Наредната недела ќе се формира Координативно тело, официјално почнува реализација на Договорот со Велика Британија


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва најави дека на почетокот од следната седмица ќе биде формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија за партнерство за остварување на инфраструктурни проекти. -Веќе наредниот вторник ќе имаме формирано Координативно тело за реализација на Договорот со Велика Британија. Министерството за финансии ќе започне процес […]

Мицкоски живее во паралелен свет: СДСМ за економијата во земјава


Опозициската СДСМ денеска преку соопштениет до медиумите реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за растот на БДП, оценувајќи дека „добрата економска слика“ е уште една провидна манипулација со кои се обидува да ја замагли катастрофалната реалност во која живеат граѓаните. „Очигледно Мицкоски живее во паралелен свет, целосно отсечен од реалноста во која луѓето во […]

Огњен Лазиќ ја презема функцијата генерален директор на Пивара Скопје


Од 1 јуни, нов генерален директор на Пивара Скопје е Огњен Лазиќ. Тој доаѓа на местото на Душан Митрев, кој е унапреден на нова позиција во рамки на Coca-Cola HBC групацијата. Новиот генерален директор Лазиќ доаѓа од позицијата директор за маркетинг и комерцијална извонредност во „Бамби“, Србија. Има богато искуство во индустријата за пијалаци и […]

Растот на БДП во првиот квартал е 3 отсто, најмногу придонесе градежништвото


Растот на домашниот бруто-производ во првиот квартал годинава изнесуваше 3 отсто, соопшти  денес Државниот завод за статистика. Од стопанските гранки најголем пораст забележаа градежништвото од 7,1 отсто, а повисока стапка на раст имаше и преработувачката индустрија од 3,7 отсто, покажуваат податоците на ДЗС. Според трошочниот метод, бруто инвестициите забележаа реален раст од 18 отсто, финалната […]

Платформа за праведна енергетска транзиција: Македонија ја повикува меѓународната заедница на партнерство


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го отвори координацискиот состанок на Платформата за праведна енергетска транзиција – JETIP, истакнувајќи ја цврстата посветеност на Владата за спроведување на фер и инклузивна енергетска транзиција во земјата. -Оваа платформа не е само алатка за координација на инвестиции – таа е клучниот столб на нашата национална […]

Усвоена Уредба за управување со јавни инвестиции: Ќе се подобри реализацијата на капиталните проекти, вели Димитриеска-Кочоска


Сите буџетски корисници и јавни субјекти, како јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, вклучително и општините, имаат обврска да ги доставуваат своите иницијативи за реализација на јавни инфраструктурни проекти со проценета вредност од 5 милиони евра нагоре до Министерството за финансии кое ќе прави независен преглед и проверка на прединвестициските студии. Ова е […]

Сиљановска Давкова во одбрана на гувернерот на НБМ: Славески е светски признат професор и експерт


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги отфрли како неиздржани критиките на опозицијата во однос на новиот гувернер Трајко Славески, напоменувајќи дека се работи за професор признат во светот, за човек кој не може да биде поврзан со ниту една афера, криминал или корупција и за експерт кој никако не може да биде проепознаен по партиска реторика […]

ОЕЦД: Сѐ понеповолни изгледи за светската економија поради новите царини


Светската економија се соочува со „сѐ понеповолни“ перспективи, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), предупредувајќи дека новите царини се меѓу факторите кои најмногу го забавуваат глобалниот раст. ОЕЦД ја намали проекцијата за глобалниот бруто-домашен производ (БДП) за 2025 година од 3,1% на 2,9%, при што проценката е направена врз основа на состојбата […]

Неплатениот доспеан долг на државата кон приватниот сектор скоро 241 милиони евра


Доспеаниот а неплатен долг на државата кон “физички лица“ за три месеци е зголемен со “најголемо“ темпо додека долгот на државата кон приватниот сектор достигна  241  милиони евра со зголемување од 40 милиони евра за три месеци, пишува Порталб.мк. Најголемиот должнички износ од 124 милиони евра е по основ на комунални услуги, греење, комуникации. Долгови кон приватниот […]

Дали има крај на зголемувањето на цените на кафето?


