Во Италија работната сила старее, речиси 10 милиони имаат над 50 години


Работната сила во Италија старее и сега има речиси 10 милиони работници на возраст над 50 години, објави италијанскиот завод за статистика, Истат. Во соопштението се наведува дека во јануари годинава во Италија имало 7,47 милиони работници помлади од 35 години. Италија има најстаро население во Европа, со просечна возраст во земјата од 48,7 години, […]

Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто


Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4 и 4,5 отсто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Индикаторите кои се јавуваат во првата половина година од мандатот на Владата укажуваат дека сме дојдени до состојба „0“, имаме 1,25 милијарди евра странски инвестиции за претходната […]

Кина воведе царини за Канада


Кина денеска објави царини за канадски земјоделски и прехранбени производи вредни повеќе од 2,6 милијарди долари, возвраќајќи на давачките наметнати од Отава во октомври и отворајќи нов фронт во трговската војна главно поттикната од царинските закани од американскиот претседател Доналд Трамп. Давачките, објавени од кинеското Министерство за трговија и кои треба да стапат на сила […]

УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата


Заврши надградба на системот за е-Даночни услуги преку воведување на нова функционалност, поднесување на барање за издавање на код за идентификација за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку тековниот систем за пресметка на плати, ги информира Управата за јавни приходи (УЈП) даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност. -Се повикуваат обврзниците кои имаат проблем со […]

Пауел: ФЕД чека поголема јасност за политиките на Трамп пред следната одлука за каматната стапка


Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел изјави во петокот дека централната банка може да почека да види како ќе се одвиваат агресивните политички активности на претседателот Доналд Трамп пред повторно да ги помести каматните стапки. Со оглед на тоа што пазарите се нервозни поради предлозите за тарифи на Трамп и други прашања, Пауел ги повтори […]

Агелер ја посети Царинската управа: Чекорите што ги преземате се многу значајни


Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Северна Македонија, и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа (ЦУ), е клучната порака од посетата на амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите Вирџинија Елиот и заменик шефот на Канцеларијата за билатерална […]

Дигиталната трансформација не е веќе прашање на избор, туку неопходност за компаниите


Во четвртокот во Скопје, Women on Boards Adria (WOBA) и Finance Talks by EoS успешно организираа конференција под наслов „Забрзана дигитална трансформација и револуцијата на вештачката интелигенција”, која обедини визионерски лидери од академската заедница, бизнисот и владата. Овој настан не претставуваше само дискусија за иднината – туку и поттик за преземање на активности за обликување […]

Стапката на невработеност во САД достигна 4,1 отсто, помалку вработени од очекуваното


Бројот на нововработени во економијата на САД, не вклучувајќи го земјоделскиот сектор, во февруари се зголемил за 151.000, но прогнозите биле бројката да достигне повеќе од 160.000, јавија дел од американските медиуми. Според ревидираните податоци објевни денеска од америкаското Биро за труд, бројот на нови работни места во јануари изнесувал 125.000. Стапката на невработеност е […]

Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работодавачите сами да преговараат за минималната плата


Се залагаме за покачување на минималната плата преку социјален дијалог и колективно преговарање меѓу работниците и работовачите и тоа за секој сектор посебно, изјави претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков кој денеска во Штип учествува на националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, а во организација на Здружението „Гласен Текстилец“. […]

Работниците во ФАКОМ излегоа на генерален штрајк поради неисплатени плати


Работниците во ФАКОМ производство и монтажа, поддржани од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), денеска излегоа на генерален штрајк поради неплатени плати. Според изјавите на претседателот на СИЕР, Игор Герасов, работниците не добиле јануарска, февруарска плата, К-15 за 2024 година и три последователни 13-ти плати. -Платите во […]

Осмомартовски базар на ракотворби во Дајмонд мол


Дајмонд мол продолжува со поддршка на малите бизнис иницијативи. Од 6 до 9 март,  во Дајмонд мал се одржува „Базарот на ракотворби“, каде што 17 жени претприемачки и занаетчии ги презентираат своите уникатни производи. Настанот, организиран во чест на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ја истакнува важноста на женското претприемништво и занаетчиство, обезбедувајќи […]

Инфлацијата во февруари изнесуваше 5 отсто, а цените на мало беа повисоки 4,2 отсто на годишно ниво


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари  годинава, изнесува 0,5  проценти. Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според […]

Членството во СЕПА ќе овозможи заштеда од 50-60 милиони евра на граѓаните, вели премиерот


Членството Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) што претставува европската евро платежна зона за граѓаните и државата ќе значат финансиски придобивки во милиони евра поради тоа што нема да се плаќаат трошоци и провизии. Ова е оцената на премиерот Христијан Мицкоски денеска од настан во скопската општина Кисела Вода на новинарско прашање за значењето […]

ДЗС: Пораст на извозот на стоки од земјава за пет проценти во однос на истиот период лани


Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2025 година, изнесува 35 635.8 милиони денари и бележи пораст од 5.0 % во однос на истиот период од претходната година. Како што соопштува Државниот завод за статистика, вредноста на увезената стока, во јануари 2025 […]

Димитриеска – Кочоска: Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација


Веќе почнуваат да се гледаат и видливи се резултатите од нашата работа. Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, осврнувајќи се на податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика за невработеноста, индустриското производство и извозот. – Државниот завод за статистика објави податоци за стапката […]

ДЗС: Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани 11,9 проценти


Стапката на невработеност во државава во четвртиот квартал лани изнесува 11,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според ДЗС, стапката на активност во овој период е 52,5, а стапката на вработеност 46,2. Во четвртото тримесечје од 2024 година, активното население во државава  изнесува 795.321 лице, од кои вработени се 700.526, а 94.795 лица се […]

Вработените во ДПИ денеска ја очекуваат платата за февруари, јануарската им е веќе исплатена


Вработените во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) денеска ја очекуваат платата за февруари, а јануарската им е веќе исплатена. Како што информира директорот на ДПИ Влатко Стојкоски, решен е проблемот и со пријавувањето/одјавувањето на вработените. – До пред неколку дена точно беше дека немавме земено плата за два месеца, но сега веќе не е. За јануари […]

Стојкоски: Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто


Осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена поради непочитување на владините мерки за маржите. Како што соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, кај овие правни субјекти контролите утврдиле маржи до 70 отсто. Според Стојкоски, освен клуч на […]

Џонсон Мети во стратешко партнерство со Brainster NextCollege за поврзување на образованието и индустријата


Најголемата производствена компанија Џонсон Мети направи стратешко партнерство со Brainster NextCollege за да ги поврзе образованието и индустријата. Ова партнерство ќе доведе до обликување и унапредување на академските програми на Brainster NextCollege како водечка едукативна и иновативна институција. Партнерството меѓу двете компании се однесува на неколку клучни проекти и модули. Еден од нив е лансирање […]