Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем важен фактор за побрза конвергенција кон ЕУ


 Банкарските системи во регионот успешно се справија со кризата, а нивната отпорност дополнително беше зајакната, обезбедувајќи им финансиска поддршка на економиите. Во однос на македонскиот банкарски систем, и покрај кризите адекватноста на капиталот беше зајакната, нефункционалните кредити се намалија на историски ниски нивоа, ликвидноста и натаму е солидна и стабилна, а кредитирањето е на солидно […]

Десет фирми за пет години добиле тендери од милијарда евра


Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми. Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра. Во листата на најголеми […]

Изречени 23 парични казни на продавници за храна


Сто деведесет и два вонредни надзора во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ). Притоа, за утврдени недостатоци се издадени вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.  Според АХВ, уништени се […]

Трамп го избра соработникот на Маск, Сакс за шеф на агенцијата за ВИ и криптовалути


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека Дејвид Сакс ќе стане „Цар за вештачка интелигенција и криптовалути на Белата куќа“. Трамп на неговата платформа Truth Social ги нарече вештачката интелигенција (ВИ) и криптовалутите „две области клучни за иднината на американската конкурентност“. Trump, who has long complained about he has called a „liberal bias“ from […]

„Ербас“ најави над 2.000 отпуштања


Раководството на „Ербас“ најави дури 2.043 отпуштања, но точниот број на изгубени работни места ќе се знае по преговорите со работниот совет. Како дел од реструктуирањето на болниот вселенски сектор, групацијата „Ербас“, позната по производството на авиони, одлучи да отпушти нешто повеќе од 2.000 вработени. Ќе бидат отпуштени 689 работници во Германија и вкупно 1.354 […]

Биткоинот е конкуренција на златото, а не на доларот, вели првиот човек на ФЕД


Во четвртокот, претседателот на Федералните резерви Џером Пауел изјави во ексклузивно интервју за CNBC дека биткоинот се натпреварува со златото, а не со американскиот долар. „Луѓето го користат биткоинот како шпекулативно средство – тоа е како злато“, рече Пауел. „Тоа е исто како злато, само што е виртуелно, дигитално. Луѓето не го користат како начин […]

Директорот на РЕК „Битола“ вели дека „Марковски Компани“ ја загрозил енергетската стабилност на државата


  Директорот на РЕК „Битола“, Тони Петрушевски, денеска во писмена изјава до медиумите, потврди дека енергетскиот комбинат еднострано го раскинал договорот за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина со фирмата „Марковски компани“ поради, како што се наведува, „несовесно и неквалитетно извршување на преземените обврски“. Со раскинувањето на соработката активирана е и банкарската гаранција во износ […]

ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка


Од Сојузот на синдикати на Македонија најавуваат дека будно ќе ја следат примената на новогодишната кошничка што беше промовирана денеска, а со која од 15 декември до 15 јануари ќе бидат намалени над 600 производи.  Како што посочуваат од ССМ, синдикалната минимална кошничка ќе биде главниот контролен механизам за тоа дали цените навистина се намалени […]

Социо-економско влијание на Пивара Скопје: 139 милиони евра за домашната економија и 8.700 поддржани работни места


Пивара Скопје во 2023 година креираше 139 милиони евра додадена вредност во македонската економија, што претставува 1% од БДП, од кои 71 милиони евра се даноци исплатени во државниот буџет. Над 8700 работни места во земјава на директен или индиректен начин се одржуваат од остварените приходи на Пивара Скопје, за кои годишно се обезбедуваат плати […]

Мицкоски ги прати Влатко и Бесар да ги проверат цените за новогодишната кошничка


Новогодишната кошничка ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари,а  со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти. Листата на производи, како што кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски, е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите и дистрибутерите. – Направивме нешто што […]

Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација


Македонската банкарска асоцијација информира дека на 48. Седница на Собранието го именуваше Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години. Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште […]

РЕК „Битола“ ја прекина соработката со „Марковски компани“


  Комбинатот РЕК „Битола“ му ја откажал соработката на фирмата „Марковски компани“, за еден договор заради неисполнување на работните обврски пропишани во тендерот. Оваа информацијата ја дознава „Независен“ од свои извори од комбинатот и испрати официјално прашања до прес-службата од каде во текот на денот најавија одговор. Дознаваме дека фирмата „Марковски компани“ на бизнисменот Борче […]

(Во живо) Мицкоски ја објавува новогодишната потрошувачка кошничка


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и претставниците на стопанските комори денеска одржаа состанок за промоција на новогодишната потрошувачка кошничка која се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по […]

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2024“ од магазинот The Banker


Комерцијална банка со задоволство објавува дека е прогласена за „Банка на годината во 2024 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда по 11-ти пат ѝ беше доделена на Банката вчера вечер на свечената церемонија во Лондон, на која присуствуваше д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој […]

Биткоинот надмина 100.000 долари за прв пат во историјата


Цената на биткоинот порасна и надмина 100.000 долари за првпат во историјата, достигнувајќи нова рекордна вредност. Вредноста на најпознатата криптовалута во светот се зголеми поради растечките надежи дека новоизбраниот претседател на СAД, Доналд Трамп, ќе усвои низа политики што ги поддржуваат криптовалутите. Оваа година, цената на биткоинот се зголеми повеќе од двојно и е зголемена […]

Во Црна Гора увозот е седум пати поголем од извозот


Црна Гора во првите десет месеци од годинава увезла стоки во вредност од 3,4 милијарди, а извезла седум пати помалку. – Во споредба со истиот период лани, годинава извозот е помал за 15 отсто, а увозот поголем за повеќе од шест отсто, објави Монстат. Растот на надворешнотрговскиот дефицит е негативна слика за црногорската економија, изјави […]

Најмалку осум американски телекомуникациски компании и десетици земји биле погодени од кинески хакерски напади


Најмалку осум американски телекомуникациски компании и десетици земји беа погодени од кинески хакерски напад, изјави заменик-советничката за национална безбедност во Белата куќа, Ен Нојбергер. Таа соопшти дека како резултат на хакерскиот напад, протекле лични пораки и телефонски записи на непознат број Американци. Според американските власти, хакерите имале пристап и до комуникациите на високи владини функционери […]

Денеска ќе бидат познати производите од новогодишната потрошувачка кошничка


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска во свечената сала на Владата, ќе одржи состанок со претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка. Како што соопштија од владината прес-служба, новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна […]

Маск: Работењето од дома е лицемерно и непродуктивно


Планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја укине работата од дома, за граѓаните полесно да ги решаваат бирократските проблеми, наиде на отпор. Синдикатите се погрижија вработените во Управата за социјално осигурување да можат да продолжат да работат од дома до 2029 година. Станува збор за дури 42.000 вработени кои допрва ќе можат да […]

Мицкоски: Македонија ќе се усогласи со Глобалниот корпоративен данок


  Единствената давачка за која во моментот размислуваме е за усогласување на македонското законодавство со Глобалниот корпоративен данок, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали Владата размислува за зголемување на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување. Мицкоски најави дека до крајот на годината ќе има усогласување на даночната политика со цел […]