Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната


Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цените, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки.  Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина […]

Директорот на ЏП Морган го одбрани шефот на ФЕД, па Трамп го нападна и него


  Доналд Трамп го нападна шефот на банката ЏП Морган, Џејми Дајмон, велејќи дека извршниот директор на Волстрит погрешил кога сугерирал дека ја поткопува независноста на Федералните резерви. Претседателот на САД и неговата администрација се соочија со критики поради нивните напади против претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, кој сега се соочува со кривична истрага […]

Министерката го означи како успех издавањето на еврообврзницата од една милијарда евра


  Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска го претстави како важен успех на државата што Македонија се задолжи за нови една милијарда евра, кои, како што рече, со меѓу најповолните во регионот и пошироко. И дека дополнително ја зацврстува позицијата на државата како стабилен, кредибилен издавач на меѓународните финансиски пазари. Успешната аукција, рече министерката, претставува […]

Ни Трамп, ни царини: Кина објави рекорден трговски суфицит од еден билион долари


  Кина објави рекордни бројки за извоз за 2025 година, година кога царините и трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп предизвикаа превирања во глобалната економија. Пекинг во средата објави најголем трговски суфицит во светот – вредноста на стоките и услугите продадени во странство во споредба со нејзиниот увоз – од 1,19 билион долари. Ова […]

Просечната плата поголема за 10 отсто, приходите намалени: Што се случи во буџетската каса во 2025?


  Со нови амбициозни буџетски планови почна 2026 – повеќе приходи од данок на доход, данок на добивка, акциза пишува Порталб. Но колку овие владини “математики“ ќе се остварат ако се знае дека ланската година заврши со потфрлување на буџетските приходи за 8%. Владата ќе го засилува системот на наплата, под “лупа“ и даночните ослободувања, […]

Македонија се задолжи со уште една милијарда евра


  Вчера на 13 јануари Македонија на меѓународниот пазар на капитал ја издаде својата десетта еврообврзница. Таа е поделена во две транши од по 500 милиони евра – една со рок од 4 години и една со рок од 8 години. За четиригодишната каматата е 3,875%, а за осумгодишната 4,750%. Според Министерството за финансии интересот […]

Рекорден буџетски дефицит во САД за декември


 Буџетскиот дефицит на федералната влада на САД во декември минатата година достигна рекордна сума од 145 милијарди долари, покажуваат најновите податоци на американското Министерство за финансии. Ова претставува зголемување од 67 отсто, односно 58 милијарди долари повеќе во споредба со истиот месец претходната година. Според извештајот, овој негативен тренд се должи на невообичаено високите трошоци […]

Британците ја градат најголемата ветерница во светот за чиста енергија


Велика Британија додели договори за изградба на рекорден број на офшор ветерни проекти како дел од нејзината иницијатива за зголемување на изворите на чиста енергија во земјата. Проектите ги опфаќаат Англија, Шкотска и Велс, вклучувајќи го и она што би можело да биде најголемата офшор ветерна фарма во светот, сместена покрај брегот на Шкотска во […]

Ќе се укине ли популарниот „Мој ДДВ“?


Иако во моментов не се разговара за укинување на популарната мерка „Мој ДДВ“, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, предупредува дека проектот е скап за буџетот, а не ја исполнил својата основна цел – сузбивање на сивата економија. Во интервју за емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, Петрова ги изнесе бројките кои […]

Николоски за изборот на трет мобилен оператор: Граѓаните ќе добијат пониски цени и подобри услуги


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека со влезот на третиот мобилен оператор конечно граѓаните ќе имаат избор на подобри услуги и пониски цени.  Во гостувањето на централниот дневник на Сител, Николоски рече дека најважно е дека со влезот на третиот мобилен оператор ќе се сруши дуополот што пости меѓу двата мобилни оператори.  […]

Цените на нафтата скокнаа поради геополитичките ризици и можни нарушувања во снабдувањето


Њујорк – Цените на нафтата денеска скокнаа за речиси три отсто, со што го достигнаа највисокото ниво во последните 12 недели, поради тоа што геополитичките ризици ја зголемија можноста за нарушување во снабдувањето. Цената на нафтата Брент се движеше околу 65,6 долари за барел, а на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) околу 61,16 […]

Македонија годинава со раст од 3 отсто, предвидува Светска банка


Растот во Северна Македонија во 2026 година се очекува да достигне 3 проценти, исто колку и во Србија и Босна и Херцеговина , покажува Редовниот економски извештај за земјите во развој од Европа и Централна Азија објавен денес од страна на Светска Банка.  Се очекува хрватската економија да порасне за 2,9 проценти оваа година, на исто […]

Протест пред УЈП на кумановците што работеа за американски компании


Кумановците што во изминатиот период беа ангажирани од американски компании во воените бази во Ирак и Авганистан денеска повторно излегоа на протест пред подрачната канцеларија на Управата за јавни приходи. Тие бараат од надлежните служби да им ги признаат доставените докази, меѓу кои се патни исправи со гранични печати, потврди од работодавачите и други документи, […]

Седум од 16 ТИРЗ зони не се ставени во функција, сомнителни се и изградените


Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави извештај за ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) за 2024 година, при што се констатирани бројни неправилности и слабости во работењето. Ревизорите утврдиле дека 287 хектари од вкупната корисна површина на ТИРЗ и индустриските зони не се функционално искористени, додека седум од […]

По 13 години пак проработе нафтоводот Солун – Скопје


  На последниот ден од годината беше пуштен во функција нафтоводот Солун – Скопје, соопшти вчера извршниот директор на „Хеленик енерџи“, Андреас Сијамисис, говорејќи на настан на компанијата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Информацијата дека нафтоводот почна со работа, за дописничката на МИА од Атина, ја потврдуваат и извори од грчката компанија. Нафтоводот Солун – […]

За 10,3 проценти зголемен бројот на странски туристи во периодот јануари – ноември 2025 година


Во ноември 2025 година 77.570 туристи оствариле 146.605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7 проценти се домашни, а 74,3 отсто се странски туристи. Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција – 12.401 по што следуваат Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3506… Бројот […]

Светски гувернери застанаа во одбрана на Џером Пауел од ФЕД по заканите на Трамп


  Глобалните централни банки издадоа вонредна заедничка изјава во која му се нуди „целосна солидарност“ на претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, во услови на најнова закана за неговата независност од Белата куќа на Доналд Трамп. „Независноста на централните банки е камен-темелник на ценовната, финансиската и економската стабилност во интерес на граѓаните на […]

Алта банка стана сопственик на акциите на Мијалков


Алта банка стана сопственик и на пакетот акции што државата ги управуваше како конфискуван имот во поранешната Стопанска банка Битола, со што практично се затвора приказната околу уделот поврзан со случајот „Империја“, објави „Фактор“, повикувајќи се на податоци од Македонската берза. Станува збор за акции кои Агенцијата за управување со одземен имот ги понуди на […]

УЈП: До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници


Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2025 година оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице […]

Златото достигна рекордна цена


Златото достигна рекордно ниво над 4.600 долари за унца денеска, а среброто достигна нов врв, бидејќи инвеститорите се насочија кон безбедни засолништа откако се продлабочи неизвесноста околу кривичната истрага на администрацијата на Трамп против претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, објави Reuters. Спот златото порасна за 1,7% на 4.584,91 долари за унца од 09:30 часот наутро […]