Девет земји бараат данок на луксузни летови: „Оние што загадуваат повеќе треба да плаќаат повеќе“


Коалиција од девет земји, вклучувајќи ги Франција и Шпанија, предводи кампања на конференцијата на ОН за климатските промени (COP30) во Бразил за воведување дополнителен данок на билетите за бизнис класа и приватни авиони. „Оние што загадуваат повеќе треба да придонесат повеќе“, рече шпанската амбасадорка во Бразил, Марија дел Мар Фернандез-Паласиос, во изјава објавена во саботата […]

Војната за иднината на онлајн купувањето е започната


Купувањето со еден клик одамна стана стандард. Сега најголемите технолошки компании одат еден чекор понатаму: тие подготвуваат асистенти со вештачка интелигенција кои ќе купуваат наместо вас. „Гугл“, „Амазон“ и ОпенАИ се тркаат да воведат нови алатки базирани на вештачка интелигенција во своите платформи, со цел да освојат клучен сегмент од онлајн животот – купувањето. „Ако […]

Грин Машинс со мотото „GREEN FORCE“ ги претстави своите електрични на  модели на ECOMONDO 2025 ВО Римини


Грин Машинс учествуваше на саемот во Италија  ECOMONDO 2025, водечкиот италијански настан посветен на зелени технологии, рециклирање и одржлив урбан развој. На штандот беа изложени целата палета електрични комунални возила на Грин Машинс, вклучувајќи најсовремени решенија за урбано чистење, компактни машини за тесни градски зони, високо продуктивни sweepers со нулта емисија, како и нови технолошки надградби кои нудат пониска бучава, […]

Вицепремиерот Николоски ќе го отвори Виенскиот економски форум, ќе ги презентира економските политики на Владата


 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Виена, Австрија, каде учествува на Виенскиот економски форум. Како што информира денеска Министерството за транспорт, во рамки на посетата Николоски ќе го отвори Виенскиот економски форум и ќе оствари политички и економски средби. – Имам чест да бидам поканет на Виенскиот економски форум […]

Доларот ослабе во однос на кошничката валути втора недела по ред


Вредноста на доларот во однос на кошничка валути падна минатата недела по втор пат по ред, при што американската валута се зајакна во однос на јапонскиот јен и падна во однос на европската валута. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шесте главни светски валути, ослабе за 0,3 проценти […]

„Винтиџ“ продавниците кај нас се уште мисловна именка, на прсти се бројат и дуќаните за облека од „втора рака“


Дали некогаш „ви паднало во очи“ дека, додека шетате низ Скопје, повеќето луѓе се слично облечени, дека речиси сите личат еден на друг? Колку често среќавате некој „автентичен“ по кого дури и ќе се завртите зашто е интересен, зашто „се дрзнал“ да искомбинира „невообичаени“ бои и парчиња кои не би ви ни текнало да ги […]

Трамп укина дел од царините и ја призна грешката


Под притисок да ги намали трошоците за живот за Американците, Доналд Трамп во петокот ги укина самонаметнатите царини за секојдневниот увоз како кафе, авокадо и говедско месо. „Одлучив дека одредени земјоделски производи не треба да подлежат на реципрочни царини“ воведени во април, објасни американскиот претседател во извршна наредба објавена на веб-страницата на Белата куќа. Листата […]

Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи


Временските услови во изминатите денови, со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд, беа поволни за некои житни култури кои се во фаза на никнење како што е пченицата, велат агрометеоролозите. Според нив, врнежите во овој период се многу значајни, посебно количеството на влага, што е услов за ртење и никнување на семето. -Освен […]

Македонија и Унгарија договорија соработка во енергетиката


Делегација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, предводена од државниот секретар Горан Јовановски, учествуваше на седницата на Мешовитиот комитет со Унгарија, на која се потврдија заедничките стратешки приоритети и заложби во енергетиката. Експертските работни групи од двете министерства за енергетика усогласија стратешки точки кои ќе ја унапредат енергетската инфраструктура, ефикасноста и иновациите.Потпишувањето на […]

Гугл мора да плати отштета од 465 милиони евра на германски портал


На „Гугл“ му е наредено да му исплати на германскиот портал   „Идеало“ околу 465 милиони евра отштета за кршење на антимонополските правила, според пресудата на судот во Берлин во петокот.   Овој пребарувач на цени, во мнозинска сопственост на медиумската група „Аксел Спрингер“, го обвини „Гугл“ за злоупотреба на својата доминантна позиција како пребарувач во […]

