Координаторка на ОН: На постарите од 60 години да им се овозможи да работат, но не задолжително


Прашањето за старосната граница за заминување во пензија треба сеопфатно да се разгледа. На лицата над 60 години дефинитивно треба да им се даде можност да бидат активни и да работат, но доколку се здрави и доколку така одлучат, а не задолжително, вели постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, во врска со […]

Произведена е последната чоколадна бонбона „Моцарт“- по 127 години се затвора фабриката


Фабриката Mirabel-Werk во Грудиг, во близина на Салцбург, каде што ги произведуваше познатите Моцарт топчиња (Моцарткугел) повеќе од еден век, се затвора. На 5-ти декември е произведена последната чоколадна бонбона Мирабел Моцарт, завиткана во златна фолија, спакувана во кутија и на тој начин ова чоколадно топче од 17,1 грама со јадро од фстаци-марципан-нугат од Салцбург […]

Потпишана декларација за регионална координација на операторите на електропреносните системи од Западен Балкан


Операторите на електропреносните системи од Западен Балкан потпишаа заедничка декларација за регионална координација по повод одбележувањето на 15-годишнината од ENTSO-E. Оваа заедничка декларација, како што велат од АД МЕПСО, овозможува реален и заеднички пат за иднината на Југоисточна Европа во рамките на европскиот енергетски систем. Декларацијата предвидува зајакнување на енергетската безбедност и интеграција на пазарот […]

Реалните плати во Германија се зголемија за прв пат од 2020 година


Платите од колективниот договор годинава силно пораснаа, но се уште не ја вратија куповната моќ што ја загубија во бранот инфлација. Реалната заработка всушност ја врати само половина од куповната моќ што ја збриша инфлацискиот бран 2021-2023 година. Фондацијата Ханс Боклер (Фондацијата Ханс-Боклер), која е блиска до синдикатите, во извештајот во петокот рече дека околу […]

Продажбата на најстариот неделен весник „Обсервер“ е договорена и покрај штрајкот на новинарите


Одборот на директори на „Гардијан“ и неговиот сопственик „Скот траст“ се согласија да го продадат најстариот неделен весник „Обсервер“ на „Тортоаз медиа“, соопшти денеска британската медиумска компанија. Вториот одлучи да продаде и покрај 48-часовниот штрајк на новинарите на „Гардијан“ и „Обсервер“, јавуваат странските новински агенции. „Одборите на ‘Гардијан медија груп’ и неговиот сопственик, ‘Скот траст’ […]

Американскиот производител на чипови под лупа во ЕУ


Европската комисија побара информации од Nvidia и нејзините клиенти и конкуренти за да утврди дали американскиот гигант ги прекршил европските правила за конкуренција во ЕУ со „пакувањето“ на своите производи, тврдат изворите. Европската комисија сака да користи прашалници за да ги провери можните комерцијални и технички врски на графичкиот процесор (GPU) на Nvidia со други […]

Синдикатите и работодавачите без договор за минималната плата


Синдикатите и работодавците денес не се договорија за износот на минималната плата, на седница на Економско социјалниот совет. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов е оптимист дека може да се најде прифатливо решение за зголемување на минималната плата во државата на 450 евра, а претседателката на Организација на работодавачи Владанка Трајкоска […]

Кредитите за компаниите од унгарскиот заем дури во јануари


Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во јануари ќе почне трансферот на средствата од унгарскиот заем за компаниите. Иако очекувал тоа да се случи од почетокот на идната недела, сепак мора, како што рече, претходно да се завршат и испочитуваат одредени законски процедури. -Очекувам во јануари да почне пренесувањето на средствата, вчера имаше оперативен состанок во […]

Дупката во ПИОМ ќе биде додека не почне поробусна исплата на пензиите од Вториот пензиски фонд, вели Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека во ПИОМ ќе има дупка уште шест – седум години, додека не почне поробусна исплата на пензиите од Вториот пензиски фонд. Сепак, како што оцени денеска, Фондот е стабилен иако трансферите ќе продолжат да се зголемуваат. Во ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, се уште постојат два става во однос на Вториот пензиски […]

АД ЕСМ: Ќе ги преземеме сите чекори пред управните и судските органи против „Марковски компани“


АД ЕСМ, согласно своите обврски и надлежности ќе ги преземе сите чекори пред управните и судските органи кои ги има на располагање и на кои е обврзано со закон откако актуелното раководство на РЕК Битола еднострано го раскина договорот за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина со „Марковски компани“, имајќи ги предвид сите последици кои […]

Во САД во ноември се вработиле 227.000 лица, пазарот на трудот во подем


Работодавците во САД во ноември вработиле 227.000 луѓе, бројката покажува дека пазарот на труд е во подем по слабиот раст претходниот месец, кога ураганите и штрајковите ја зголемија невработеноста.  Иако вработувањета се во подем, пазарот на трудот генерално слабее во последните месеци а под притисок на рестриктивната монетарна политика на Федералните резерви. Централната банка на […]

Девизните резерви на крајот на ноември 4,92 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на ноември годинава изнесувале 4.920 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (68,2%), по што следуваат валутите и депозитите (20,4%) и монетарното злато (11,4%).

Државата ќе профитира од растот на минималната плата, но Владата нема да се меша, вели Мицкоски


Владата ќе биде само олеснувач во дијалогот меѓу синдикатите и работодавачите за растот на минималната плата, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, освнувајќи се на седницата на Економско социјалниот совет која што се одржува во Владата. Според Мицкоски, државата односно Буџетот имаат корист од растот на минималната плата, бидејќи со нејзиното зголемување, ќе има и повеќе […]

ССМ очекува реално намалување на цените со новогодишната кошничка, во спротивно бара ригорозни казни


 На 20 декември, пет дена од стапувањето во сила на новогодишната кошничка, ќе знаеме дали трговците реално ги намалиле цените на производите, а на 20 јануари ќе знаеме точно колку ќе бидат себични и колку ќе ги поскапат производите по завршувањето на мерката, изјави денеска  претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Тој очекува дека трговците ќе […]

Комисија ќе го следи снабдувањето со електрична енергија


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) формираше Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија, клучен механизам за мониторинг и брза реакција во услови на потенцијални кризни ситуации или нарушувања во енергетскиот систем. На првиот состанок, како што соопштија од МЕРМС, Комисијата ги постави основите за нејзиното работење и го усвои […]

Ова се 15-те најбрзорастечки европски економии во 2024 година (инфографика)


Европските земји неодамна се соочија со значителни предизвици, вклучително и намалување на деловната активност и пад на еврото на најниско ниво во однос на доларот од 2022 година. Дополнително, заканата од потенцијални царини од претседателството на Доналд Трамп во САД уште повеќе го оптоварува регионот. И покрај овие пречки, некои земји покажаа силен економски раст […]

Во Буџетот има пари за зголемување на платите, вели претседателот на ССМ


Во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов пред седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС). Како што изјави Трендафилов, согласно буџетските проекции кои ССМ можел да ги види, Владата предвидува средства согласно […]

За десет месеци трговскиот дефицит изнесува 2,62 милијарди евра, извозот намален за 5,5 отсто


 Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2024 година, изнесува 6.564,1 милиони евра и бележи пад од 5,5 % во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9.189,4 милиони евра, што е […]

Стапката на невработеност 12,3 отсто


Стапката на невработеност во третото тримесечје од 2024 година е 12,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Бројот на активно население во земјава е 796.733 лица, од кои вработени се 698.411, а 98.322 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52,6, стапката на вработеност 46,1 процент.