Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година. Во тек е […]

Николоски: Очекувам во брзо време инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија


 Очекувам дека во брзо време ќе видиме инвестиции од Обединатите Арапски Емирати во Македонија. Потпишавме неколку договори за економска соработка што се услов за идната соработка. Посебно е важно тоа што Дубаи станува центар за извозот кон Истокот, што е одлична можност за домашно извозните компании да ја користат помошта и логистиката што ја нуди […]

Стапката на вработеност во ЕУ лани била близу 76 отсто


 Бројот на вработени во Европската унија, на возраст меѓу 20 и 64 години, лани изнесувал 197,6 милиони луѓе, што е стапка од 75,8 отсто и претставува најголем удел од 2009 година, соопшти денеска Евростат. Заводот за статистика на ЕУ соопшти дека стапката на вработеност се зголемила за 0,5 процентни поени во споредба со 2023 година […]

Претседателот на Стелантис предупредува дека автомобилската индустрија во Европа и САД е во опасност


Автомобилската индустрија е во опасност и во САД и во Европа, предупреди денеска претседателот на групацијата Стелантис, Џон Елкан, наведувајќи ги како причина зголемувањето на царините и „нереалниот план за намалување на емисијата на штетни гасови“. – Со тажни царини и претерано ригидни регулативи, американската и европската автомобилска индустрија се во опасност, додека Кина е […]

Во Дубаи има 52 регистрирани компании од Македонија


  Стопанската комора на Дубаи денеска беше домаќин на делегацијата од Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Делегацијата на домаќинот беше предводена од претседателот на Коморите на Дубаи, Султан бин Саид ал Мансури. Двете страни разговараа за начините за унапредување на билатералните економски односи и ја потврдија нивната посветеност за зајакнување на соработката за зајакнување […]

Бугарија ги извртува фактите: Скопје ги негира наводите на Софија околу изградбата на тунелот


  Откако бугарските медиуми вчера известија дека „Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Северна Македонија и да започне со изградба на прекуграничен железнички тунел долж Коридорот 8“, од македонското Министерство за транспорт денеска одговорија дека едно се дела, а друго се зборови. „Република Бугарија повторно ги извртува фактите“, велат од Министерството за транспорт […]

АМД ќе ги произведува клучните чипови во САД


Американскиот технолошки гигант Advanced Micro Devices (AMD) објави дека наскоро ќе произведува клучни процесорски чипови во нов производствен погон во Аризона во сопственост на тајванскиот подизведувач ТСМЦ, со што ќе го врати производството на американско тло по повеќе од 15 години. АМД го подготви планот уште пред почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд […]

„Алказар енерџи“ и ИФЦ потпишале договор за развој на ветерниот парк Штип


„Алказар енерџи партнерс“ (AlcazarEnergyPartners – АЕП), соопшти дека потпишале договор со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка за пристап до средства за развојна поддршка за фаза еден од ветерниот парк Штип, најголемиот проект за ветерна енергија во Северна Македонија. Со договорот се зајакнува посветеноста на двете страни за мобилизација на приватен капитал […]

Министерката Божиновска ја иницира мрежата на македонски експерти, средба со Ангела Попова


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со почна значајна иницијатива насочена кон поврзување со истакнатите македонски професионалци во областа на енергетиката и рударството, кои моментално прават значаен напредок во странство, информираат денеска од Министерството. Во оваа насока, додаваат, министерката Божиновска остварила средба со Ангела Попова, истакната млада инженерка. -Ангела е електроинженер со […]

Николоски од ОАЕ: Ќе потпишеме неколку договори за економска соработка, договораме летови со Ер Арабија


Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој со владина делегација е во посета на Обединетите Арапски Емирати, објави дека се договараат летови со Ер Арабија.  Николоски вели дека туризмот, инфраструктурата и образованието се секторите на соработка на кои се фокусираат. -Имаме бројни средби ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и […]

Ангеловска-Бежоска пред Студентското собрание: Финансиската писменост ја намалува сиромаштијата за 2 до 3 п.п.


„Само финансиски едуцирани лица можат да носат издржани финансиски одлуки за штедење, задолжување и за инвестирање од кои ќе зависи и нивната иднина. Има емпириски истражувања коишто покажуваат дека дури половината од доходовната нееднаквост помеѓу луѓето во светот произлегува од разликите во финансиската писменост. А доходовната нееднаквост во изминативе кризни години, по повеќе децении намалување, […]

Пристап до мобилен интернет имаат 1,7 милиони претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути


Вкупниот број на активни претплатници во мобилна телефонија заклучно со третиот квартал 2024 година достигна 2.095.819 и бележи раст за 9,7 проценти во однос на претходниот квартал, а за 1,05 проценти споредено со третиот квартал минатата година.  Според денеска објавениот Извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во третиот квартал 2024 година, пристап до интернет со […]

Панел: Финансиски едуцирано население носи економски развој 


Министерството за финансии има активна улога во подигнување на свеста за значењето на финансиската писменост. Заедно со Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност, подготвија Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025 година со цел зајакнување на вештините на населението […]

Интел го продава мнозинскиот удел во Алтера за 8,75 милијарди долари


Американскиот технолошки гигант Интел објави дека постигнал договор за продажба на мнозинскиот удел во својата компанија за производство на чипови Алтера за 8,75 милијарди долари на инвестициската компанија Силвер Лејк. Како што јави американската новинска агенција Асошиејтед прес (АП), според условите на договорот, Силвер Лејк ќе преземе 51 отсто од сопственоста на Алтера, која Интел […]

Нафтениот гигант БП е цел на преземање, мега зделката е во тек


Нафтениот гигант БП е ставен во центарот на вниманието како водечки кандидат за преземање – но енергетските аналитичари се сомневаат дали некој од најверојатните кандидати ќе биде на висина на задачата. Загрозениот британски енергетски гигант, кој во четврток го одржува своето годишно генерално собрание, неодамна се обиде да реши еден вид криза на идентитетот со […]

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани


Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Овој износ Банката ќе го донира на […]

Новиот закон за енергетика ќе овозможи приклучување на пазарот на електрична енергија на ЕУ и пазарот „ден однапред“


Собраниската Комисија за европски прашања го прифати Предлогот на новиот Закон за енергетика во прво читање, со што започнува важен процес на усогласување на македонското законодавство со европската регулатива во областа на енергетиката. Пред Комисијата, законското решение го образложи заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ, истакнувајќи дека неговото донесување претставува суштински чекор во модернизацијата, либерализацијата и зголемувањето на […]

Маркетите и аптеките од петок со обврска да ги објавуваат цените онлајн


Од петок, сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на официјална веб-страница.   Од петок ќе нема повеќе „оди провери во другиот маркет, можеби е поевтино“. Наместо со шетање, од дома ќе може да провериме каде е најисплатливо да пазаруваме. Трговците на интернет ќе мора […]

Азиските берзи пораснаа откако Трамп најави дека ќе ги коригира царините за увоз на автомобили


На азиските берзи денеска цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ги коригира царините за увоз на автомобили. Азиско-пацифичкиот индекс на акциите MSCI во 7 часот порасна за 0,4 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Утрово јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,1 отсто, додека […]

Фајзер прекина развој на лек против обезност поради можно оштетување на црниот дроб


Фармацевтската компанија Фајзер денеска го запре развојот на лек против обезност, откако беше откриено дека учесник во тестирањето на лекот претрпел оштетување на црниот дроб, што е потенцијално поврзано со лекот. Компанијата соопшти дека ќе престане да го проучува „дануглипрон“ откако еден учесник во едно од испитувањата доживеал оштетување на црниот дроб предизвикано од лекови. […]