САД и Велика Британија ги одложуваат санкциите за Лукоил во Бугарија


Плаќањата кон и од подружниците на Лукоил во Бугарија се привремено заштитени откако Велика Британија и САД  објавија одложување на нивните санкции против рускиот нафтен гигант. Ова ѝ дава на бугарската влада приближно четири месеци да се осигура дека приходите од овие компании нема да стигнат до руските сопственици, со што ќе се спречи какво […]

По ДДВ, за пратките од „Тему“ ќе се воведе и царина


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска најави дека Македонија ќе ја следи практиката на ЕУ околу царинењето на пратките од Тему и другите онлајн платформи преку кои се набавуваат евтини производи од Кина. Со оглед дека во ЕУ веќе има постапка за воведување царини на евтиниот увоз од Кина преку е-трговијата, тоа значи дека и […]

Ќе се проверува дали системот за ИПАРД гарантира легалност и регуларност, вели Димитриеска-Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со временото запирање на ИПАРД програмата, кажа дека ќе се прават дополнителни проверки за да се утврди дали воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата, како и постоење мерки за заштита од измама и корупција. -Министерството за финансии односно Националниот координатор на ИПА фондовите кој се наоѓа […]

Пустинска железница го трансформира Египет: 41 нови брзи возови ќе ги поврзуваат клучните градови


Египет се подготвува за транспортна револуција со воведувањето брзи возови кои наскоро ќе возат низ пустинскиот пејзаж. Siemens Mobility неодамна претстави нова генерација возови Velaro, дизајнирани за египетската клима, кои ќе достигнуваат брзина до 250 километри на час и ќе ги поврзуваат клучните градови низ целата земја, пишува Си-Ен-Ен. Пустински возови за 90 отсто од […]

Кина откри огромно наоѓалиште на злато


Кина денес ја објави веста за историско откритие – пронајдено е најголемото поединечно наоѓалиште на злато во земјата во последните повеќе од 70 години. Според Министерството за природни ресурси, рудникот за злато Дадонгоу, кој се наоѓа во североисточната покраина Лиаонинг, крие дури 1.444,49 тони докажани резерви, објавува Анадолија. Како што објави државниот весник „Глобал тајмс“, […]

За опозицијата Предлог-буџетот е потрошувачки и се носи нетранспарентно, за власта ветува развој


Дијаметрално спротивни ставови за Предлог-буџетот 2026 изнесоа денеска пратениците од власта и опозицијата на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет. За опозицијата Предлог-буџетот е потрошувачки и се носи нетранспарентно, документ наметнат со сила, креиран без суштинска консултација со буџетските корисници, а за власта ветува развој и е економска порака за стабилност. Според пратеникот […]

Битиќи: Новиот буџет носи рекордно задолжување


На денешната комисиска расправа за финансирање на буџет, пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи обвини дека предложениот буџет на Владата носи рекордно задолжување и историски најголемо плаќање камати. „Во 2026 година јавниот долг ќе се искачи над 62% од БДП, со планирано задолжување над 120 милијарди денари и „рекордни 21,27 милијарди за камати“, посочи Битиќи. Тој […]

Американски фонд би можел да ги преземе средствата на „Лукоил“, во пакет и пумпите во Македонија?


  Американскиот инвестициски фонд „Карлајл“ разгледува опции за купување на странските средства на санкционираниот руски нафтен гигант „Лукоил“ „во пакет“, изјавија три извори за Ројтерс. Кон крајот на октомври, Министерството за финансии на САД воведе санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, обидувајќи се да ги ограничи буџетските приходи на Русија и нејзината способност да ја финансира […]

Прилепскиот комбинат откупот на тутунот ќе го почне во вторник


 Прлепскиот тутунски комбинат во вторник, на 18 ноември,  ги отвора вратите за откуп на тутунот на 34 пункта во земјава.  Ќе преземе 2.300 тони тутун и ќе исплаќа двапати неделно. Цените по класи се поголеми за 5 проценти од другите откупувачи. -Подготвени сме за откуп на договорениот тутун со кооперантите. Во вторник ќе бидат отворени […]

Беџети: Владата го усвоила Предлог-буџетот за 2026 година без мислење на Фискалниот совет


Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети, денеска изјави дека Владата го усвоила Предлог-буџетот за 2026 година без неопходното Мислење на Фискалниот совет, како што налагаат правилата, односно Фискалниот совет немал увид во предложениот документ пред неговото усвојување од страна на Владата. Ова Беџети го изјави пред пратеницвите на седница на Комисијата за финасирање и […]