АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети, изречени казни од 40.000 евра


Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Како што се наведува во соопштението на АХВ, сс акцијата која се […]

Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е „на чекање“ по најавите на Трамп за нови царини кон држави од Унијата


Брисел – Пратениците во Европскиот парламент нема да го одобрат историскиот трансатлантски трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп објави нови царини за европски држави како дел од неговиот обид да ја преземе контролата врз Гренланд. Така, иднината на примирјето во трговската војна, дефинирана со договорот потпишан од Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула […]

Виетнам ја гради првата фабрика за чипови, до 2030 година сакаат да обучат 50.000 инженери


Државната телекомуникациска компанија „Виетел“ во петокот започна со изградба на првиот објект за производство на чипови во Виетнам, како дел од поширокиот план на Ханој за воспоставување сопствен систем за производство на полупроводници. Објектот од 27 хектари го гради „Виетел“ во технолошкиот парк Хоа Лак Хи на периферијата на главниот град. Работата и трансферот на […]

Јавна расправија меѓу Елон Маск и директорот на Рајанер: Се нарекоа „идиоти“


Спорот околу Wi-Fi во летот ескалираше во јавна вербална расправија меѓу Елон Маск и извршниот директор на Рајанер, Мајкл О’Лири, спротивставувајќи го еден од најбогатите луѓе во светот против најгласниот шеф на авиокомпании во Европа. Конфликтот стана јавен откако О’Лири го навреди Маск и неговиот бизнис со сателитски интернет во радио емисија на ирскиот Newstalk. […]

„Зима на Wolt+“ – три недели ексклузивни попусти за сите членови


Водечката платформа за достава во Македонија, Wolt, ја започна новата промотивна кампања, Зима на Wolt+, наменета за сите постоечки и нови корисници на претплатата на Wolt+. Во текот на следните три недели, членовите на Wolt+ ќе можат да искористат попусти до 50% на нарачки од одбрани ресторани и продавници во Скопје. Минималниот износ на нарачка […]

САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија


Американскиот министер за енергетика Крис Рајт и премиерот на Словачка, Роберт Фицо вчера во Вашингтон потпишаа меѓувладин договор за продлабочување на соработката во цивилната употреба на нуклеарната енергија, во обид да се намали зависноста на земјата од руските енергетски резерви. Рајт наведе дека договорот ја одразува „заедничка посветеност на зајакнување на европската енергетска безбедност и […]

Во Асунсион се потпишува договорот за партнерство ЕУ-Меркосур (ЕМПА)


Во парагвајскиот главен град Асунсион денеска во присуство на првите луѓе на Европскиот совет и на Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења Паласиос, ќе се одржи церемонија на потпишување на Договорот за партнерство ЕУ-Меркосур (ЕМПА) и на Привремената трговска спогодба меѓу двете страни (ИTA). Според […]

Од март нова авиолинија Охрид – Братислава


Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.   Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата Визер,  ќе придонесе за подобра […]

Речиси целосно искористени средствата од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании


Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети. Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за таа намена досега преку […]

Македонците и Албанците најмногу се смрзнуваат во Европа


Евростат објави податоци колку домаќинства во европските земји не успеваат да ги загрејат своите домови. Според мапата што е објавена, испаѓа дека најголем процент грашани што не можат да си дозволат греење преку зима има во Македонија и во Албанија – над 30 отсто. Спроред Евростат процентот на луѓе кои не можат да го одржуваат […]

Аеродромот „Скопје“ доби акредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродромите – ниво 3


Меѓународниот аеродром „Скопје“ доби акредитација за управување со емисии на јаглерод – ниво 3 од Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI), глобална трговска организација, која ги претставува аеродромите во светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и на одржливоста во воздухопловството, во рамките на нивната глобална програма Airport Carbon Accreditation – […]

Македонија одобри 10.000 работни дозволи за странци за годинава


Владата на Македонија ја утврди квотата за работни дозволи за странски државјани за 2026 година, со вкупно 10.000 ангажмани. Најголемиот дел, 9.750 дозволи, е наменет за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани. Од квотата, 4.500 се за нови работници, а 5.250 за продолжување на дозволи за оние […]

Американски инвестициски фонд бара Русија да исплати 225 милијарди долари долг на Руската империја


  Американскиот инвестициски фонд „Нобл Капитал РСД“ поднесе тужба во американскиот федерален суд против руската влада, барајќи Русија да биде признаена како должник по обврзниците на Руската империја издадени во 1916 година, објавува руското издание РБK. Руската Федерација, Министерството за финансии и Националниот фонд за благосостојба на Руската Федерација се именувани како обвинети во случајот. […]

Тивка револуција: Кина ја гради мрежата на иднината


Кина изгради систем за електрична енергија што остатокот од светот може само да го замисли. Мрежите со ултра висок напон (UHVDC) поврзуваат огромни извори на обновлива енергија во внатрешноста на земјата со мегаградови на крајбрежјето, а технологијата што го овозможува ова станува нов извозен капитал на Кина. Аналитичарите предупредуваат дека Европа заостанува уште повеќе Кога […]

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта


Брисел – ЕУ од денеска почнува со примена на новиот автоматски и динамичен механизам за приспособување на цената на руската нафта, соопшти Европската комисија. – Новото ограничување на цената на руската нафта е 44,10 долари за барел со важност од 1 февруари. Почнувајќи од 15 јануари, старите договори склучени според претходната ограничена цена може да се […]

САД ја продадоа првата венецуелска нафта, вредна 500 милиони долари


САД ја завршија својата прва продажба на венецуелска нафта, во вредност од 500 милиони долари (429 милиони евра), изјави денес функционер од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Деталите за продажбата сè уште не се откриени, иако функционерот рече дека се очекуваат повеќе продажби во наредните денови и недели, објави CBS News. Белата куќа претстави […]

Објавен извештајот за глобалните ризици пред Светскиот економски форум


Геоекономските конфликти, кои вклучуваат мерки што се движат од санкции до царини, претставуваат најголема закана, според Извештајот за глобални ризици на Светскиот економски форум (СЕФ), објавен пред неговиот годишен состанок што ќе ја собере светската бизнис и политичка елита во Давос следната недела. Ескалацијата на економската конфронтација меѓу големите сили сега се смета за најголема […]

Повторно протест на кумановците пред зградата на УЈП


Кумановците што работеа за американски компании во бази во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово. Побараа надлежните да ги земат предвид документите (пасоши, печати, потврди од работодавци), да се направи ревизија на решенијата, запирање на присилната наплата и усогласување на даночната пракса укажувајќи дека не бегаат […]

Во февруари исплата на парите од „Мој ДДВ“


Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. За спроведување на мерката „МојДДВ“ […]

Нови 40 инспектори во ДПИ ќе контролираат кој не ги почитува законите


Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон средината на годината активно да се вклучат на терен. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да […]