Бесими: Наскоро стартува Гарантниот фонд – гаранции за кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни фирми и фирми-извозници


Гарантниот фонд ќе гарантира кредити до 500 илјади евра за микро, мали и средни претпријатија, како и големи трговци чии приходи по основ на извоз учествуваат најмалку со 30 отсто во вкупните остварени приходи. Договор помеѓу Владата и Развојната банка за издавање на гаранции преку Гарантниот фонд веќе е потпишан, а наскоро се очекува и […]

Панел дискусија „Предивиците на текстилната индустрија пред и по кризата со КОВИД-19″


Во просториите на МКЦ во Скопје денеска ќе се одржи завршниот настан „Индустрија во криза: Предизвиците на текстилната индустрија пред и по кризата со КОВИД-19″. На панел дискусијата „Социо-економските ефекти од КОВИД-19 врз текстилната индустрија“ воведно обраќање, како што е најавено, ќе имаат Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ и […]

Гувернерот на Хрватската народна банка во посета на земјава


Гувернерот на Хрватската народна банка Борис Вујчиќ денеска ќе престојува во посета на Народната банка на Северна Македонија. За време на посетата предвидено е да биде потпишан нов меморандум за соработка меѓу двете централни банки. Меморандумот, според најавите, ќе го потпишат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот хрватски колега Вујчиќ. По потпишувањето на […]

Продолжува амандманската расправа за законските измени за намалување на ДДВ-то за струјата


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи вчера започната седница и тоа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, во второ читање. Со измените се предлага намалување на ДДВ-то за […]

Расте оптимизмот – еврозоната во јуни порасна најбрзо во последните 15 години


Економијата во еврозоната во јуни порасна најбрзо во последните 15 години благодарение на вакцинацијата против Ковид-19 и ублажувањето на мерките против коронавирусот, што ја зголеми силната побарувачка за стоки и услуги, покажа истражувањето на компанијата „Маркит“, што денеска беше објавено. Индексот за набавка во приватниот сектор во еврозоната (ПМИ) во јуни нарасна за 2,4 поени, […]

ЕИБ: Фондовите наменети за Западен Балкан се импресивни


Претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Вернер Хојер, го поздрави Берлинскиот процес и порача дека неговата институција ќе ја зголеми поддршката за регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. Тој денес се обрати на самитот на Берлинскиот процес каде порача дека ЕИБ останува посветена на Западниот Балкан и дека ќе поддржи позелена, дигитална и инклузивна […]

Работниците од штипска „Баргала“ потпишуваат полномошно ССМ да ги застапува пред суд


 Стоте поранешни работници на штипската фабрика за чевли АД „Баргала“ денеска во регионалната канцеларија на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се потпишаа на полномошно со кое го овластуваат синдикатот да ги застапува во судската постапка. Весна Кузманова-Тодоровска од ССМ  вели дека ова е чекор за воведување на стечајна постапка за „Баргала“. – Ние уште […]

ДХЛ Експрес Македонија ја прошири флотата со Боинг 737-400СФ


Компанијата за експресен транспорт и логистика ДХЛ Експрес Македонија од денеска го зголеми капацитетот на својата флота во државава, откако на аеродромот во Скопје долета 36,4 метарскиот авион од типот Боинг 737-400СФ со носивост од 23 тони. Авионот ќе оперира пет дена седмично и два пати дневно ќе ја поврзува Северна Македонија со остатокот од […]

Француските производители на шампањ бараат помош од Париз и Брисел по рускиот закон за „пенливо вино“


Комитетот за шампањ, што обединува професионалци во овој сектор, е револтиран од рускиот закон  што предвидува етикетирање на шишињата шампањско под името „пенливо вино“, јави дописникот на МИА. Производителите на шампањ, скандализирани од новиот руски закон за етикетирање на шампањското вино, ја повикаа француската и европската дипломатија да интервенираат во ова трнливо досие. -Производителите на […]

Опозицијата бара и за фирмите помало ДДВ за струјата, власта вели интервенцијата е за регулираниот пазар