Кафето во Германија станува се поскапо. Потрошувачките цени на зрната кафе се зголемија за повеќе од 12 проценти во април во споредба со истиот месец минатата година. Скокот беше значително поголем од цените на храната како целина, кои се зголемија за 2,8 проценти, и општата инфлација, која изнесуваше 2,1 процент, објави во понеделник Федералниот завод […]

Струјата нема да поскапи? Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената


Генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев не очекува да има промена на цената по која компанијата му ја продава електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Како што истакна Узунчев на денешната средба со новинарите во Министерството за енергетика, во првиот квартал од годинава успеале да ја намалат производната цена на електричната енергија на […]

Британскиот заем нема дополнително да ги зголем капиталните расходи во Буџетот, вели Димитриеска – Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска на новинарско прашање како ќе се реализира Договорот со Велика Британија изјави дека нема да има дополнително зголемување на капиталните расходи. – Во однос на тоа какви се проекциите во рамки на фискалната стратегија и сега дали ова ќе значи дополнително зголемување на капиталните расходи, не, нема […]

ЕК ги казни „Деливери Хироу“ и „Глово“ со 329 милиони евра за картелско здружување


Европската комисија им изрече парични казни на компаниите за дистрибуција на храна „Деливери Хироу“ и „Глово“ во вкупна вредност од 329 милиони евра, поради создавање на картел во секторот за онлајн достава на храна, соопшти денеска извршната потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција Тереза Рибера.  – Компаниите се договориле да не си […]

Млади инженери од ФЕИТ започнуваат практикантска настава во Министерството за енергетика


Со средба помеѓу министерката Сања Божиновска и студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денес официјално започна летната програма за практикантска настава во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Првата група студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), кои ова лето ќе ја реализираат својата професионална пракса во рамки на […]

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра


Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција најави предлог за измени на Законот за минимална плата со кој се бара зголемување на минималната месечна плата на 30.000 денари, почнувајќи од јули 2025 година. Предлогот, како што истакна Мециновиќ, е изготвен во согласност со барањата на синдикатите и е одговор на тешката […]

Свечена академија по повод 80 години ДЗС: Статистиката е компасот што ни покажува каде сме и каде одиме, без квалитетни податоци нема квалитетна демократија


Во едно современо и транспарентно општество, статистиката претставува огледало на реалноста. Таа е компасот што ни покажува каде сме и каде одиме. Статистиката овозможува граѓанска вклученост, јавна отчетност и социјален дијалог. Без квалитетни и независни податоци – нема ниту квалитетна демократија, порачаа денеска говорниците за време на Свечената академија по повод 80 години од основањето […]

Намалувањето на царините годинава ќе го „олеснат“ Буџетот за 4,7 милиони евра


Намалувањето на царинските стапки за 67 производи, како и ослободувањето од царини на увозот од САД, годинава ќе ја „олеснат“ државната каса за 4,7 милиони евра, односно за толку ќе изнесуваат помалку приходите од наплата на царините. Ова денес на прес конференција во Владата го изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, одгововарајќи за […]

Минимално поевтинуваат сите горива од полноќ


Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95 поевтинува за 0,5 денари и ќе чини 74,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар. Поевтинува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто за […]

Започна серијалот обуки „Од бројки до одлуки“: ИСОС ја зајакнува финансиската едукација за МСП со фокус на сметководствената практика


Финансиско планирање и контрола, управување со финансии, анализа и толкување на извештаи, донесување инвестициски одлуки, стратегии за финансирање, управување со ризици и ESG-известување се главните теми опфатени со обуката „Од бројки до одлуки“, која започна во Стопанската комора на Северна Македонија. Оваа обука е прва од ваков тип, наменета за малите и средни претпријатија (МСП) […]