Самит „Македонија 2025“ (во живо)


Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на Самитoт „Македонија 2025“, што се одржува од денеска во Скопје.

Кина и САД постигнале договор? „Она за што се согласивме е одлична вест за светот“


САД и Кина ги завршија дводневните трговски разговори во Женева со позитивен исход, најавувајќи заедничка изјава што ќе биде објавена подоцна во текот на денот. Американските претставници го истакнаа постигнувањето договор што ќе го намали трговскиот дефицит на САД, додека кинеските претставници изјавија дека страните постигнале важен консензус и се согласиле да започнат нов форум […]

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 4 проценти минатата недела


На глобалните пазари, цените на нафтата пораснаа за повеќе од 4 проценти минатата недела, што е нивно прво неделно зголемување од средината на април. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна за 4,3 проценти, на 63,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 4,7 проценти, на 61,02 долари. На почетокот […]

Почнува Самитот Македонија 2025 – во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција


Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на Самитoт „Македонија 2025“, што ќе почне денеска во Скопје. Економски експерти, директори на тинк-тенкови, […]

Мицкоски најави влегување на македонскиот пазар на швајцарска фирма што во Велес работи веќе 18 години


Фармацевтската швајцарска компанија „Ронтис“ изразила желба да отвори погон во Македонија, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ова можеби ќе беше некаква вест, ако „Ронтис“ првпат доаѓаше во Македонија. Имено, „Ронтис“ веќе работи во Велес и тоа од 2007 година и произведува крвни линии за хемодијализа. „Приоритет на оваа Влада е привлекување на нови странски инвестиции. […]

Каде е најлесно да се започне бизнис во Европа? Ова се петте најдобри земји


Во кои европски земји е релативно најлесно во моментов да се започне нов бизнис, со оглед на моменталната економска средина? Ова е прашањето на кое „Еуроњуз“ се обиде да одговори по зголемените трговски тензии меѓу ЕУ и САД, како и меѓу ЕУ и Кина, што доведоа до зголемена деловна, економска и финансиска нестабилност во последните […]

САД и Кина денеска почнуваат трговски преговори во Швајцарија


 Министерот за финансии на САД Скот Бесент и трговскиот претставник Џејмисон Гриер денеска во Швајцарија ќе се сретнат со кинескиот потпретседател на владата, Хе Лифен, на првите преговори меѓу двете страни во услови на глобална несигурност предизвикана од трговската војна, пренесе ДПА. Преговорите во Женева ќе бидат внимателно следени поради трговската војна иницирана од американскиот […]

Кочовска: Со парите на даночните обврзници нема да се спасуваат неликвидни банки


Министерството за финансии презеде повеќе законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка со цел зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем и градење силни банки, кои се силен партнер во спроведување на политиките на Владата за поддршка на домашната економија. Ова го наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во новото издание на […]

Рафуна и Азески разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница


Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од […]

УЈП: Фискалните каси да имаат точни адресни податоци, локација и редовно да се одржуваат во овластени сервиси


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги со готовински плаќања дека се должни  за секое работно место каде што се врши прометот да воведат и користат фискален систем на опрема, задолжително да издаваат фискална сметка за секој извршен промет и редовно да ги одржуваат и сервисираат фискалните […]

Трамп: Царините од 80 отсто за Кина се чинат фер


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините од 80 проценти за кинеските стоки „изгледаат фер“, додека претставниците на двете земји се подготвуваат за разговори во текот на викендот за ограничување на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот. Американскиот министер за финансии Скот Бесент и главниот трговски преговарач Џејмисон Греет ќе се сретнат со […]

Зголемени цените на индустриските производи


Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.4  проценти, а во однос на март минатата година за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). На странските пазари, во март 2025 година продажните цени на […]

Независноста и кредибилитетот на НБ се предуслов за стабилноста, вели шефицата на Мисијата на ММФ, Анет Кјобе


„Силна институционална и оперативна независност на централната банка е суштински предуслов за стабилна монетарна политика и заштита на економската стабилност“, оцени шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за нашата земја, Анет Кјобе, во интервју за МИА. Таа истакна дека стабилната основа на која е поставена монетарната политика на Народната банка овозможува успешно одржување […]

Истече мерката за замрзнување на маржите, цените се вивнаа до небо!


Откако на 30 април заврши владината мерка за замрзнување на трговските маржи за основни производи, цените во малопродажбата во Северна Македонија доживеаја остар скок. Потрошувачите сега се соочуваат со драматични поскапувања, особено кај свежото овошје и хигиенските производи. Во одредени супермаркети, цената на килограм цреши достигна 1359 денари, цитроните се продаваат за 130 денари, а […]

„Prime Capital powered by Adora“ — компанија основана од македонски капитал и визија, сега дел од светските финансии


New York SEC го акредитираше Prime Capital powered by Adora како прва инвестициска консултанска компанија со Македонски капитал со седиште на Вол Стрит Со формирањето на “Prime Capital powered by Adora” на Волстрит во Њујорк, компанија основана од македонски основачи и капитал за првпат добива своја институција во срцето на глобалната финансиска сцена. Како прва инвестициска консултантска компанија […]

Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесувале 4.771,2 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,3%), по што следуваат монетарното злато (13,4%) и валутите и депозитите (11,2%).

Трамп го претстави трговскиот договор со Велика Британија. Еве што ќе значи за двете земји


Вашингтон– Во директно обраќање од Овалната соба, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство постигнаа трговски договор. Тој истакна дека станува збор за првиот „фер, транспарентен и реципрочно ориентиран трговски договор“ кој ќе им користи на американските производители на месо, етанол и други извозници. Тој додаде дека Велика Британија е […]

Илјадници ситни инвеститори загубиле милиони долари од новата криптовалута $TRUMP


Вашингтон – Повеќе од 67.000 нови или мали инвеститори загубиле милиони долари откако од јануари до сега вложиле во $TRUMP, криптовалутата на американскиот претседател Доналд Трамп, се дознава од анализа на „Вашингтон пост“. Иако некои луѓе блиски до Трамп профитирале од овој проект од прадажба и провизии, 80 отсто од купувачите на криптото кои инвестирале вкупно […]

Бил Гејтс има план да ги подари „речиси сите“ пари и да ја угаси Фондацијата Гејтс за 20 години


Кога Бил и Мелинда Френч Гејтс ја создадоа Фондацијата Гејтс во 2000 година, тие планираа организацијата да продолжи со својата работа, користејќи го преостанатото богатство, неколку децении по нивната смрт. Но, сега, милијардерот основач на Мајкрософт вели дека не сака да чека толку долго за да го даде поголемиот дел од своето богатство. Гејтс во […]

Форум на добри компании 2025: Платата привлекува, но работната култура задржува


  Во атмосфера полна со иновативни идеи и енергија за промена, на 8 мај во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“ се одржа Форум на добри компании 2025, настан што собра влијателните лидери, експерти и креатори на промени од Балканот и Европа – за да дискутираат за еден од најголемите предизвици на современото работење: како да […]