Со управител или заедница на сопственици 7.582 станбени згради


Фото: Б. Грданоски

Заклучно со крајот на минатата година вкупниот број на станбени згради кои се управувани од управител или заедница на сопственици изнесува 7.582, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за домување. 

Извештајот на РКД за втората половина од 2023 година покажува забележителен пораст на бројот на станбени згради управувани од лиценцирани управители и нивниот број изнесува 5.048 со склучени договори за вршење управувачки услуги за 124.372 посебни делови односно станови и деловни простории. Тоа претставува зголемување споредено со првото полугодие лани, кога со лиценцирани управители беа управувани 4.910 згради со вкупно 117.425 посебни делови односно станови и деловни простории. 

Тоа значи значително зголемување на бројот на посебни делови односно станови и деловни простории кои се управувани од страна на лиценцирани управители. Постои тенденција на намалување на заедници на сопственици на посебни делови а зголемување на бројот на ангажирање на управители, констатира РКД во извештајот.