Меѓународно признание за ЦЕА – рангирана на 37 место глобално за квалитетот и интегритетот на политики и процедури


Според годишниот Global Go To Think Tank Index Report за 2020 година кој се изработува од Универзитетот во Пенсилванија, САД (University of Pennsylvania), Центарот за економски анализи-ЦЕА е на 37 место глобално од вкупно 75 тинк тенкови (истражувачки центри) и единствена од Северна Македонија измерена по сигурност на квалитетот на производите и интегритетот на политиките […]

Не се проблем само вакцините – има недостиг и на шприцеви


Кинеските производители на медицински шприцеви предупредуваат дека некои нарачки веројатно нема да бидат исполнети до јуни поради невидена побарувачка создадена со вакцинација против КОВИД-19 во земјите низ светот. Земјите ширум светот започнаа амбициозни кампањи за вакцинација во текот на минатиот месец за да се спречи ширењето на корона вирусот. Кабинетот на новиот американски претседател Џо […]

Грција доби уште 728 милиони евра заеми преку програма на ЕУ


Грција– За финансирање на системот за економска поддршка на вработените, Грција денеска доби уште 728 милиони евра во вид на заем, преку европската програма за привремена поддршка за ублажување на ризиците од невработеност во итни случаи (СУРЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата ја соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен преку […]

Се продава „Рамстор“, потпишан преддоговор со „Сити Плаза ДОО“, компанијата на Ајдован Адемовски


Се продава ланецот маркети, како и трговскиот центар „Рамстор“, а, како што соопштија турските сопственици „Мигрос Тиџарет“, веќе е потпишан преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО“. – Почнати се преговори за продажба на 100 отсто од акциите на подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД“, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија“ на компанијата „Сити Плаза […]

Фајзер годинава очекува 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19


САД– Американската фармацевтска компанија Фајзер годинава очекува приход од околу 15 милијарди долари од продажбата на вакцината против Ковид-19, јави Си-Ен-Би-Си. Вакцината против коронавирусот на Фајзер, која тој ја произведува заедно со неговиот германски партнер Бионтек, беше прва во САД која беше одобрена за итна употреба. Во текот на 2021 година, Фајзер предвидува вкупни приходи […]

Битиќи и Бектеши ја посетија „Раде Кончар ТЕП“, компанија која успешно работи и во време на пандемија


Продолжете да бидете активни и да вложувате во развојот на вашите компании и во човечкиот потенцијал. Владата и понатаму ќе продолжи да биде вашиот партнер и поддршка, ќе креираме нова развојна економија, им порача на стопанствениците вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по посетата на скопската компанија Раде Кончар ТЕП, која, како што рече, е […]

Фондот за регионални предизвици ќе доделени 18,8 милиони евра за поддршка на 60 проекти во Западен Балкан


Фондот за регионални предизвици (РЦФ) го објавува првиот повик за изразување интерес за поддршка на инвестиции во проекти за кооперативна обука, отворен за апликации од шесте економии на Западен Балкан. Фондот ќе додели 18,8 милиони евра до 2025 година (во текот на пет години) за поддршка на инвестициите во нашиот регион. Целта е да се […]

Со вложување во човечкиот капитал стапката на економски раст може да достигне 5 отсто


Човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да биде одговорност за секоја Влада, но и пошироко, да постои општоприфатен консензус за структурните реформи во оваа област. Ова било истакнато на онлајн состанокот на министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерката за образование […]

Од утре ќе може да се пререгистрираат возилата со странски регистарски таблички


Единствен проблем што се уште не можат да се пререгистрираат возилата со странски таблици кои се возат низ државава беше донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возила кој е веќе донесен. Убеден сум дека денеска или утре ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила, порача денеска министерот за економија Крешник […]

Битиќи: Петтиот пакет мерки ќе тежи околу 150 милиони евра


Петитот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со последиците од Ковид-19 ќе тежи помеѓу 50 и 60 милиони евра како директни буџетски импликации, но како фискални импликации ќе биде околу 150 милиони евра. Се очекува да биде финализиран неделава ако постигнеме консензус со сите засегнати страни, потврди денеска вицепремиерот за […]

