Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот


Од утре се укинува роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа ќе се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан. Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, […]

Азески: Бизнисот успеа да опстане, сега му треба силен инпут


Компаниите кои инвестираат во развој, иновативни решенија и дигитализација на процесите со примена на меѓународно признатите стандарди мора да бидат поддржани во пост-КОВИД периодот и со тоа да им се одаде признание како се понесоа во една од најтешките кризи. Бизнисот успеа да опстои и она што им е сега потребно на фирмите е силен […]

Дали е правично да се воведува еколошка такса, а да се отпишуваат долгови


Дали е правично да се воведува еколошка такса, а истовремено да се носи мерка со која се отпишуваат долгови, беше прашан премиерот Зоран Заев, на  прес конференцијата на која тој го претстави законското решение со кое околу 150 илјади граѓани ќе може да побараат отпис на каматите за неплатени обврски.    На забелешката дека е […]

Во Иран се повеќе милионери и покрај американските санкции


Иран– Бројот на милионери во Иран, и покрај големите американски санкции, се зголеми во текот на минатата година. Во тој период, бројот на луѓе кои управуваат со средства во вредност од над милион американски долари се зголеми за 21,6 отсто. Во меѓувреме, вкупното нето богатство на иранските милионери порасна уште побрзо – 24,3 проценти, според […]

Се разгледува можноста за европско знаменце за предлогот за еколошка такса за горивата


Правните служби на Владата ја разгледуваат можноста да се стави европско знаменце на Предлог-законот за воведување зелена еколошка такса за горивата кој е во собраниска процедура. Јас лично сметам дека треба да има затоа што е дел од Зелената агенда која е главна преокупација на Европската Унија, а согласно климатските промени и Парискиот договор очигледно […]

Работниците кои од штипска „Баргала“ добија откази поднесуваат приговори


Стоте работници од штипската фабрика за производство на обувки „Баргала“ кои пред четири дена добија отказни решенија поради кршење на работен ред и дисциплина денеска во канцеларијата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесуваа приговори. Работниците тврдат дека неосновано се избркани од работа. –На 11-ти сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа […]

Над 150.000 граѓани ќе можат да побараат да им се отпишат каматите и трошоците за неплатени долгови


Преку 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19 чиј предлог-текст е усвоен на денешната владина седница. Законот ќе овозможи граѓаните да ја исплатат само главницата на долгот на повеќе рати. Како што соопшти премиерот Зоран Заев, државните органи и […]

Kредитите од ЕИБ со каматна стапка од 1,6 отсто


Со поддршка на Владата, преку Развојната банка која ќе ги пласира средствата преку деловните банки во економијата ќе се вбризгаат 100 милиони евра евтин капитал по исклучително ниски каматни стапки, најави денес на прес конференција премиерот Зоран Заев  Станува збор за кредити по исклучително поволна повластена каматна стапка, која за првите транши би изнесувала до […]

Ангеловска-Бежоска: Клучните фактори засега овозможуваат олабавена монетарна политика


Во услови на монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот, токму инфлацијата и нивото на девизните резерви се двата клучни фактора од кои зависи просторот за спроведување олабавена монетарна политика. Повисоко ниво на девизни резерви, а поумерена инфлација, значи и поголем простор за продолжено спроведување лабава монетарна политика. Најновите податоци укажуваат дека девизните резерви […]

Заев, Вучиќ и Рама со целосна поддршка за регионален заеднички пазар


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Република Северна Македонија и Република Албанија, Зоран Заев и Еди Рама разговараа денес преку видео врска на конференцијата „мал Шенген“ за понатамошните чекори во регионалната соработка, како процес од витално значење за напредокот на Западен Балкан и европскиот пат како целина, јави дописникот на МИА од […]

ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на Македонија на четири проценти


ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на Република Северна Македонија за оваа година на четири проценти. Тоа е за еден отсто повеќе од проценката во септември 2020. За 2022 исто така проекцијата за раст на БДП е четири отсто -Во 2020 година, БДП се намали за 4,5 проценти на годишно ниво, како резултат на […]