Комисијата за финансирање и буџет како матична собраниска комисија денеска ја почна амандманската расправа по Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кои за годинава се предлага намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти. Пратениците расправаа по првиот амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бара стапката на данокот на додадена […]

Бочварски: Зелени коридори на границите за побрз транспорт на стока


Состојбите во транспортниот сектор во регионот, идните планирани активности, можноста за проширување на концептот „зелени коридори“ заради олеснување на транспортот со соседните земји членки на Европската Унија и безбедноста на патиштата, се темите на Министерскиот совет во рамки на Транспортната заедница, што се одржува во Брдо кај Крањ, на кој учествува и министерот за транспорт […]

ССМ: Ако има отпуштања од текстилниот сектор работодавачите нема да најдат нови работници


 Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), по најавите за можни отпуштања на работници во текстилниот сектор, денеска упати апел до работниците да не се потпишуваат на никакви нови анекси или нови договори за вработување, а сите кои сметаат дека нивниот Договор за вработување на определено време не е законски да пријават до ССМ. Од ССМ […]

Хоџа: Не прифаќам уцени, и мелничарите се виновни за состојбата


Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска директно и недвосмислено им порача на мелничарите дека не прифаќа уцени. Најави состанок со нив наредните денови и оцени дека и тие се делумно виновни за актуелната ситуација во преработувачката индустрија. Според Хоџа, секогаш кога се давани дополнителни средства на мелничарите, испаднало дека колку што дава […]

РКЕ: Трговците на мазут имаат 90 дена да докажат дека поседуваат соодветни оперативни резерви


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) им даде рок од 90 дена на трговците на големо со мазут – РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје, Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци да се усогласат со Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви. Со одлуката донесена на […]

Несоодветните квалификации на младите кадри е еден од најголемите предизвици за компаниите


Jазот меѓу вештините и квалификациите и неусогласеностa со потребите на пазарот на трудот, сè уште е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат бизнис заедницата и младите кои влегуваат во работните процеси. Тоа го потврдуваат и 65 отсто од компаниите во анализите за потребите од работна сила што ги прави Стопанската комора на Северна […]

Бензините поскапи за половина денар, цената на дизелот останува иста


Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто. Новата малопродажна цена на […]

Сè уште голем јазот меѓу квалификациите на младите кадри и потребите на компаниите


Jазот меѓу вештините и квалификациите и неусогласеностa со потребите на пазарот на трудот, сè уште е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат бизнис заедницата и младите кои влегуваат во работните процеси. Тоа го потврдуваат и 65 отсто од компаниите во анализите за потребите од работна сила што ги прави Стопанската комора на Северна […]

Мелничарите не ја добиле ветената поддршка од Владата, ќе ја откупуваат пченицата по 8,5 – 10,5 денари


 Мелничарите најавуваат дека годинашната пченица ќе ја откупуваат по 8,5 (сточна) до 10,5 денари (меркантилна) за килограм. Владата, велат, не ја донесе бараната мерка за нивна поддршка која била договорена на последната средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, поради што се доведени во крајно неповолна положба. Како што изјави за МИА претседателот […]

Анализа на „Пари“: Македонски фирми со НУЛА вработени свртеле 150 милиони евра


Ги има околу 2000 во Македонија. Овие македонски фирми во 2020 година акумулирале вкупен приход од неверојатни 150 милиони евра. Заедничко на сите нив им се неколку работи – сите тие имаат верувале или не „0” вработени , второ и без вработени дел од овие компании одлично заработуваат и трето изгледа имаат суперспособни газди. Според […]

Црна Гора: Поради Ковид-19 „згаснаа“ речиси 21.000 работни места


Во Црна Гора, на крајот на мај 2021 година, имало 56.385 невработени регистрирани во Заводот за вработување или речиси 21.000 повеќе отколку на денот на прогласувањето на корона епидемијата – 14 март минатата година, кога имало 35.429. Ако се споредат податоците од мај минатата година и мај годинава, бројот на невработени се зголеми за 14.191 […]