Во потрошувачката кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава


Во пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Како што истакна Трипуновски на прес-конференција во Владата, овошјата и зеленчукот ќе се вметнуваат во кошничката етапно, сеознски, зависно од периодот во кој доспеваат и се […]

Од доставени 1.600 понуди за закуп на земјоделско земјиште, донесени 982 одлуки за вкупно 2.862 хектари


До Министерството изминатиот период пристигнале околу 1 600 понуди за давање во закуп државно земјоделско земјиште, а донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2 862 хектара. Доставени биле и 220 понуди за легализација на земјиште над кое има подигнато долгогодишни насади и донесени се 160 одлуки за избор со вкупна површина од […]

М-НАВ и Албконтрол ќе ја подобрат размената на радарски податоци


Контролите на летање на Северна Македонија и Албанија работат на јакнење на соработката со цел зголемување на безбедноста на авиосообраќајот. Посебен фокус е подигнување на размената на радарски податоци на повисоко ниво, како дел од регионалните напори за оптимализација на оперативната функционалност на податоците, соопштија од МНАВ по средбата на директорите на воздухопловна техника на […]

Во пресрет на Велигден: ТАВ Македонија донира пакети со храна и хигиенски средства на семејства во социјален ризик од Општина Илинден


Единаесетта година по ред, ТАВ Македонија учествува во хуманитарната акција „Подај рака” со која заедно со општина Илинден помага на луѓето кои живеат во околината на скопскиот аеродром  Како дел од хуманитарната иницијатива „Подај рака“, а во пресрет на големиот христијански празник Велигден, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, денеска, 17-ти април, донира пакети со […]

Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата


„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава. Корупцијата е двонасочна – и давање и примање мито е криминал“, е главната порака на Царинска управа упатена до граѓаните преку кампањата „Стоп за корупција“. Во рамки на кампањата „Стоп за корупција“, до 25 април на граничните премини […]

Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори: Обезбедуваме стабилност, предвидливост и партнерски однос


Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна политика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја пратила министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје. Политиките коишто ги спроведуваме, […]

СТО ја намалува прогнозата за раст на трговијата за 2025 година и предупредува на голем пад


 Светската трговска организација (СТО) значително ја намали прогнозата за глобалната трговија со стоки, предвидувајќи пад од 0,2 отсто оваа година поради негативните ефекти од американските царини. Таа прогноза претставува остар пресврт од претходно проектираниот раст од 3,0 проценти, додека организацијата предупредува дека трговијата може да го доживее најголемиот пад од 2020 година, кога светот беше […]

Министерот едно, овчарите сосема друго: Цената на јагнето никогаш пониска


  БИТОЛА – Сточарите ги носат јагнињата на сточните пазари за цена од 310 до 320 денари килограм жива мера за да ги покријат загубите во производството. Разликата да се даде јагнето на сточен пазар или в кланица е стотина денари по килограм, пари што за овчарите не се за потценување. Тоа се „вишокот“ јагниња […]

Кинеските Тему и Шеин најавија зголемување на цените поради царините на Трамп


Кинеските онлајн продавници „Тему“ и „Шеин“, познати по ниските цени, следната недела ќе ги зголемат цените на производите поради заострувањето на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп за увозните производи со мала вредност и високите царини кои ги зголемија оперативните трошоци на компаниите. Во белешки испратени до нивните клиенти оваа недела, компаниите велат дека ќе […]

Остар пад на Волстрит по предупредувањето на „Нвидиа“


На Волстрит цените на акциите остро паднаа, по предупредувањето на „Нвидиа“ за огромните трошоци од трговската војна и пораката на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, дека економскиот раст забавува. Индексот Дау Џонс се лизна за 1,73 отсто, на 39.669 поени, додека С&П 500 потона за 2,24 отсто, на 5.275 поени, а индексот Насдак за 3,07 […]

Романија во март со највисока стапка на инфлација во ЕУ


Романија е земја во ЕУ со највисока стапка на инфлација во март, при што цените се зголемија за 5,1 отсто на годишно ниво, објави ТВ Диџи 24, повикувајќи се на податоците презентирани денеска од Евростат. Во исто време, годишната стапка на инфлација во ЕУ продолжи да се намалува во март на 2,5 отсто од 2,7 […]

Јавна расправа за Предлог – законот за работно ангажирање на лица, дел од сугестиите се да се подобри законското решение


На денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика се одржа јавна расправа по Предлог на законот за работно ангажирање на лица – второ читање, поднесен од група пратеници. Дел од панелистите од надлежни иснституции ги истакнаа своите сугестии и предлози во насока на подобрување на законското решение. Тони Јаревски, пратеникот […]

ССМ на 1 Мај ќе ги повтори барањата за зголемување на минималната плата и на останатите плати


Сојузот на синдикати на Македонија на Првомајскиот протест повторно ќе побара зголемување на минималната плата на 500 евра, како и зголемување на останатите плати за 100 евра и зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти согласно Општиот колективен договор.  –  Сведоци сме дека денеска, за креаторите на политиките е најважно да ги зачуваат […]

Донација за настраданите во Кочани од Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза


Македонската берза, Централниот депозитар за хартии од вредност и Загребската берза, ќе донираат финансиска помош во износ од 25.000 евра во новоформираната фондација на Македонската банкарска асоцијација „Заедно за едно“, со цел помош и поддршка на семејствата на загинатите и на повредените во страотниот пожар во Кочани минатиот месец. -Како континуирани промотори на принципите на […]

Што ќе биде со цените откако ќе заврши ограничувањето на маржите: Дурмиши најавува нови мерки ако има потреба


Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигиена и одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи завршуваат на крајот на овој месец. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ќе се следи ситуацијата и доколку има потреба, ќе бидат […]

Кај 17 угостителски објекти со активна лиценца утврдени неправилности, на девет им е одземена лиценцата


Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца во делот на угостителството, кај 17 се утврдени неправилности. Од нив, на девет им се одземени лиценците, а кај осум се утврдени неправилности за исполнување на минималните технички услови кои треба да ги отстранат во одреден рок.  Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција […]

Се финализира Стратегијата за минерални суровини, до 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска соопшти дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина, како и по Нацрт-стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година. Во тек е широк и транспарентен […]

Трамп воведува царини до 245 отсто за Кина


Трговската војна меѓу двете најголеми светски економии нагло ескалира. Белата куќа објави дека Кина сега може да биде погодена со царини од дури 245 отсто за извозот во САД, како резултат на нејзините „одмазднички мерки“. Ова е највисоката царинска стапка досега спомната, која е наведена во документ штотуку објавен, заедно со извршната наредба потпишана од […]

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад ги собира светските експерти на конференција во Скопје


Потенцијалите на кружната економија, зелената енергија, отпадот како ресурс, климатски акции и цели за декарбонизација, паметни и дигитални технологии во управувањето со отпад, се дел од темите на меѓународната конференција „Патување кон одржливо управување со отпад“, во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MASWA) што ќе се одржи на 29 и 30 […]

Костадиновски: Берзата наградува трпение и професионалност


Помала или поголема, неизвесноста секогаш е присутна на берзите, а минатата недела токму таа неизвесност предизвика големи турбуленции за сите големи светски берзи. Шокот што го предизвикаа царините на претседателот Доналд Трамп се смири откако дел од нив беа повлечени или ставени во мирување. Ова доведе до стабилизација на пазарите до крајот на седмицата, но […]