За работниците веќе не се доволни 500 евра за минимална плата, бараат од 600 до 700 евра


Работниците во земјава сметаат дека минималната плата треба да се зголеми од 600 до 700 евра, покажува анкетата што ја спроведе Сојузот на синдикати на Македонија на 11 и 12 овој месец на репрезентативен примерок од 1.613 испитаници. Ова е повеќе од досегашното барање на ССМ, кое се позиционираше на 500 евра. Сега изнесува  24.400 […]

Мицкоски пак се дистанцира од минималната плата, тоа зависело од дијалогот меѓу синдикатите и работодавачите


 Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот, е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите.  – Што се однесува до минималната плата имаме закон и во целост го […]

За Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот за 2026 е економска порака за стабилност, доверба и развој


Ова не е само уште еден документ со бројки и табели, ова е економска порака за стабилност, доверба и развој, како и јасен доказ за одговорното управување со јавните финансии што го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пред матичната собраниска Комисија го образложува Предлог-буџетот за […]

Вицегувернерката Митреска: Политиките на централната банка придонесуваат за намалување на инфлацијата и за финансиска стабилност


„Македонската економија покажува стабилност и отпорност, и покрај зголемената светска геополитичка неизвесност. Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата преку внимателно обмислени мерки што придонесоа за смирување на инфлацијата и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во своето обраќање на дванаесеттата конференција по ред […]

Фискалниот совет во Предлог-буџетот за 2026 не гледа намалување на сивата економија, а капиталните расходи, иако помали, тешко ќе се реализираат


Фискалниот совет во Мислењето по однос на предложениот Буџет за 2026 година, смета дека приходите кои што ги предлага Владата, чиј попраст е помал дури и од предвидениот економски раст, не влеваат надеж дека тие ќе се резултата на намалување на сивата  економија, а за капиталните расходи, вели дека иако се намалени во однос на […]

Content Positive 2025: Дигиталниот простор нуди вредност само ако го користиме свесно


Oдговорното користење на дигиталниот простор е клучно за поттикнување здрави навики и позитивни онлајн-искуства – истакна Мукаетов на конференцијата за безбеден дигитален простор.   Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој […]

Годинава помалку договорени и извршени работи на македонската градежна оператива во странство


Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува  134 137 илјади денари, што е за 63.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за стстистика. Во наведениот период, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од  106 […]

Битиќи: Владата нема капацитет за реализација на капитални инвестиции


  Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.   „Ако оваа година, 2025-та, […]

Божиновска на средба со делегација на Светска банка, во фокусот гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со висока делегација на Светска банка, предводена од г. Charles Cormier, Регионален директор за инфраструктура (транспорт и енергија), и г-ѓа Xiaoqing Yu, Директорка на Канцеларијата на Светска банка за Македонија. Средбата беше посветена на стратешките енергетски приоритети, зелените инвестиции и унапредувањето на институционалната […]

Новото банкарство за млади е тука! Zipp Club пакет од Комерцијална банка – бесплатно, забавно и полно со поволности!


Комерцијална банка го лансираше Zipp Club пакетот – нова и возбудлива програма за млади до 29 години со бесплатно банкарство и многу дополнителни бенефиции што ги следи енергијата, слободата и стилот на младоста. Наменет е за млади што сакаат целосно дигитално искуство комбинирано со ексклузивни попусти, награди, бенефити при патувања и учество во корисни иницијативи […]

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година


Во собраниската Комисија за финансираењ и буџет денеска треба да почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, поднесени се над 100 амандмани.  Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди […]

ЕУ планира воведување царини за нарачките преку Тему, Шеин и АлиЕкспрес


Брисел– Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираа измена на Регулативата за царини, со која би се укинало сегашното правилото за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра.  Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука […]

Италијански банкарски гигант: Една мала грешка и ќе им дадеме милијарди на Русите на послужавник


Италијанската банка „УниКредит“ се обидува да се придржува до меѓународните санкции врз својата руска единица, а истовремено се обидува да избегне потези што би можеле да ја натераат Москва да ја национализира, изјави во четврток извршниот директор Андреа Орсел. Напорите за избегнување на кршење на западните санкции врз Русија бараат огромен напор и никој не […]

Предлогот со ДДВ да се оданочуваат и пратки од увоз до 22 евра помина на матичната собраниска Комисија


 Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност го помина првото читање пред собраниската Комисија за финансирање и буџет. -Се предлага укинување на постојното ослободување од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност, до 22 евра, испорачани од странство до примачи во Македонија. Предлогот предвидува и ослободување од ДДВ за […]

Славески пред дипломатите: Макроекономската слика укажува на отпорност и солидни економски изгледи


Макроекономската слика за домашната економија укажува на отпорност и солиден економски раст, надолно приспособување на инфлацијата и претежно стабилна платнобилансна позиција, којашто обезбедува адекватно ниво на девизни резерви, посочи гувернерот Трајко Славески, кој ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025 ‒ 2028 година пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните […]

Нема вонредно зголемување на минималната плата, усогласувањето ќе биде во март, вели Дурмиши


Министерот за економија, Бесар Дурмиши, денеска уште еднаш ги „олади“ синдикатите со барањето за зголемување на минималната плата велејќи дека нема да има вонредно зголемување на „минималецот“, туку дека ќе се чека редовното усогласување во март идната година. Дурмиши потсети дека минималната плата годинава се зголеми за околу 2.000 денари Според Законот за минимална плата, […]

Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова


Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880 илјади евра ќе бидат испалтени на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница. Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде […]

ЕП изгласа продолжување на трговските олеснувања за Западен Балкан до 2030 година


Европскиот парламент денеска усвои предлог за продолжување на трговските олеснувања за одредени земјоделски производи од Западен Балкан до 2030 година. Извештајот на известувачот Крис ван Дајк, кој предлага измена на регулативата за исклучителни трговски мерки за земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација, беше усвоен со 543 […]

МФ: Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова


 Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880 илјади евра ќе бидат испалтени на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница. Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде […]

Брендот за обликување на телото на Ким Кардашијан, Skims, достигна вредност од 5 милијарди долари


Skims, брендот за обликување на телото, ко-основан од познатата личност и претприемачка Ким Кардашијан, вели дека сега е проценет на 5 милијарди долари (2,93 милијарди фунти) откако собра 225 милиони долари ново финансирање. Компанијата вели дека планира да ги искористи парите од инвеститорите, вклучувајќи ја и филијалата на банкарскиот гигант од Волстрит, Goldman Sachs, за да […]