За Западен Балкан 220 милиони евра за дигитални проекти


Пакетот за поврзување за 2018 година согласно Дигиталната агенда за Западен Балкан која стартува денеска со Дигиталното собрание што се одржува во Софија, има на располагање 220 милиони евра ЕУ грантови, од кои 190 милиони евра за проекти за поврзување и 30 милиони евра за техничка поддршка за подготовка на дигитални проекти. Дигиталните проекти во […]

Смарт-картичките за патарина ќе бидат бесплатни


Смарт-картичките за плаќање на наплатните рампи нема да се плаќаат, ќе можат да се надополнуваат преку интернет апликации, а ќе ги има на секој граничен премин, наплатна рампа или бензинска станица. Еден месец пред почетокот на електронската наплата на надоместокот за патарина, од Јавното претпријатие за државни патишта велат дека системот е подготвен да функционира […]

Преспа има убавини, треба да се промовираат пред туристите


Вмрежување меѓу угостителите, туристичките работници, туроператорите и домаќинствата што се занимаваат со рурален туризам за подобра комуникација, а со тоа и подобра туристичка понуда беше целта на првиот Туристички саем што се одржа во Преспа. Настанот го организираа здружението против дискриминација „Женска солидарност“, здружението на овоштари Благој А. Котларовски и општина Ресен, а беше промовирана […]

Субвенции од четири денари за предадени домати


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе помогне во решавање на откупот на доматите со интервентна субвенција од четири денари за килограм предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети. Како што соопшти Министерството, на овој начин со постоечката дополнителна субвенција за предаден зеленчук во преработувачки капацитети од три денари за килограм, производителите на домати ќе добијат […]

Инвеститорите од странство вработуваат над 50.000 луѓе


Странските инвеститори во Македонија значат многу повеќе отколку само вработувања на работна сила и инвестирање, порача Штефан Петер, директорот на ЕВН Македонија и претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија на денешниот хуманитарен гурмански хепенинг – Светски пикник, што се одржа во Градскиот парк во Скопје. Тој посочи дека повеќе од […]

Заев: Ќе има дебата за даночните реформи


Премиерот Зоран Заев ги негираше тврдењата дека Владата утврдила до 1.000 евра да се плаќа како и досега 10 проценти, а над 1.000 евра да се плаќа поголем данок. Тој рече дека ќе биде отворена дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни. “Штом ќе бидеме подготвени за таа дебата ќе ги објавиме сите […]

Персоналецот ќе има и трета стапка од 15 отсто?


Министерството за финансии доцни со новата регулатива за оданочување на личните примања. Предлог-верзијата за новиот закон за персонален данок на доход никако да дојде до Националниот регистар на прописи ЕНЕР. Министерот за финансии Драган Тевдовски во повеќе наврати најави дека јавната дебата за прогресивното оданочување ќе почне откако во мај граѓаните и компаниите ќе ги […]

Граѓани добиле решенија за ДДВ а не пријавиле данок


Управата за јавни приходи месецов почнала да им праќа решенија на физички лица со кои ги задолжува да платат ДДВ. И тоа на граѓани кои не се пријавиле дека треба да плаќаат данок на додадена вредност. Ова предизвика реакција на повеќе граѓански организации кои се побунија против службената регистрација што ја прави Управата за јавни […]

Силк Роуд Банка долгорочно ќе донира на Клиниката за детски болести


Силк Роуд Банка АД и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје потпишаа меморандум за соработка, со кој банката прераснува во долгорочен партнер на Клиниката. Со меморандумот банката се обврзува дека за секоја трансакција извршена со Американ Експрес картичките ќе одвојува по 5 денари за потребите на Клиниката. Собраните средства ќе се искористуваат периодично, зависно […]

За автопатот Кичево-Охрид ќе требаат нови задолжувања


Колку ќе порасне цената на автопатот Кичево-Охрид ќе се знае до крајот на месецов. Дотогаш ќе треба да заврши препроектирањето на 57 позиции, како и новата проценка на вредноста на тунелот и на новите осум клучки и 40 километри пристапни патишта, кои не беа предвидени во стариот проект. Тие, според министерот за транспорт и врски […]