Бектеши: Февруари ќе биде клучен за петтиот сет економски мерки


 Очекуваме февруари да биде клучен за реализација на мерките од петтиот пакет економски мерки и им порачувам на пратениците во Собранието да ја усвојат грантната шема за да може да се спроведат, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Убеден сум дека наредните законски решенија кои ќе произлегуваат од петтиот сет на економските мерки ќе […]

Старт-ап компаниите можат да учествуваат на предизвик на Светската автомобилистичка федерација


Авто-мото сојузот на Македонија и Бизнис акцелераторот УКИМ ги покануваат македонските старт-ап компании да учествуваат на годинашниот старт-ап предизвик на Светската автомобилистичка федерација. Од АМСМ и БАУ повикуваат, сите старт-ап компании што имаат идеја, но, досега немале можност да го пласираат својот производ или услуга, може да учествуваат на повикот до крајот на овој месец. […]

Заев: И покрај пандемијата, во 2020 имавме најголем поврат на ДДВ кон стопанството


Во 2020 година и покрај пандемијата, имаме најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, напиша денеска премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“. Во статусот, Заев наведува дека во стопанството по основ на поврат на ДДВ кон фирмите се слеани 397,4 […]

„Пејпер Мил“ верува дека ќе го рестартира производството, нарачана дополнителна опрема


Од „Пејпер Мил“ се оптимисти дека ќе го рестартираат процесот на производство и дека ќе ги вратат на работа сите 120 вработени. Генералниот директор на „Пејпер Мил“ од Кочани, Јулијан Даскалов, во соопштение до медиумите посочува дека е нарачана опрема за дополнително унапредување на технолошкиот процес, вреќест филтер, која е планирано да пристигне кон крајот […]

Хрватска: Бројот на вработени во индустријата помал за 2,4 отсто на годишно ниво


Вкупниот број на вработени во индустријата во декември минатата година е помал за 0,4 проценти во споредба со ноември, а во споредба со декември 2019 година е помал за 2,4 проценти, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС), јави Хина. Податоците за вработувањето во индустријата на месечно ниво, според националната класификација на активности, покажуваат […]

Бислимоски: Нема да има промена на цената на електричната енергија


И покрај зголемувањето кај соседите нема да има промени на цената на електричната енергија кај нас, бидејќи ниедна од енергетските компании нема доставено барање до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) дека ги зголемиле трошоците, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Гледаме дека во Србија цената се зголеми за 7,9 отсто […]

Зошто шефот на „Фајзер“ ја напуштил Грција?


Претседателот на фармацевтскиот концерн „Фајзер“ е родум од Солун. Но, како и многу Грци, кариерата ја изградил во странство. „Одливот на мозоци“ е сериозен проблем за Грција   Во Грција живеат околу 10 милиони луѓе, а седум до осум милиони Грци се во странство. Во Грција се горди на достигањата на своите иселеници. Алберт Бурла […]

Во тек разговорите за новиот антикризен пакет, се зголемува бројот на индустрии што бараат помош


Интензивно течат разговорите за новиот, петти антикризен пакет мерки што треба да обезбеди финансиска поддршка за граѓаните и стопанството. Отворена е широка дебата во која се вклучени синдикатите, коморите, работодавачите. Даваат предлози, сугестии и мислења кои би се разгледале од страна на Владата со цел поефективна распределба на државната помош. Според најавите, угостителството, транспортот, туризмот, […]

Инвестициската програма на ЈПДП за годинава изнесува 16,010 милијарди денари


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) годинава за инвестиции, отплата на кредити и трошоци планира средства во вкупен износ од 23.011.500.000 денари, покажува Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2021 на ЈПДП, објавена на веб страницата на државното претпријатие Инвестициската програма на ЈПДП изнесува 16.010.500.000 денари. По основ […]

Економијата на САД до јули може да го достигне нивото од пред пандемијата


Американската економија е на пат за обнова, до јули да го достигне нивото од пред пандемијата, дури и доколлку Конгресот не ги одобри дополнителните мерки за помош и обнова. Сепак, милиони невработени не би можеле да се вратат така брзо на работа, некои можеби и со години.  Ова денеска го објави Канцеларијата за буџет на […]