Истече мерката за замрзнување на маржите, цените се вивнаа до небо!


Откако на 30 април заврши владината мерка за замрзнување на трговските маржи за основни производи, цените во малопродажбата во Северна Македонија доживеаја остар скок. Потрошувачите сега се соочуваат со драматични поскапувања, особено кај свежото овошје и хигиенските производи. Во одредени супермаркети, цената на килограм цреши достигна 1359 денари, цитроните се продаваат за 130 денари, а […]

„Prime Capital powered by Adora“ — компанија основана од македонски капитал и визија, сега дел од светските финансии


New York SEC го акредитираше Prime Capital powered by Adora како прва инвестициска консултанска компанија со Македонски капитал со седиште на Вол Стрит Со формирањето на “Prime Capital powered by Adora” на Волстрит во Њујорк, компанија основана од македонски основачи и капитал за првпат добива своја институција во срцето на глобалната финансиска сцена. Како прва инвестициска консултантска компанија […]

Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра


Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесувале 4.771,2 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,3%), по што следуваат монетарното злато (13,4%) и валутите и депозитите (11,2%).

Трамп го претстави трговскиот договор со Велика Британија. Еве што ќе значи за двете земји


Вашингтон– Во директно обраќање од Овалната соба, американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство постигнаа трговски договор. Тој истакна дека станува збор за првиот „фер, транспарентен и реципрочно ориентиран трговски договор“ кој ќе им користи на американските производители на месо, етанол и други извозници. Тој додаде дека Велика Британија е […]

Илјадници ситни инвеститори загубиле милиони долари од новата криптовалута $TRUMP


Вашингтон – Повеќе од 67.000 нови или мали инвеститори загубиле милиони долари откако од јануари до сега вложиле во $TRUMP, криптовалутата на американскиот претседател Доналд Трамп, се дознава од анализа на „Вашингтон пост“. Иако некои луѓе блиски до Трамп профитирале од овој проект од прадажба и провизии, 80 отсто од купувачите на криптото кои инвестирале вкупно […]

Бил Гејтс има план да ги подари „речиси сите“ пари и да ја угаси Фондацијата Гејтс за 20 години


Кога Бил и Мелинда Френч Гејтс ја создадоа Фондацијата Гејтс во 2000 година, тие планираа организацијата да продолжи со својата работа, користејќи го преостанатото богатство, неколку децении по нивната смрт. Но, сега, милијардерот основач на Мајкрософт вели дека не сака да чека толку долго за да го даде поголемиот дел од своето богатство. Гејтс во […]

Форум на добри компании 2025: Платата привлекува, но работната култура задржува


  Во атмосфера полна со иновативни идеи и енергија за промена, на 8 мај во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“ се одржа Форум на добри компании 2025, настан што собра влијателните лидери, експерти и креатори на промени од Балканот и Европа – за да дискутираат за еден од најголемите предизвици на современото работење: како да […]

Дурмиши ќе ги чека извештаите од инспекциите, после ќе размислува за можни мерки


Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно  однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, истакна на денешната прес-конференција министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. […]

Економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција во фокусот на Самитот „Македонија2025“ што почнува в понеделник


Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на претстојниот Самит „Македонија 2025“, што ќе почне в понеделник. Економски експерти, директори на тинк-тенкови, […]

Турски „Џагатај Кабло“ ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на производството во ТИРЗ Скопје 1


Турската компанија Џагатај Кабло која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1 ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на своето производство со изградба на нов објект од околу 10 000 квадрати, што ќе донесе нови 200 вработувања, соопшти Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони. Оваа нова фабрика која ќе биде двојно […]

Анализа на „Пари“: Придонеси за државата, здравје „на приватно“ – парадоксот на системот


Кој може да плати, без размислување се определува за услугите на приватното здравство. Приватните болници се избор и на тие што немаат вишок средства, особено кога се работи за одделни интервенции за кои се плаќа партиципација. А, и кога нема таква можност, се подигнуваат банкарски кредити. Руинираното јавно здравство, без оглед на стручноста на преостанатиот […]

Балансот меѓу работата и приватниот живот станува фактор при изборот на работното место


Поради иселувањето, недостига не само нискоквалификувана работна сила, туку и висококвалификуван кадар, а по Ковид пандемијата висината на платата не е пресуден фактор за изборот на работното место, туку колку работното место овозможува баланс меѓу работата и приватниот живот, беше посочено на денешниот 5. Форум на добри компании што се одржува во Скопје. Според извршната […]

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на СБ: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста, таа е околу половина од европската


Економијата постепено закрепнува од шоковите, а нивото на доход изнесува околу 42 проценти од европското. За побрза доходовна конвергенција и за намалување на овој јаз важни се структурните реформи со кои ќе се зголеми потенцијалот за раст којшто во изминативе две декади во регионот на Западен Балкан, вклучително и во нашата економија, е речиси преполовен. […]

Николски вели погрешна била информацијата дека државата ќе се задолжи шест милијарди евра


Не знам како е тоа пласирано во јавноста, но делот дека толку ќе се задолжи државата е погрешно пренесен, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во врска со информацијата дека Владата планира да земе шест милијарди евра кредит од европска држава. Во гостување на ТВ Сител, Николоски потенцира дека за кредитот работите […]

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски дел од 28-миот Евроазиски Економски Самит во Истанбул


Директорот Гоце Димовски, како дел од владината делегација предводена од министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, заедно со Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања, денеска присуствуваше на 28-миот Евроазиски Економски Самит, во Истанбул, Турција, организиран од страна на Фондацијата за стратешки и општествени истражувања – Мармара Груп. Тој се обрати на панелот со тема „Екологија, […]

Силен раст на просечните плати низ целиот регион во 2024 година


Според најновите податоци од Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW), највисока просечна бруто плата меѓу земјите од Централна и Источна Европа во периодот од јануари до декември 2024 година е забележана во Словенија, која во просек изнесувала 2.395 евра. Потоа следуваат Полска (1.912 евра) и Чешка (1.846 евра), а потоа и Хрватска. Пониски просечни […]

Да не дозволиме долговите да ја загрозат стабилноста: Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит


Македонија се наоѓа на пресвртница – соочена со предизвици дома, но и со перспектива за членство во ЕУ. Реформската агенда 2024-2027 година, којашто е поддржана од Европската комисија, е јасен пат за трансформација на економијата и општеството кој содржи конкретни реформски критериуми и резултати. Реформи коишто ќе ги спроведуваме не само заради членство во ЕУ, […]

Министерката Божиновска 90 отсто сигурна дека нема да има „блек аут“ како во Шпанија и во Португалија


Нема да имаме „блек аут“ како во Шпанија и во Португалија. Подготвени сме и се надеваме дека нема нешто такво да се случи. Не можам да тврдам 100 проценти, но со 90-отстотна сигурност можам да го тврдам тоа, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа нагласи дека ситуацијата постојано се […]

Гасниот интерконектор со Грција почнува да се гради, ќе биде ставен во функција во 2027 година


НОМАГАС АД Скопје денеска потпиша договор со кумановската фирма Рапид Билд Доо за изградба на гасниот интерконектор со Грција, на потегот од Гевгелија до Неготино во должина од 68 километри, со кој се предвидува целосно да биде готов во рок од 22 месеца и да биде ставен во функција во 2027 година. Изградбата на интерконекторот […]