УБС го продаде својот 50% удел во Свискард на Американ експрес


  Швајцарската УБС (UBS) одлучи да го продаде 50 отсто од акциите на Свискард (Swisscard), кои ги презеде при купувањето на Кредит Свис (Credit Suisse) минатата година, на својот партнер за заедничко вложување, Американ експрес (American Express). Со овој договор, Американ експрес станува единствен сопственик на Свискард, додека условите од договорот не се обелоденети. По …

УБС го продаде својот 50% удел во Свискард на Американ експрес Read More »

Димитриеска-Кочоска на годишните состаноци на ММФ и СБ


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 октомври ќе престојува во Вашингтон, САД, каде ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, а ќе реализира средби и со високи претставници на овие две меѓународни финансиски институции, со претставници на Трезорот на САД, како и билатерални средби со свои …

Димитриеска-Кочоска на годишните состаноци на ММФ и СБ Read More »

Долгот на Бугарија само 22,1 отсто од БДП, на Грција дури 163,6 отсто


На крајот на вториот квартал од 2024 година, јавниот долг на земјите од еврозоната се зголеми од 87,8 отсто во првиот квартал на 88,1 отсто од БДП, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2024 година изнесува 81,5 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,2 процентни поени во …

Долгот на Бугарија само 22,1 отсто од БДП, на Грција дури 163,6 отсто Read More »

И во август просечната плата е помала од таа во јуни


  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година малку закрепна по намалувањето во јули, и изнесуваше 41.097 денари, што е за само 136 денари повисока од таа исплатена во јули. Иако оваа просечна плата е поголема за 12,9 отсто во споредба со истиот месец лани, таа е веќе втор месец во надолна …

И во август просечната плата е помала од таа во јуни Read More »

Од домашно производство лани задоволени 34,7 отсто од вкупно потребната енергија


 Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Северна Македонија изнесувало 936 031 toe или 34.7 % од вкупно потребната енергија. Вкупната потребна енергија за 2023 година изнесувала 2 698 648 toe. Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2023 година се: сообраќајот со 44.1 %, домаќинствата …

Од домашно производство лани задоволени 34,7 отсто од вкупно потребната енергија Read More »

IQOS караванот на нова локација, во Куманово


Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата привремена локација на IQOS караванот, поставен пред влезот на Алфи во Куманово. Работното време на оваа продажна локација е: од понеделник до сабота, од  10 до 21ч. Недела и на државните празници се …

IQOS караванот на нова локација, во Куманово Read More »

Ограничените маржи ја стабилизираа минималната синдикална кошница – за октомври изнесува 61.249 денари


Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари.  -Значајно е да …

Ограничените маржи ја стабилизираа минималната синдикална кошница – за октомври изнесува 61.249 денари Read More »

Повеќе од една петина од светските резерви на злато се наоѓаат во земјите на БРИКС


Повеќе од 20 отсто од светските резерви на злато се наоѓаат во земјите на БРИКС, а меѓу нив најмногу има Русија – со 2,34 илјади тони од овој метал, односно 8,1 отсто од сите светски резерви, а Кина со 2,26 илјади тони или 7,8 отсто во светот. Податоците од Светскиот совет за злато, објавени од …

Повеќе од една петина од светските резерви на злато се наоѓаат во земјите на БРИКС Read More »

Временските услови оптимални за есенска сеидба


Временските услови кои изминатите денови беа со периоди на сончево и релативно топло време, а на одделни места и со повремени врнежи од дожд и слаб до умерен ветар, се оптимални за есенската сеидба кај поледелските култури, велат агрометеоролозите од УХМР. Според нив, од голема важност е да се запази рокот за сеење. -Во тек …

Временските услови оптимални за есенска сеидба Read More »

Гувернерката Ангеловска-Бежоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ


Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, САД. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Емилија …

Гувернерката Ангеловска-Бежоска учествува на Годишните средби на ММФ и СБ Read More »

