Сопственикот на Лидл и Кауфланд инвестира 11 милијарди евра во центар за податоци во Германија


Групацијата „Шварц“, сопственик на Лидл и Кауфланд, денес објави дека ќе инвестира 11 милијарди евра во изградба на центар за податоци во својата матична земја, Германија. Објавената сума е најголема во историјата на групацијата, посочија тие. Околу 2,5 милијарди евра ќе бидат инвестирани во изградбата, а остатокот во ИТ инфраструктура, вклучувајќи околу 100 илјади специјални […]

„Големите приказни на малите херои“: „Бекутан“ со панел го одбележа Светскиот ден на недоносените деца


Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки и најхрабри борци – предвремено родените бебиња, се вели во соопштението од Алкалоид . „Верувајте во вашите мали херои, кои не по своја желба ја започнале животната борба многу порано од своите […]

ТИТАН УСЈЕ со едукативни работилници за циркуларна економија и декарбонизација –  поттикнува поголема соработка во заедницата 


Зајакнување на капацитетите на сите чинители за одржливо управување со отпад, и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“. Проектот  го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија.  Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите […]

Бескрајно посветени на виното, традицијата и луѓето – одржано 16-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“


Во годината на големиот јубилеј – 140 години традиција, визија и лидерство, винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци го одржа 16-тото издание на Фестивалот на младо вино. Традиционално, третиот викенд во ноември, 16-та година по ред, годинешниот фестивал повторно ги собра бројните пријатели, партнери и соработници на „Тиквеш“, како и претставници на дипломатскиот кор и институциите, […]

Цената на руска нафта падна 36 долари за барел по американските санкции


  Цените на руската нафта продолжуваат да паѓаат поради намалената побарувачка во Индија и Кина, кои беа погодени од американските санкции против „Роснефт“ и „Лукоил“. Цената на „Урал“, главната извозна класа за руските производители на нафта, падна на 36,61 долари за барел на крајот од минатата недела кога беше натоварена од пристаништето Новоросијск, објавува Блумберг, […]

„Средношколец Милионер“: Избор на 20 бизнис идеи кои ќе се борат за милион денари


Дваесетте најдобри средношколски тимови кои продолжуваат во полуфиналето на натпреварот „Средношколец Милионер“ ќе бидат избрани вечер, а селекцијата следува по повеќенеделна работа, гласање и стотици исфилтрирани идеи. – После десетици илјади гласови од публиката, од над педесет амбициозни идеи, само дваесет ќе направат чекор поблиску до наградата од 1.000.000 денари. Во рамките на натпреварот, 53-те […]

Вработените во „Лукоил“ во голема неизвесност што ги чека по 21 ноември


  За вработените во „Лукоил Македонија“, кои ги има околу 500, петок, 21 ноември, кога е можно да се активираат американските санкции кон фирмата мајка, е денот Д, кон кој се движат во целосна неизвесност за својата иднина. Или, можеби ќе може да здивнат до 13 декември, до кога американската администрација го продолжи рокот за […]

Тутунскиот комбинат Прилеп од утре започнува со откуп на тутун, реколта 2025


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп, Александар Алексовски, на која се разговараше за почетокот на откупот на тутун од реколта 2025 година. -Се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година, согласно процедурите, мострите во текот на денешниот ден ќе […]

Поскапуваат бензините и дизелот


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена […]

За опозицијата Предлог-буџетот за 2026 година е неразвоен и нереформски, за власта е реален


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжи расправата за Предлог-буџетот за 2026 година. И денеска пратениците од власта и опозицијата со спротиставени ставови и меѓусебни обвинувања за растот на економијата и за тоа кој повеќе придонел за животниот стандард на граѓаните. За опозицијата, предложениот буџет не се темели на реални проекции, […]

Прогноза на ЕК: Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години


Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се предвидува тој да продолжи да забрзува и во следните две години, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка, се наведува во денеска објавената Есенска економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот посветен на економските перспективи […]

Од глоби за непазарно однесување на трговците досега собрани 2,5 милиони евра


Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување, рече денеска  заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет. Одговорајќи […]

Ристески: Се додека не се постигне договор во рамки на ЕСС, зголемувањето на минималната плата ќе се пресметува со постојната формула


Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС), ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само ако има трипартитна согласност во ЕСС, од сите засегнати страни, рече денеска заменик-министерот […]

Економскиот раст на ЕУ во првите три квартали од 2025 година ги надмина очекувањата


По силните економски перформанси во првото полугодие поттикнати од растот на извозот во очекување на зголемување на царините, економијата на ЕУ продолжи да расте и во третото тримесечје од 2025 година, со што економскиот раст на Унијата во првите три овогодишни квартали ги надмина очекувањата, покажуваат податоците во Есенската економска прогноза на Европската комисија за […]

Поскапеа јајцата


Јајцата поскапеа за 30–40 денари по табла низ продажните места. Многумина реагираат дека деновиве и тешко се наоѓа овој прехрамбен производ.  Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 […]

Летовите во САД се враќаат на нормален распоред


Американската Федерална управа за авијација (ФАА) соопшти дека утре ќе ја укине наредбата за итно намалување на летовите, со што ќе овозможи продолжување на нормалните операции и ќе стави крај на повеќедневните нарушувања, јави ДПА. Нормалниот распоред може да продолжи од утре во 6 часот наутро (1100 GMT), се вели во заедничката изјава на секретарот […]

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција


„Фич Рејтингс“ објави дека го подобри долгорочниот кредитен рејтинг на Грција од БББ минус на БББ, наведувајќи го забрзаното намалување на долгот, силните фискални резултати и солидниот економски раст. „Фич Рејтингс“ објави дека Грција е на добар пат да го намали односот долг-БДП за речиси 20 проценти во 2024 и 2025 година. Се очекува нивото […]

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжи седницата за Предлог-буџетот за 2026 година. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, […]

„Роботика – иновации кои го менуваат светот“ во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025


Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска ќе присуствува на отворање на настанот во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025, на тема „Роботика – иновации кои го менуваат светот“. Настанот, кој е во организација на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, ќе ги промовира иновациите, роботиката и технолошкиот развој, со […]

Николоски го отвори Виена економскиот форум


Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Виенскиот економски форум (VEF) ја поттикнува економската соработка меѓу земјите од регионот „од Јадран до Црно Море“ и ги обединува бизнис-заедницата, институциите и политичките чинители со фокус на развој на заеднички проекти во […]