Директорката на ММФ предвидува тешка иднина


  Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, предупреди на „бруталните“ економски услови за владините финансии ширум светот, укажувајќи на широко распространетата неподготвеност меѓу политичарите да ги намалат трошоците и да ги зголемат даноците. Георгиева изјави дека зголеменото ниво на задолжување значи дека зголемен дел од приходите на државата се троши на камати, додека …

Директорката на ММФ предвидува тешка иднина Read More »

Групацијата 4iG основа компанија во Северна Македонија


По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, 4iG Group започна со подготовки за влез на пазарот во Северна Македонија, со основање на подружница „ONE Macedonia Telecommunications“. Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио …

Групацијата 4iG основа компанија во Северна Македонија Read More »

Мицкоски очекува растот во третиот и четвртиот квартал да биде над 3 отсто


Премиерот Христијан Мицкоски очекува економскиот раст во второто полугодие од годинава да биде над три отсто. Тој, коментирајќи ги прогнозите на Светска банка дека Македонија годинава ќе има раст од само 1,8 отсто, најнизок меѓу земјите од Западен Балкан, рече дека во втоарата половина од говината очекува забрзување на стопанската динамика што ќе се рефлектира …

Мицкоски очекува растот во третиот и четвртиот квартал да биде над 3 отсто Read More »

Се враќа во игра ветерниот парк „Вирови“, германска инвестиција вредна над 400 милиони евра


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја врати во игра подзаборавената германска инвестиција во областа на енергетиката која што беше актуелна во 2021 година – изградбата на голем ветерен парк „Вирови“, вреден речиси половина милијарда евра. Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите по поставувањето камен-темелник на новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто, најави …

Се враќа во игра ветерниот парк „Вирови“, германска инвестиција вредна над 400 милиони евра Read More »

Пристапот до мрежа на сметките за струја ќе биде укинат во мандатот на оваа Влада, вели Мицкоски


За ветувањето дека ќе се укине давачката за пристап од 200 денари на сметките за потрошена електрична енергија за граѓаните, премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе биде укината во текот на мандатот на оваа Влада. -Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога …

Пристапот до мрежа на сметките за струја ќе биде укинат во мандатот на оваа Влада, вели Мицкоски Read More »

УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите


Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување е 25-ти октомври. – Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет, велат од УЈП. Како што денеска соопштија од УЈП, до моментов поднесени се …

УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите Read More »

STEMployability ги зголемува шансите за вработување на студентите по инженерство


Според неколку студии, голем процент од менаџерите сметаат дека комуникациските вештини на штотуку дипломираните инженери многу често се слаби. При тоа, кога на регрутирањето ќе влезат две лица со слични квалификации, но различни комуникациски вештини и вештини за самопрезентација, јазот може да предизвика значителна нееднаквост. Оној со подобри вештини за комуникација и самопрезентација обично ја …

STEMployability ги зголемува шансите за вработување на студентите по инженерство Read More »

Словенија може да биде пример за економска стабилност, вели Лагард


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за 24ur по седницата на Советот на ЕЦБ истакна дека Словенија може да биде пример за економска стабилност и иновативност. – Словенија, иако мала, се истакнува како пример за успешна економска политика во еврозоната. Нејзиниот глас се слуша на европската сцена и брзо се прилагодува на …

Словенија може да биде пример за економска стабилност, вели Лагард Read More »

Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук


Руската агенција за безбедност на храна одби да даде дозвола за увоз на овошје и зеленчук од Казахстан, а аналитичарите велат дека вистинската причина е одбивањето на властите во земјата да се приклучат на БРИКС. Иако агенцијата соопшти дека одлуката е донесена поради „одбивањето на релевантните власти од Казахстан да обезбедат фитосанитарна безбедност“, овој потег …

Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук Read More »

Од семеен бизнис до амбасадор на македонскиот квалитет: Компанијата „Вива“ одбележа три децении постоење


„Вива“, водечкиот македонски производител на природни овошни сокови, го прослави својот 30-годишен јубилеј со настан на кој присуствуваа претставници на бизнис заедницата, партнери, соработници и лојални потрошувачи, славејќи ја приказната на брендот, кој од семеен бизнис прерасна во глобален амбасадор на македонскиот квалитет. Во текот на вечерта, присутните имаа можност да се осврнат на триесетгодишното …

Од семеен бизнис до амбасадор на македонскиот квалитет: Компанијата „Вива“ одбележа три децении постоење Read More »

Во Загреб ќе се одржи Балкан Економик Форум


 Балкан Економик Форум – БЕФ денеска ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска, под главно покровителство на Central European Initiative (CEI), кој БЕФ 2024 го именува како свој водечки настан во годината. Форумот кој, како што се наведува, „своите зачетоци ги има во Македонија, повторно на едно место ќе ги обедини економските, политички и академски …