Аргентина ја заменува својата национална агенција за приходи со друго тело и укинува повеќе од 3.000 работни места


Сојузната управа за државни приходи на Аргентина ќе биде заменета со идна Агенција за наплата на долгови и царинска контрола, промена со која ќе бидат укинати 3.155 работни места, соопшти претседателството. Ова е „суштински чекор кон елиминирање на непотребната бирократија што ја попречува економската и комерцијалната слобода на Аргентинците“, се вели во соопштението на „Х“. …

Аргентина ја заменува својата национална агенција за приходи со друго тело и укинува повеќе од 3.000 работни места Read More »

Поради штрајк откажани сите полетувања од аеродромот „Брисел Југ-Шарлероа“


Брисел – Сите денешни летови од аеродромот „Брисел Југ-Шарлроа“ се откажани поради штрајк на безбедносниот персонал, соопшти аеродромската управа.   – Безбедноста на патниците и вработените не може да биде гарантирана поради недостигот на персонал. Патниците чии летови се откажани ќе бидат контактирани од нивната авиокомпанија за враќање на парите или нова резервација, се додава …

Поради штрајк откажани сите полетувања од аеродромот „Брисел Југ-Шарлероа“ Read More »

Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа


Инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи, се очекува да ги претстави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) што денеска и утре се одржува во Солун, јави дописничката на МИА …

Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа Read More »

Никнува гигантски аеродром во Европа? (Видео)


Аеродромот планиран во близина на Варшава би можел да го добие својот прв лет во 2032 година и ќе може да опслужува 34 милиони патници годишно. По неизвесната ситуација по промената на власта во Полска, реномираното британско архитектонско биро Фостер + Партнер достави планови за транспортниот центар CPK (Centralny Port Komunikacyjny), малку изменети во однос …

Никнува гигантски аеродром во Европа? (Видео) Read More »

Ефектите од есенската кошничка се речиси никакви, вели Јовановиќ


Сега веќе е јасно дека есенската кошничка нема скоро никакви ефекти, а тоа и беше за очекување, затоа што оваа мерка не се воведува првпат. Претходната влада во неколку наврати ги ограничуваше маржите, а ваква скоро идентична мерка воведоа и Србија и Црна Гора пред некое време. Ефектите секогаш беа исти – скоро никакво намалување …

Ефектите од есенската кошничка се речиси никакви, вели Јовановиќ Read More »

Узунов: Ако нема реформи, нема да има ниту пари од Планот за раст


Ако Северна Македонија не ги спроведува реформите, постои можност и да остане без пари од Планот за раст за Западен Балкан, оценува Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.  -Парите ни оддалеку не се најважната работа. Не е до парите, парите се нешто што треба да дојде на крај. Проблемот е, и …

Узунов: Ако нема реформи, нема да има ниту пари од Планот за раст Read More »

ВМРО-ДПМНЕ е против предлогот на СДСМ за измена на Законот за минимална плата


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да го поддржи предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што денеска го најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Како што информираше пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција во Собранието на Република Северна Македонија, предлогот нема да го …

ВМРО-ДПМНЕ е против предлогот на СДСМ за измена на Законот за минимална плата Read More »

Остануваат уште пет работни дена за поднесување на ДДВ-04 пријавите


Управата за јавни приходи денеска ги повика даночните обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Важно е да се напомене дека 23-ти октомври е неработен ден, но системите на УЈП работат …

Остануваат уште пет работни дена за поднесување на ДДВ-04 пријавите Read More »

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити


Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства.соопшти Народна банка. Паричната маса во …

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити Read More »

Халкбанк го зголеми капиталот за 20 милиони евра


Халк Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 20 милиони евра, што претставува значајна докапитализација и силна поддршка од главниот акционер на банката – турската Халкбанкаси АШ . Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 46-тата седница донесе Решение со кое се одобри 21-та емисија на хартии од вредност по …

Халкбанк го зголеми капиталот за 20 милиони евра Read More »