Обезбедени се пари за пругата кон Бугарија, има и готов проект


Директорите на двете државни компании за железничка инфраструктура на Македонија и Бугарија, денеска во Скопје им дадоа нов поттик на заложбите за изградба на пругата кон Софија. Директорот на инфраструктурата на македонските железници, Хари локвенец, рече дека „ги засукавме ракавите“ и дека целта е пред остварување. „Парите се обезбедени, вкупно 165 милиони евра; имаме комплетно […]

Значајно зголемен интересот за лиценци за работа во поштенскиот сектор


Драстично е зголемен интересот за лиценци за работа во поштенскиот сектор. Имено, во последни шест месеци вкупно 11 нови лица поднеле нотификации за добивање на општо овластување. Ова беше истакнато на денешната 16. Седница на Агенцијата за пошта на која, директорката на Агенцијата Билјана Аврамоска Ѓореска истакна дека во период од јануари до јуни оваа […]

Нема повлекување на законот за продажба на државно земјоделско земјиште, вели Хоџа


Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа денеска изјави дека не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, бидејќи како што рече, тој закон ќе придонесе за развојот на земјоделството, во делот на приходите во буџетот, но и во делот на инвестициите што би биле како дел од евентуалната продажба на […]

Ковачевски : Инвестиции во снабдувањето со струја и парно греење во Скопје


Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски  при денешната посета на  подружницата „Енергетика” во Гази Баба ги претстави проектите во кои ќе инвестиарат во наредниот период и најави проширување на топловодниот систем, модернизација на подружницата, изградба на гасна електрана и поставување покривни фотонапонски електрани. Со тековниот проект таму се работи на проширување на топловодниот систем […]

Со 50 милиони евра ќе се модернизира македонското земјоделство


Со 50 милиони евра ќе се модернизира македонското земјоделство. Планирана е изградба на откупно-дистрибутивни центри, зајакнување на капацитетите за ИПАРД, креирање на систем за отстранување на нус-производи од животниско потекло и обуки за земјоделците. Најголем дел од средствата или 46 милиони евра се обезбедени од Светска банка, а четири милиони евра се грант средства од […]

Бесими: Нема одлука за еколошка такса за дизелот, Владата размислува за создавање еколошки фонд


Владата се уште нема донесено одлука за вовведување еколошка такса за дизел горивата, изјави денес на прес конференција министерот за финансии Фатмир Бесими, одговарајќи на новинарски прашања. Тој додаде дека во интерес на јавноста, во Владата се прават сеопфатни анализи во однос на владината еколошката агенда за зелена транзиција и инвестирање во обновливи извори на […]

Објавен повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за кредитокорисниците од ,,Ковид 2”


Развојната банка на Северна Македонија на својата веб страница го објави јавниот повик за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за кредитната линија „Ковид 2”. Јавниот повик ќе трае седум дена, заклучно со 18 јуни, кога е последниот ден за поднесување на барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за […]

(Во живо) Прес-конференција на министрите Бесими и Хоџа, и на директорот на СБ во земјава, Масимилијано Паолучи


Просследете ја прес-конференцијата на министрите за финансии и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Бесими и Арјанит Хоџа, и на директорот на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи.  

Копач: Со конкурентни тендери Македонија привлекува инвестиции во енергетиката


Јанез Копач го пофали начинот на кој Македонија преку фотоволтаици ќе ја стави повторно во функција електраната Осломеј   Јанез Копач, директор на Секретаријатот на енергетската заедница, меѓународна организација основана помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан и регионот на Црното Море, во интервју за „Еурактив“ ја пофали нашата земја за конкурентни тендери со кои […]

Битиќи: Првпат по 20 години имаме ребаланс во кој се зголемени капиталните инвестиции


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи вечерва во емисијата „Вин-вин“ на телевизија Телма изјави дека првпат по 20 години имаме ребаланс на Буџетот во кој се зголемени капиталните инвестиции. Ребалансот, како што посочи, е направен поради последиците од последниот бран на пандемијата. – После најмалку 20 години имаме […]

