката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. – Европската […]

Основачот на најголемата крипто берза осуден на четири месеци затвор


Основачот на Binance, милијардерот Чангпенг Жао, беше осуден на четири месеци затвор во вторникот, откако се изјасни за виновен за олеснување на перење пари во неговата крипто берза. Казната изречена на Жао во федералниот суд во Сиетл беше значително помала од трите години што федералните обвинители ги бараа за него. Одбраната побара условна казна од […]