Светска банка: Кинескиот економски раст поголем отколку што се очекуваше


Кинеската економија ќе расте посилна отколку што се очекуваше оваа година, а во 2022 година активностите ќе забават , што означува враќање на долгорочниот тренд пред пандемијата, предвидува Светска банка. Активностите во азискиот гигант годинава се очекува да пораснат за 8,5 проценти, пресмета Светска банка, зголемувајќи ја сегашната проценка за 0,4 процентни поени. Кинеската влада […]

„Фајнанс тинк“: Еколошката такса на долг рок ќе ја зголеми инфлацијата за 0,8 – 0,9 отсто


Воведувањето на еколошката такса врз цената на горивата ќе има еднократен краткорочен ефект врз општото ценовно ниво – инфлацијата, кој би се движел од 0,15 до 0,3 проценти. Долгорочниот ефект од еколошката такса врз инфлацијата е потенцијално посилен 0,8 до 0,9 проценти, но емпириските докази за неговата статистичка значајност се поограничени. Ова го порачува Finance […]

Бројот на милионери во светот достигна 20,8 милиони, дури 63 отсто од нив се во четири земји


Бројот на милионери ширум светот ја надмина границата од 20 милиони во текот на 2020 година, покажуваат новите податоци објавени од консултантската куќа „Капгемини“ во вторникот. Бројот на луѓе чие богатство вреди милион долари или повеќе се зголеми за 6,3 проценти, на 20,8 милиони луѓе, во текот на годината на глобална пандемија на корона вирусот, […]

Почнува исплатата на јунските пензии


Од денска започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Коронавирусот. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во […]

Агенцијата за странски инвестиции и Советот на странски инвеститори ќе ја продлабочуваат соработката


Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески денеска се сретна со претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер, со потпретседателот на Стопанската комора  Јелисавета Георгиева – Јовевска и експерт и ISO координатор во комората Емилија Тодоровска. На средбата, како што соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, беа […]

Студија: Западен Балкан ќе продолжи да заостанува зад Европската унија


Западен Балкан неизбежно ќе продолжи да заостанува во развојот во однос на земјите од опкружувањето во Југоисточна Европа затоа што Европската унија (ЕУ) им обезбеди на своите членки во регионот значително поголема финансиска поддршка, покажува новата студија објавена од Италијанскиот институт за меѓународни односи (IAI.it) во Рим. Така, во текот на следните седум години, Грција […]

Јавниот долг на Албанија годинава ќе достигне 82,4 отсто од БДП


Албанската Влада се одлучи за зголемување на јавниот долг оваа година на 82,4 отсто од Бруто домашниот производ (БДП), со што се зголемува буџетскиот дефицит на ниво од 120,5 милијарди леки (околу милијарда евра) од 108 милијарди лека колку што планираше на почетокот на годината. Владата ја зголеми годишната мерка за дефицит, кршејќи го фискалното […]

ДЗР: Надлежните не обезбедуваат ефективно управување со минералните суровини и ефикасна наплата на концесиите


Мерките и активностите кои ги преземаат надлежните институции не се доволни да обезбедат ефективно управување со минералните суровини, во однос на нивната оптимална искористеност и ефикасна наплата на концесиските надоместоци, согласно начелата на одржлив развој, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) спроведена на тема „Ефективност на мерките и активностите за искористување на минералните […]

Проектот „m.Health” е победник на хакатонот “Е-Здравство” на ФИТР и РОШ Македонија


Проектот “m.Health” е избран како најиновативно и најкреативно решение за подобро управување со здравствениот систем, во рамките на првиот хакатон “Е-Здравство”, кој се одржа изминатиот викенд, во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, РОШ Македонија, а во соработка со Министерството за здравство. На хакатонот, како што информираат од ФИТР, вкупно 11 проектни тимови […]