Во Загреб ќе се одржи Балкан Економик Форум Read More »

Амазон влегува во нуклеарна енергија, вложува 500 милиони долари во развој на мали модуларни реактори


Подружницата на Амазон за облак компјутери AWS, има голема и растечка потреба за чиста енергија бидејќи ги проширува своите услуги на генеративна вештачка интелигенција. Тоа е исто така дел од патот на Амазон кон нето нула емисии на јаглерод. Компанијата AWS објави дека потпишала договор со Dominion Energy, претпријатие во Вирџинија, за истражување на развојот …

Амазон влегува во нуклеарна енергија, вложува 500 милиони долари во развој на мали модуларни реактори Read More »

Бран банкротства го зафати целиот свет, особено Германија, САД и Канада


Во 2024 година, светот се соочи со нов бран на корпоративни банкротства, при што бројот на случаи го надмина нивото пред пандемијата. Според податоците од извештајот на „Алијанц трејд“ (Allianz Trade Global Insolvency Outlook), бројот на банкроти се очекува да се зголеми на глобално ниво за 11 проценти оваа година. Зголемениот број на банкроти не …

Бран банкротства го зафати целиот свет, особено Германија, САД и Канада Read More »

Лагард: На еврозоната не и се заканува рецесија, состојбата со инфлацијата се развива во добра насока


На еврозоната не и се заканува рецесија, а состојбата со инфлацијата се развива во добра насока, изјави денеска претседателката на Европската банка (ЕЦБ) Кристин Лагард на прес-конференција по одлуката за намалување на референтната каматна стапка од 25 базични поени на 3,25 отсто. Една земја-членка на еврозоната, поточно Германија, се соочува со тешки околности, но тоа …

Лагард: На еврозоната не и се заканува рецесија, состојбата со инфлацијата се развива во добра насока Read More »

Бизнис без граници побараа членките на Македонско-бугарската стопанска комора


Бизнис без граници побараа членките на Македонско-бугарската стопанска комора на своето редовно годишно Собрание одржано во Скопје. -Постои голем интерес кај компаниите од двете земји за инвестирање, имаме постојан, значителен раст на трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Со подобрување на условите кои треба да ги обезбедат нашите држави има простор за …

Бизнис без граници побараа членките на Македонско-бугарската стопанска комора Read More »

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка на 3,25 отсто


Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,25 отсто, при што инфлацијата во еврозоната падна на најниско ниво од почетокот на 2021 година. Каматната стапка по која банките позајмуваат пари од ЕЦБ – исто така беше намалена за 0,25 процентни поени на 3,4 отсто. По долг период …

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка на 3,25 отсто Read More »

Мицкоски пак се фали со инвестиции на СДСМ – ја најави „Брејнчајлд“ која веќе работи во Битола


  Премиерот Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно да се зголемат до крајот на …

Мицкоски пак се фали со инвестиции на СДСМ – ја најави „Брејнчајлд“ која веќе работи во Битола Read More »

Македонија годинава со раст на БДП од само 1,8 отсто, најнизок во регионот, прогнозира Светска банка


  Македонија годинава ќе забележи раст на домашниот бруто-производ од само 1,8 отсто, убедливо најнизок во споредсба со земјите од регионот, покажува најновиот полугодишен извештај на Светска банка за Западен Балкан. За споредба, според извештајот, Албанија годинава ќе има раст на БДП од 3,3 отсто, Босна и Херцеговина од 2,8 отсто, Косово од 3,8 отсто, …

Македонија годинава со раст на БДП од само 1,8 отсто, најнизок во регионот, прогнозира Светска банка Read More »

Николовски: Зголемените контроли резултираа со повисоки приходи и зголемен пријавен увоз на возила и цигари


„Зголемените контроли на Царинската управа резултираа со повисока наплата на приходи во износ од 35,4 милијарди денари остварени во 100 дена, што е за 9,2 проценти или 3 милијарди повеќе од минатата година. Преку засилување на контролите е евидентиран зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека“. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан …

Николовски: Зголемените контроли резултираа со повисоки приходи и зголемен пријавен увоз на возила и цигари Read More »

Ако се најде заем по подобри услови нема да се повлече втората транша од кредитот од Унгарија, вели Мицкоски


Втората транша од заемот од Унгарија во износ од 500 милиони евра ќе се повлече доколку не се најдат пари по поволни услови од тие што ги нуди унгарската Експорт импорт банка, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој, одговарајќи на прашања на новиарите, при неговата посета на Брвеница, рече дека тие пари се потребни за …

Ако се најде заем по подобри услови нема да се повлече втората транша од кредитот од Унгарија, вели Мицкоски Read More »