Зоран Петровски нов претседател на Управниот одбор на „Адинг“

Дипломираниот инженер архитект Зоран Петровски е новиот Претседател на Управниот одбор и генерален директор на АДИНГ АД, Скопје, соопштија од компанијата.

Станува збор за првиот и долгогодишен соработник на досегашниот носител на оваа прва функција во компанијата Благоја Дончев, кој воедно е еден од најсикусните кадри на компанијата.

Зоран Петровски на оваа функција доаѓа од долгогодишната позиција на заменик претседател на УО и заменик генерален директор на компанијата, додека паралелно ја врши и функцијата управител на филијалата во Казахстан. Во годината кога се бележат одлични резултати од работењето, со неговото назначување компанијата цврсто продолжува кон остварување на зацртаните бизнис цели, се вели во соопштението до медиумите.