За едно понудено работно место има до 47 невработени лица


На пазарот на труд има недостиг на квалификувана работна сила, драстично поголема понуда од побарувачката за одредени занимања и дефицит на работна сила со средни вештини, покажува истражувањето на Меѓународната организација на трудот и „Finance Think“ спроведено во девет општини во земјава и тоа во Битола, Кичево, Куманово, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово и […]

Пад на цената на нафтата по појавата на нов сој на коронавирус


Цените на нафтата денеска се намалија по под 78 долари за барел на меѓународните берзи, поради стравот на трговците дека новиот сој на коронавирусот може да го забави закрепнувањето на економијата и побарувачката на нафта, што би можело а резултира со значителен вишок во понудата. На лондонскиот берза барел нафта попладнево беше повисока за 4,28 […]

Последен ден од општата комисиска расправа на Предлог-буџетот за 2022 


Со едноминутно молчење за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, собраниската Комисија за финансирање и буџет претпладнево ја продолжи општата расправа по Предлог-буџетот за 2022 година. Во текот на расправата власта и опозицијата повторно ги спротивставија ставовите. Додека за пратениците од владејачките партии Предлог-буџетот е развоен, насочен кон економско заздравување, заштита на здравјето, зголемување на […]

Преку Развојната банка 16,9 милиони евра за домашните компании, прва транша од заемот од ЕИБ


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје денеска ја повлече првата транша во износ од 16,9 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка. Со оваа транша, се обезбедува поддршка на 50 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 90 лица. Од траншата, […]

САСА ја продолжува поддршката за одржливост на рибниот фонд во езерото Калиманци


Благодарение на финансиската поддршка што ја обезбедува Рудник САСА, Здружението на риболовци – Спортски клуб „Шаран“ спроведе акција за обнова и дополнување на рибниот фонд во езерото Калиманци. Во рамки на најновата акција денеска беше извршено порибување на езерото со околу 1.500 килограми крап, а најавено е и дополнително порибување со околу 500 килограми, што […]

Ковачевски: Приходите во 2021 година ќе бидат 100 отсто реализирани


Во однос на сегашната реализација на Буџетот, во делот на приходите од ДДВ, до денеска имаме натфрлање на планот за 26,7 проценти во однос на истиот период лани. Тоа ми дава за право да кажам дека приходите во 2021 година ќе бидат остварени на ниво од 100 проценти, рече заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на […]

Поради новиот сој на коронавирусот пад на вредноста на биткоинот


САД– Вредноста на биткоинот денеска се намали за речиси 8,0 отсто по извештаите за нов сој на коронавирусот, кој потенцијално е отпорен на вакцина. Тоа ги наведе инвеститорите да се ослободат од ризичните имоти во корист на безбедните засолништа, како што се државни обврзници, јен и долар. Биткоинот се намали за 7,8 проценти и чини […]

Буџетот на МВР за 2022 година предвидува зголемување на платите за 5 проценти


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го претстави Предлог-буџетот на МВР за 2022 година, со вкупна вредност од 10 милијарди и 410 милиони денари, испланиран согласно развојната компонента за подобрување на работењето и реализирање на сите активности што се во надлежност на Министерството, како и негово непречено функционирање и работење за остварување на основните […]

Британското производство на автомобили речиси преполовено во октомври


Производството на автомобили во Велика Британија падна за 41,4 отсто во октомври, што е најголем пад по 1956 година. Причините се светскиот недостиг на полупроводници и затворањето погони за нови возила, објави Здружението на автомобилската индустрија (СММТ), во оваа земја. Минатиот месец во земјата се произведени 64.729 автомобили. Падот ги одразува проблемите во глобалните синџири […]

Следната недела ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост


Следната недела, од 1 до 3 декември, ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот […]

Телеком: Се поставува опрема од најновата генерација за 5Г услуги, досега покриени 11 градови