Името ќе го отвори и македонско-грчкиот гасовод


Во втората половина на наредната година може да почне изградбата на гасоводот меѓу Македонија и Грција. Владата најави изработка на основен проект по што би следело распишување тендер за изведувач. Нормализацијата на македонско-грчките односи во делот на енергетиката ќе ги откочи старите проекти, за кои во новите околности нема да биде проблем да се најдат […]

Американската компанија „Теламон“ ќе инвестира во Македонија


Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во Македонија во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години. Информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ беше усвоена на вчерашната владина седница. […]

Марко Бислимоски предложен за претседател на Регулаторна комисија за енергетика


Марко Бислимоски е предложен за претседател, а Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани за членови на Регулаторната комисија за енергетика, информираше Владата по денешната седница. Предлозите се доставени до Собранието. Изминативе 9 години претседател на Регулаторната комисија за енергетика беше Димитар Петров. На почетокот на месецов Владата објави јавен оглас за именување претседател и […]

Американската компанија „Теламон“ ќе вложи 4 милиони евра во Македонија


Американската компанија „Теламон“ ќе вложи четири милиони евра во капацитет во земјава во кој според бизнис планот на компанијата, предвидени се 300 нови вработувања во првите пет години. Информацијата за предлог – договорот за доделување на државна помош на друштво за производство и трговија „Теламон Европа Македонија ДООЕЛ Скопје“ министрите ја  усвоија  на денешната 75-та […]

На ФинХакатон ќе се изработуваат иновативни софтвери и видеоигри


Министерството за финансии ќе организира ФинХакатон, натпревар на со траење од 48 часа, на кој млади, креативни и иновативни луѓе ќе изработуваат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Тие ќе креираат веб-апликација, видео и видеоигра, како алатки кои ќе треба да ги доближат јавните финансии до граѓаните. Самиот процес е замислено, покрај креативноста, да го […]

За газдите од Белизе треба политичка волја, не само закон


Управата за финансиско разузнавање лани од 27 држави побарала податоци за 52 сомнителни случаи од аспект на перење пари и финансирање тероризам. Најмногу барања, шест, доставила до Кипар, а пет до САД. На листата земји од каде што Управата за финансиско разузнавање побарала информации за да ги потврди или отфрли сомневањата за извршено перење пари, […]

Светска банка-Во 19 земји жените не можат да работат како возачи


Околу 9 милиони жени, почнувајќи од овој месец, можат да застанат зад волан во Саудиска Арабија по историското соопштение во септември лани, со кое се укина забраната за возење на жените. Додека меѓународното внимание често се фокусираше на забраната за возење на жените во Саудиска Арабија, честопати се пропушташе фактот дека и на жените во […]

Евтината енергија, услов за инвестиции


Домашните компании бараат евтина електрична енергија за да можат да реализираат нови инвестиции со економски исплатливи тековни трошоци. Таков е заклучокот од енергетската трибина што Стопанската комора за енергетика ја организираше во Виница со претставници на компаниите од регионот и експерти од ИПАРД програмата, а чија тема беше аплицирањето за финансиска поддршка од европските фондови […]

Анѓушев: Решавањето на спорот за името има и економски бенефит


Нашите идни генерации треба да ги видат економските бенефити од договорот со Грција. Без разлика на трошоците што можеби ќе настанат од имплементацијата на овој договор, придобивките се многу големи, истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Според него, прашањето за името е од сферата на надворешната политика, но е и економско зашто сите […]

Македонија е неистражена винска дестинација


Македонија има вина со одличен квалитет, особено оние што се произведуваат од автохтоните сорти, како што е вранецот, вели винскиот критичар и автор, Дарел Џозеф. Тој смета дека земјата е извонредна дестинација за љубопитните луѓе, кои секогаш го почитуваат виното со висок квалитет и сакаат да слушнат нова винска приказна. „Шансата на Македонија, заедно со […]