Започнува издавање на гаранции за потекло на енергија од обновливи извори


На предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Владата донесе Уредба за гаранции за потекло на електрична енергија со која се отвора патот кон издавање на Гаранции на потекло (Guarantees of origin – GOs) од страна на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО. Гаранција за потекло е електронски документ чија …

Започнува издавање на гаранции за потекло на енергија од обновливи извори Read More »

Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на септември годинава изнесувале 4.406,6 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,9%), по што следуваат валутите и депозитите (24,2%) и монетарното злато (11,9%).

„Рајанер“ ги укинува хартиените билети за бординг и ги отстранува шалтерите на аеродромите


Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ги објави плановите за елиминирање на хартиените билети за влегување во авион и отстранување на шалтерите за пријавување на аеродромите во следните неколку месеци. Патниците ќе мора да се пријават за лет преку интернет или преку апликација пред да пристигнат на аеродромот, а планот е целосно да се укинат …

„Рајанер“ ги укинува хартиените билети за бординг и ги отстранува шалтерите на аеродромите Read More »

Дали „Гугл“ ќе се подели на неколку компании?


Откако окружниот суд во американскиот федерален главен град Вашингтон во август пресуди дека технолошкиот гигант „Гугл“(Google) има нелегален монопол во онлајн пребарувањето, американското Министерство за правда во вторникот објави дека ќе бара од компанијата да направи фундаментални промени во начинот на кој тоа го прави бизнис. Исто така, ќе размисли да му нареди на „Гугл“ …

Дали „Гугл“ ќе се подели на неколку компании? Read More »

Рекордни приходи од данокот за кучиња во Германија


Приходите од данокот на кучиња лани достигнале рекордна вредност од околу 421 милион евра. Градовите и општините во Германија на тој начин собрале 1,6 отсто повеќе пари од претходната година, објави Сојузниот завод за статистика.  И во 2022 година е забележана рекордна сума. Институтот ги објави податоците по повод Светскиот ден на кучињата, кој се …

Рекордни приходи од данокот за кучиња во Германија Read More »

„Гугл“ го загуби случајот против казната од ЕУ од 2,4 милијарди евра


Технолошкиот гигант „Гугл“ денеска го загуби случајот што го покрена против казната од Европската унија изречена поради начинот на кој компанијата прави дигитално рекламирање. Судот на правдата на ЕУ денеска ја потврди одлуката на понискиот суд, отфрлајќи ја жалбата на „Гугл“ на казната од 2,4 милијарди евра изречена од Европската комисија поради тоа што компанијата …

„Гугл“ го загуби случајот против казната од ЕУ од 2,4 милијарди евра Read More »

Во РЕК Битола утрово исклучен од мрежа Блок 3


Во РЕК Битола во тек се подготовки за претстојната грејна сезона. Се испитува стабилноста и доверливоста на постројките по извршените ремонти на ТЕ Битола 2 и ТЕ Битола 3. На ТЕ Битола 1, соопштија денеска од РЕК Битола, годинава воопшто не бил извршен ремонт, така што и врз таа постројка се во план дополнителни интервенции …

Во РЕК Битола утрово исклучен од мрежа Блок 3 Read More »

Гувернерот на централната банка на Австрија во посета на НБ: Во фокусот Планот за раст на Западен Балкан


Преку постојано усогласување со најновите стандарди и практики и непрекинато зајакнување на институционалниот и аналитичкиот капацитет, Народната банка ги следи високите критериуми на Европскиот систем на централни банки и со тоа придонесува кон понатамошниот евроинтеграциски процес на земјата. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите, Ана Митреска, Емилија Нацевска …

Гувернерот на централната банка на Австрија во посета на НБ: Во фокусот Планот за раст на Западен Балкан Read More »

„Балкан економик форум“ годинава ќе се одржи во Загреб


Настанот кој своите зачетоци ги има во Македонија, повторно на едно место ќе ги обедини економските, политички и академски лидери на Европа. По успешните изданија во Скопје и Тирана, водечката регионална конференција „Балкан економик форум“ (БЕФ) се враќа со ново издание кое оваа година ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска. „Балкан економик форум“ – …

„Балкан економик форум“ годинава ќе се одржи во Загреб Read More »