Телекомуникациската компанија Телеком денеска соопшти дека продолжува со активности за поставување 5G мрежа на целата територија на државава. Во тек е, информираат, интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. Од август досега покриени се […]

Комерцијална банка со гифт-картичка и во Ист гејт мол


Ист Гејт Мол и Комерцијална банка најавуваат картичка за подарување токму пред Новогодишните и Божиќните празници „Ист Гејт гифт-картичката“ ќе биде достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари и со тоа ќе биде погодна за дарување во секоја прилика и за најразличен повод. Со својот привлечен дизајн и пакување, со можност […]

Отворен реновираниот „Супер Тинекс“ маркет „Годел“


Компанијата „Тинекс“ од денес, 26.11.2021 повторно отвора уште еден во низата реновирани, модерни, најснабдени маркети, тоа е „Супер Тинекс Годел“ на ул. „Перо Наков” бр. 108 Покрај големиот асортиман на производи кои „Тинекс“ ги нуди на своите потрошувачи, „Тинекс“ става посебен акцент и на комодитетот и врвната естетика на ентериерот во самиот маркет. Особено внимание […]

Добивката на „Макпетрол“ во 2021 година е 20 милиони евра


Акционерското друштво „Макпетрол“ од Скопје во периодот од први јануари до 30 септември 2021 година оствари добивка по оданочување од 1.227,6 милиони денари, односно речиси 20 милиони евра. Ова претставува неколкукратно зголемување споредено со истиот период лани, кога профитот беше 231,2 милиони денари или околу четири милиони евра. Зголемувањето на добивката во најголем дел е […]

Европските берзи паднаа за околу три отсто


Англија– На европските берзи утрово цените на акциите паднаа за околу три отсто, бидејќи инвеститорите стравуваат од последиците од ширењето на новата варијанта на коронавирусот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 3,3 отсто во 9.30 часот. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс падна за 2,95 отсто, на 7.093 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 3,0 […]

Почна исплатата на ноемвриските пензии


Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот. За оние пензионери кои немаат платежни картички, исплатата ќе почне од денес и тоа за пензиите во висина до 11 илјади денари, во понеделник, во банките ќе може да се подигне […]

Кинеските директни инвестиции во Африка надминаа 43 милијарди долари


Кина – Вкупното ниво на кинески директни инвестиции во Африка до крајот на 2020 година надминаа 43 милијарди долари, се наведува во Белата книга со наслов „Кина и Африка во новата ера: рамноправно партнерство“, објавена од прес-службата на Државниот совет на Кина. Според Белата книга, Кина основала повеќе од 3.500 компании на црниот континент, а најголемиот […]

Завршува општата комисиска расправа за буџетот за 2022, од утре ќе се разгледуваат амандманите


Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе го одржи последниот ден од општата расправа за Предлог-буџетот за следната година, а утре треба почне амандманската расправа која се очекува да заврши в среда. За Предлог-буџетот се поднесени вкупно 223 амандмани. Расправата за буџетот не продолжи неделава поради откажувањето на сите собраниски активности по автобуската несреќа во […]

ТЕЦ „Неготино“ ќе стартува во декември и ќе работи најмалку до април


Со сегашната цена на мазутот од 36 денари за килограм, производната цена на ТЕЦ „Неготино“, со еден котел ќе изнесува околу 175 eвра за мегаватчас, а со два котла околу 150 eвра за мегаватчас   Владата на денешната 121 седница, даде согласност на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) да го активира со работа ТЕЦ „Неготино“ […]

Зоран Петровски нов претседател на Управниот одбор на „Адинг“


Дипломираниот инженер архитект Зоран Петровски е новиот Претседател на Управниот одбор и генерален директор на АДИНГ АД, Скопје, соопштија од компанијата. Станува збор за првиот и долгогодишен соработник на досегашниот носител на оваа прва функција во компанијата Благоја Дончев, кој воедно е еден од најсикусните кадри на компанијата. Зоран Петровски на оваа функција доаѓа од […]