Заев: Предвидени се 52 милиони денари за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата


Владата усвои Програма за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук. Во објавата тој потенцира дека се предвидени 52 милиони денари за надомест на трошоците за набавка на сончеви колектори, ПВЦ или алуминиумски прозорци, печчки на палети и фотомапонски панели […]

Бесими: Во првиот квартал ќе се видат ефектите од мерките за стабилизација на економијата


 Веќе во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките кои Владата преку државниот буџет ги презема со цел да се стаблизира економијата во состојба на криза, оцени денеска од Тетово, министерот за финансии Фатмир Бесими кој присуствуваше на промоцијата на возилата за јавен превоз на градот. Тој потсети дека ќе има […]

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид


Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид“ поради ковид пандемијата минатата година ја завршија со 782 876 патници, за 71 отсто помалку во однос на 2019 година. Една од опциите за надминување на состојбата е да се овозможи систематско тестирање на патниците на аеродромите, што го иницирал кај Владата аеродромскиот оператор. -Поради одлуките […]

Железничкиот транспорт лани со загуби од 512 милиони денари и двојно помалку патници


Со физибилити студијата што ја најави Владата треба да се одредат следните чекори што ќе овозможат ефективно и ефикасно работење, како и квалитетна услуга за железнички транспорт на граѓаните преку ЖРСМ Транспорт, кое и минатата година забележа загуби во работењето. Возниот парк, според најавите, ќе се обнови со две локомотиви донација од Турските железници со […]

Банките во Србија и годинава нема да исплаќаат дивиденда


Банките кои работат во Србија нема да можат да им исплатат дивиденда на своите акционери ниту оваа година, бидејќи важноста на Договорот склучен од НБС и комерцијалните банки минатата година  е продолжена со цел да се зачува стабилноста на финансискиот систем во пандемијата, објасни централната банка. Овој договор, како што јави Танјуг, меѓу другото, предвидува […]

Трговската војна на Трамп со Кина, САД ги чинеа 245.000 работни места


Како резултат на трговската војна што претседателот Доналд Трамп ја поводе со Кина, во САД се загубија 245.000 работни места, а постепеното меѓусебно намалување на царините ќе го зголеми растот и делумно ќе ја надомести оваа загуба, покажува истражувањето нарачано од Американско-кинескиот деловен совет (УСЦБЦ), асоцијација на големи американски компании што работат во Кина, а […]

Трет месец по ред пад на малопродажбата во САД


Малопродажбата во САД трет месец по ред бележи пад, а епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 негативно влијаат врз американската економија. Според американското Министерство за економија, малопродажбата во декември 2020 година забележала пад од 0,7 проценти во споредба со истиот месец во 2019 година. Малопродажбата беше намалена и во октомври и во ноември минатата […]

„Пејпер Мил“: Одлуката за прекин на работењето не беше лесна


Откако Инспекторатот за животна средина со решение наложи на работење со користење на метан како единствен енергенс на фабриката „Пејпер Мил“ од Кочани, управата на компанијата донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време. Како што соопшти компанијата, во оваа фаза 120-те вработени се известени дека не треба да доаѓаат на работа заради […]

Директорката на ММФ ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе


Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави денеска шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум Гајдар. Извршната директорка на ММФ не даде никакви специфични економски предвидувања, но јасно стави до знаење дека сака владите […]

Годинава над два милијарди денари за Оперативниот план за вработување


Користејќи ги искуствата од реализацијата на Оперативниот план за вработување во 2020 година во однос на мерките кои беа најатрактивни и за кои се покажа најголем интерес, го креиравме оперативниот план за 2021 година во износ од над две милијарди денари, соопшти денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Министерството, како […]

Формирано здружение за обнова на „Глобал“ во Струмица


За санација и обнова на Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е формирано Здружение „Обнова Глобал“ кое ќе се обрати до сите општински и државни институции и до стопанските комори за да донираат средства на отворената солидарна сметка, информираше денеска Илија Митревски од ова Здружение. Додаде дека собраните средства на најтранспарентен начин ќе се распределат за […]