Инспекторатите работат со 50 проценти намален кадровски капацитет, покажува ревизорскиот извештај


Инспекторатите во земјава работат со 50 проценти намален кадровски капацитет, а доколку во наредниот период не се реализираат нови вработувања, постои ризик неколку инспекторати да бидат во неможност да вршат инспекциски надзор, покажува конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за институционалните капацитети на инспекторатите. Ревизијата е извршена согласно Годишната програма за работа на Државниот […]

Битиќи: Да инвестираме во решенија кои се засновани на потребите на природата


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за животна средина Насер Нуредини, заедно со претставничката на УНДП во Северна Македонија, Нарине Сахакјан, се обратија на онлајн иницијалната работилница за изработка на Националниот план за адаптација на климатски промени, кој ќе се изработува со учество на сите засегнати страни во општеството. Вицепремиерот Битиќи во своето […]

Корона-тобоган: Пандемијата остави 7.500 лица без работа, но и формализира дел од работните места


Вкупно 7.500 работници останале без работни места во вториот и третиот квартал изминатата година во споредба со истиот период во 2019 година. Најголем дел од изгубените места се помеѓу ниско платените работници без формален писмен договор за вработување што покажува дека работниците кои и пред пандемијата биле несигурни односно ранливи се силно погодени. Ова беше […]

Од 1-ви јули нема роаминг со соседните земји


  Роамингот станува минато, од 1-ви јули повеќе нема да важи за неколку соседни земји. Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил објави дека роамингот од Македонија, почнувајќи од 1-ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

„Чукни во дрво“: „Алкалоид“ со хуманитарен видеоспот по повод 85-тиот јубилеј


Една од најпопуларните и најоптимистични македонски песни, антологиската „Чукни во дрво“, под покровителство на „Алкалоид“ доби нова верзија. Изведувана и преработувана повеќе од 3 децении од сериозни музичари од земјава и од регионот,  овојпат довербата за нејзина изведба авторот Влатко Стефановски им ја додели на најмладите. Безвременските стихови и уникатната преработка и изведба од децата […]

Заев во Тирана: Економско-инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан обезбедува соработка и економско закрепнување на регионот


 Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан го поддржува долгорочното економско закрепнување на регионот, истовремено поттикнувајќи регионална интеграција. Имплементацијата на Планот ќе ја стимулира економската активност, ќе ги зголеми инвестициите и на јавниот и на приватниот сектор, ќе ги зајакне конкурентноста и иновациите, особено на малите и средни компании, истакна премиерот Зоран Заев […]

Прва македонска компанија со лиценца за извоз на сув цвет од канабис во ЕУ


НЈСК Холдинг е првата македонска компанија која доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис, како активна фармацевтска супстанција, наменет за Полска, која е дел од заедничкиот пазар на Европската Унија. НЈСК Холдинг е основана во август 2016 година и е првата лиценцирана компанија за одгледување на медицински канабис во земјава и воедно таа […]

АСО: Осигуреници наплатија 15 милиони евра од штети за првиот квартал од годинава


Граѓани, компании и институции наплатиле 15 милиони евра штети од осигурителните друштва за неживотно осигурување во првите три месеци годинава. Износот на исплатени средства за штети, покриени со осигурителните полиси, во првиот квартал годинава пораснал за 9,5 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Најмногу […]

ВМРО-ДПМНЕ: Дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари поради нова давачка


ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат Владата дека се воведува нов данок при увоз на дизел гориво, со што дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари. „Со Ребалансот на буџетот Заев предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литро. Со овој нов данок дизел горивата трајно […]

Шахпаска на конференција на МOТ: Владата ја задржа економската стабилност и спречи губење на работните места


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска преку видеоврска вчеравечер ​се обрати на 109-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот (МОТ), што се одржа во Женева, на која ги сподели искуствата на Република Северна Македонија во справувањето со пандемијата Ковид-19 и нејзините последици, што е и во фокусот на годинашната конференција. Како што соопшти […]