Овие брендови значително ќе поскапат поради царините на Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп воведе широк пакет царини за увезената стока, вклучувајќи основна царина од 10 проценти за повеќето производи и царина од 30 проценти за кинеските производи. Некои артикли, како челик и алуминиум, имаат уште повисоки царински стапки. Последиците се веќе видливи – сè повеќе големи компании предупредуваат дека ќе мора да ги зголемат […]

Трамп го продолжи рокот за трговски договор со ЕУ до 9 јули


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да го продолжи рокот за постигнување трговски договор со Европската Унија до 9 јули. Трамп во петокот изрази незадоволство од текот на разговорите и се закани со 50-процентни царини на увозот од ЕУ почнувајќи од 1 јуни. Но, синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, […]

Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано


Новата линија Базел – Охрид стартува 4 месеци порано. „Европскиот аеродром“, како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург, е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави – Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора“, […]

Доларот нагло падна, еврото расте


Нa девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути нагло падна откако „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД, со што приносите од американските државни обврзници се зголемија. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, падна за 1,9 проценти на 99,10 поени минатата недела. […]

Маск го коментираше падот на Икс


Социјалната мрежа Икс (X, порано Твитер) е повторно во центарот на вниманието на јавноста откако се урна глобално денес попладне, оставајќи десетици илјади корисници без пристап до платформата. Услугата беше недостапна околу два часа, а корисниците пријавуваа проблеми со вчитувањето на резимеата на објавите и испраќањето приватни пораки. Сервисот за следење на прекините на интернет […]

Социјалната мрежа Икс не е достапна за корисниците во делови на светот


Социјалната мрежа Икс (X) денеска е недостапна за десетици илјади корисници ширум светот од 16 часот по средноевропско време. Голем број корисници пријавиле проблеми при пристапот до платформата, но од компанијата Икс засега нема коментар. Икс е во сопственост на Илон Маск, кој минатата година објави дека има околу 250 милиони активни корисници дневно.

Нова авиолинија: Од 31 октомври ќе се лета од Скопје до Ларнака


Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака во Кипар. – На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар. Ова е 11-та нова […]

Трамп објави статус, акциите на американската компанија за челик скокнаа за 21 отсто


Акциите на „Ју-Ес Стил“ скокнаа за 21 отсто откако инвеститорите ја протолкуваа најавата на американскиот претседател Доналд Трамп како знак дека преземањето на „Ју-Ес Стил“ од страна на јапонскиот „Нипон Стил“ е при крај. Со одобрението на Трамп, се чини дека последната голема пречка за преземање е отстранета. „Ова ќе биде планирано партнерство меѓу „Јунајтед […]

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата од Трамп за царините


Европската Унија работи „добронамерно“ за да обезбеди спроведувањето на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави да се базира на „почитување“, а не на „закани“, изјави европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ, по коментарите на Доналд Трамп за можни царини од 50 проценти. Американскиот претседател изјави дека не „бара трговски договор“ со Европската Унија, заканувајќи се […]

Нестле инвестира 88,7 милиони долари во производство на кафе во Бразил


Швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле“ објави дека планира да инвестира дополнителни 500 милиони реали (88,7 милиони долари) во производствен капацитет во Бразил во сегментот на кафени пијалоци од линијата „Нескафе“ до 2028 година. Новопланираната инвестиција следи по најавата на компанијата во мај минатата година дека ќе инвестира една милијарда реали во тој производствен сегмент во најголемата […]

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај


Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, сендицата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневен ред.  За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески кој доаѓа од Економскиот факултет и тој треба […]

Дурмиши на средба со норвешка делегација: Зголемен интерес за норвешки инвестиции во Северна Македонија


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска пречека делегација од Кралството Норвешка, предводена од Кристин Мелсом, амбасадор на Норвешка за Северна Македонија и Србија, како и претставници на владини институции и норвешки компании. Како што информираат од Министерството за економија и труд, во делегацијата биле и Анита Крокан, висок советник во Министерството за надворешни […]

САД повеќе нема да кова монетите од еден цент


Министерството за финансии на САД донесе одлука да запре со изработка на монетите од еден цент, објави весникот „Волстрит џурнал“. Паричка, што во САД се нарекува и пени, е во употреба 232 години односно од 1793 година. Одлуката се очекува да стапи во сила на почетокот на 2026 година и е донесена поради високите трошоци […]

Божиновска: Потребна е координирана акција во борбата со аерозадувањето и систем кој нема да дозволи злоупотреби


Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на надзорната расправа за аерозагадувањето, што се одржува во Собранието, истакна дека Министерството е свесно за влијанието на традиционалните енергетски капацитети, но дека проблемот со загадувањето треба да се бара и во злоупотребата на системот односно користењето на штетни горива од сомнително потекло за лична и имотна корист.  – […]

Како до пореални сметки: Од самоотчитување на потрошувачката на струја до воведување „паметни“ броила


Заклучно со 30 јуни се обезбедени количините на електрична енергија, а ЕВН Хоум ќе распише тендер за наредниот период и доколку цената што ќе се понуди е иста или приближно иста како постојната, не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски. […]

Царина: За неполни пет месеци анализирани 110 мостри горива


„Детектираме слабости, при што можеме да порачаме дека Царинската управа во изминатиот период гледа и делува како во рамките на царинската постапка, така и надвор од неа, сè со цел максимално сузбивање на криминалните дејства. Притоа за ниту еден што се обидува да го избегне законот нема простување. Она што порано значело ситен прекршок или […]

Трамп предизвика нов пад на европските берзи


Европските берзи денеска забележаа значителен пад откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 50 проценти за производите од Европска Унија, обвинувајќи го Брисел за нефер трговски практики и застој во преговорите. – Препорачувам воведување директна царина од 50 проценти за Европска Унија, објави својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social). […]

Трамп му се закани на „Епл“ со царина од 25% ако не произведува „ајфони“ во САД


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ се закани на Apple со царина од 25 проценти доколку не ги произведува своите iPhone уреди во САД. „Одамна го информирав Тим Кук од „Епл“ дека очекувам нивните „Ајфони“ да се продаваат во Соединетите Држави, да бидат произведени и склопени во Соединетите Држави, а не во Индија […]

Бислимовски не исклучува поскапување на топлинската енергија, по одлуката на Уставен суд


 Ја дознавме Одлуката на Уставниот суд од медиумите, се уште немаме добиено официјално известување. Вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, но оваа Одлука значи дека апсолутно сега се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно […]

Вршителите на енергетски дејности од 29 мај до 30 јуни да поднесат барање за промена на лиценцата


 Во рок од еден месец, од 29 мај до 30 јуни, вршителите на енергетски дејности треба да поднесат барање за промена на лиценцата до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Согласно новиот Закон за енергетика, ваква обврска имаат и носителите на лиценци за пробна работа. Како што соопшти денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, промената на […]