Само 10.000 од 170 илјади земјоделци електронски аплицирале за субвенции


Минатата година само 10.000 земјоделци електронски аплицирале за субвенции, а според статистичките податоци, во земјава има околу 170.000 земјоделски стопанства. Земјоделците многу тешко или воопшто не се прилагодиле и на новите услови што ги наметна пандемијата, да се комуницира онлајн, преку интернет. Дали сите имаат компјутери, смарт телефони и пристап до интернет, отвориле ли е-меил […]

Деспотовски незадоволен од платите во зоните – нема субвенции повеќе


Директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони Јован Деспотовски не е задоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во зоните. Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите. – […]

ЦГК: Државните претпријатија имаат повеќе долгови отколку капитал


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) објави финансиска анализа на работењето на државните претпријатија за периодот 2015 -2019 година и база на податоци која овозможува преземање на завршните сметки на претпријатијата.Предмет на финансиската анализа се 30 најголеми претпријатија основани од државата и од единиците на локалната самоуправа. Станува збор за претпријатија чиишто вкупни приходи во 2019 […]

Унифицирани протоколи за работа, но не и ограничување на работното време, бараат угостителите


Независната угостителска комора бара унифицирани протоколи и препораки за работа во услови на пандемија, но не се согласува со ограничувањето на работното време. Во денешното соопштение од Комората се наведува дека секоја одлука и измени на Одлуката за превентивни препораки за постапување за заштита од КОВИД-19 со кои се ограничува работното време на угостителските објекти […]

БДП на Германија лани падна за пет проценти, прекинат десетгодишниот раст


Германската економија забележа пад од 5,0 проценти во пандемиската 2020 година, ставајќи крај на десетгодишната експанзија, откако мерките за заклучување задушија голем дел од деловната активност и потрошувачката, покажуваат податоците на Федералното биро за статистика Дестатис. Колку и да е мрачна оваа бројка, падот е помал отколку што предвидуваа многу аналитичари, а високата стапка на […]

Ненадејна канадска понуда за „Карфур“


Понудата на канадскиот трговец „Alimentation Couche-Tard“ за „Карфур“, вредна речиси 20 милијарди долари, наиде на првично противење бидејќи француската влада изрази загриженост кај еден од најголемите работодавци за суверенитетот во прехранбениот сектор и безбедноста на работните места. Во ненадејната понуда, „Couche-Tard“, со седиште во Квебек, објави дека доставил необврзувачка понуда од 20 евра по акција, […]

Централен регистар: Бројот на згаснати и новоосновани фирми во 2020 е во рамки на просекот


Во врска со вчерашната изјава на претседателот на Комората на Северозападна Македонија дека над 4.000 компании се згаснати во првите шест месеци од 2020 година, денеска Централниот регистар излезе со соопштение во кое наведува дека податоците со кои располага укажуваат дека 2020 година е во рамки на просекот како во однос на новооснованите компании, така […]

Што предвидува меморандумот со грчката агенција за инвестиции и трговија


Соработка со грчката агенција за инвестиции и трговија ќе се остварува преку одржување чести и редовни контакти меѓу двете агенции за заедничка размена на економски и деловни информации која би се обезбедила и преку размената на деловни делегации, организирање на трговски мисии, семинари, саеми и бизнис форуми   Со цел воспоставување практична рамка за соработка […]

ЕБРД лани одобрила рекордни 11 милијарди евра


Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) соопшти дека ги зголемила инвестициите за 10 проценти во 2020 година за да помогне во ублажување на тешките економски последици од корона-кризата, но учеството на зелените инвестиции падна нагло. Банката инвестираше рекордни 11 милијарди евра во 2020 година, финансирајќи 411 проекти. Во 2019 година тие финансираа 452 проекти […]