„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI


CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности за учење, иновации и разни типови на соработка. Тимот на „Алкалоид“ на овогодишниот собир брои околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата. „Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот …

„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI Read More »

Се „крчкаат“ уште 500 милиони евра заем од Унгарија за рефинансирање на еврообврзницата во 2025


Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината. Ова го …

Се „крчкаат“ уште 500 милиони евра заем од Унгарија за рефинансирање на еврообврзницата во 2025 Read More »

„Опен-АИ“ се проширува на глобално ниво со четири нови канцеларии


Технолошката компанија „Опен-АИ“ со седиште во Калифорнија (САД), којашто е производител на „Чет-ГПТ“ генеративниот чет-бот со вештачка интелигенција, вчера соопшти дека го проширува своeтo присуство на светско ниво со четири нови канцеларии во Њујорк, Париз (Франција), Брисел (Белгија) и Сингапур. Пуштањето на „Чет-ГПТ“ кон крајот на 2022 година „ја катапултираше“ американската фирма во средиштето на …

„Опен-АИ“ се проширува на глобално ниво со четири нови канцеларии Read More »

Парите од унгарскиот кредит следната недела ќе легнат на сметка, вели Димитриеска Кочоска


Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на Владата, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии. Таа во Тема на денот на Сител, од Будимпешта повтори дека станува збор за …

Парите од унгарскиот кредит следната недела ќе легнат на сметка, вели Димитриеска Кочоска Read More »

АД ЕСМ: Тендерот за кој обвинува ДУИ е спроведен во време кога РЕК Осломеј го раководеа нивни кадри


АД ЕСМ во целост ги отфрла наводите за „криминал“ изнесени на денешната прес – конференција на ДУИ. Во услови кога новото раководство на АД ЕСМ се бори да ја надмине досега најголемата криза од своето постоење, затекната и директно создадена од доскорешните раководства на ДУИ и на СДСМ, се вели во пишаната реакција од компанијата, …

АД ЕСМ: Тендерот за кој обвинува ДУИ е спроведен во време кога РЕК Осломеј го раководеа нивни кадри Read More »

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од поплавите во БиХ


Минатата недела, „мајката природа“ уште еднаш нè потсети на нејзината огромна сила. Обилни дождови со невидена разурнувачка моќ предизвикаа поплави и свлечишта во делови од Босна и Херцеговина и одзедоа многу човечки животи, најголемата загуба за сите. За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, …

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од поплавите во БиХ Read More »

Димитриеска-Кочоска го потпиша Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка


Договорот за заем со унгарската Експорт-импорт банка денеска е потпишан во Будимпешта. Договорот во име на Владата, а во согласност со Законот за Закон за задолжување со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, го потпиша министерката за …

Димитриеска-Кочоска го потпиша Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка Read More »

Кина возврати на мерките на Брисел за електричните возила, воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ


Кина воведе привремени царини за увоз на алкохолни пијалаци од Европска Унија, со образложение дека нереално ниските продажни цени може да им наштетат на домашните производители. На почетокот на годината Кина отвори истрага за можните дампинг алкохолни пијалаци од ЕУ, заклучувајќи дека здружението на домашните производители приложило „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски …

Кина возврати на мерките на Брисел за електричните возила, воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ Read More »

Антигва и Барбуда отстранета од листата на ЕУ на „даночни раеви“


 Европскиот совет денеска реши да ја отстрани малата карипска држава Антигва и Барбуда од листата на ЕУ на „некооперативни земји и територии за даночни цели“.   Советот посочува дека ваквата одлука е донесена откако Антигва и Барбуда направила измени на важечките даночни правила.  Државата, која има нешто над 100 илјади жители, беше ставена на листата …

Антигва и Барбуда отстранета од листата на ЕУ на „даночни раеви“ Read More »

Парите од унгарскиот кредит ќе помогнат за развој на економијата, смета министерот Дурмиши


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека парите од унгарскиот кредит во износ од 500 милиони евра ќе придонесат за развој на економијата во земјава. – На првиот повик на Министерството за локална самоуправа за грантот од 100 милиони евра аплицираа над 80 општини со над 350 проекти. Со следниот чекор ќе се …

Парите од унгарскиот кредит ќе помогнат за развој на економијата, смета министерот Дурмиши Read More »