Ердоган најави операција против Курдите во Сирија


Турската војска ќе спроведе операција источно од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија, во зоната под контрола на курдските Сили за заштита на народот, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Тој истакна дека за акцијата се веќе информирани САД и Русија. – Влеговме во Африн, Јараблус и Ал Баб. Сега ќе влеземе источно од […]

Во Грција за 13 часа регистрирани 44 шумски пожари


Грција – Во текот на вчерашниот ден, од шест часот наутро заклучно со 19 часот по локално време во цела Грција биле регистрирани 44 шумски пожари, а интервенирале 382 вкупно пожарникари со 156 возила, пет големи и четири мали авиони и пет хеликоптери, соопшти грчката Противпожарна служба. Сѐ уште е активен и не е ставен целосно […]

Во Белград одржан 35. протест „Еден од пет милиони“


Србија – Во Белград како и секоја сабота, синоќа се одржа 35. протест „Еден од пет милиони“. Протест се одржа неколку дена откако почна дијалогот на Факултетот за политички науки меѓу претставниците на власта и опозицијата за изборните услови. Претседателот на Движењето за пресврт и еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС), Јанко Веселиновиќ, […]

„Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“


Српските медиуми посветуваат големо внимание на случајот со косовскиот државјанин Томор Морина, кој беше притворен во Македонија поради потерница од Интерпол и барање на српските власти за злосторства во Косово во 1999 година. Белградски „Б92“ со наслов: „Не грижи се, Морина, нема да бидеш испорачан“ пишува за изјавите на вицепремиерот Бујар Османи, кој, практично се […]

На албанско-грчката граница откриена група ирачки мигранти, меѓу нив и деца


Албанската гранична полиција во соработка со Фронтекс откри 21 мигрант, сите државјани на Ирак, кои на албанска територија влегле преку зелениот појас на границата со Грција. Управата на граничната полиција потврди дека нивна цел била само транзит да ја минат територијата на Албанија и да го продолжат патот кон земјите на Европската Унија. – За […]

Во Србија меѓусебни обвинувања на власт и опозиција за аферата прислушување


Во Србија и денеска продолжуваат меѓусебните обвинувања околу аферата за прислушување, следење и „шпионирање“ меѓу власта и опозицијата, тема која ја почна опозицијата и за која вчера српскиот претседател, Александар Вучиќ, симнувајќи ја ознаката за тајност на документи на тајните служби, докажуваше дека тој бил прислушуван 24 години. – Тие мене ме напаѓаат бидејќи се […]

Мустафа реизбран на чело на Демократскиот сојуз на Косово


Досегашниот лидер на Демократсјиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мутафа денеска, на деветтото Изборно собрание на ЛДК, е повторно избран за лидер на на таа најголема косовска опозициска партија, јави дописникот на МИА од Приштина. Мустафа го освои мнозинството гласови од 354-те учесници на Собранието, делегирани од општинските ограноци на партијата. Пред почетокот на изборниот […]

Грчката полиција заплени над 128 тони обработен и суров тутун


Грчката полиција разби криминална група која складирала и преработувала шверцувани тутунски производи, уапсени се 10 лица и запленети над 128 тони обработен и суров тутун, jави дописничката на МИА од Атина. Тутунот бил пронајден во три магацини, а бил наменет за производство на шверцувани цигари и нелегална продажба и извоз во странство и во земјите […]

Деморатскиот сојуз на Косово избира претседател


Најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово денеска (ЛДК) денеска ќе го одржи своето 9. Изборно собрание, на кое треба да избере нов претседател на партијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Партиските раководни структури вчера и завчера одржаа консултативни состаноци, на кои се обидоа да постигнат договор за консензуален кандидат, меѓутоа не истапија […]

Разрешена министерката Андронеску поради коментар за убиената девојка


Романската премиерка Вјорика Данчила изјави дека ја сменила министерката за образование Екатерина Андронеску поради нејзината неодамнешна несоодветна изјава за случајот со убиената девојка. Данчила на Фејсбук објави дека ставовите на Андронеску одразуваат „неодговорен став“ и „недостиг од разбирање“ по повод силувањето и убиството на 15-годишната девојка, која била киднапирана откако стопирала. Андонеску изјави дека неа […]

Албанско државјанство и пасош за сите Албанци по род


Албанската Влада на последната седница, го усвои Предлог-законот „За државјанство“, кој содржи неколку суштински измени, како што е членот 6 каде се предвидува „Стекнувањето на државјанство врз основа на потекло“. Со ова им се овозможува на Албанците кои живеат надвор од територијата на албанската држава, како во соседните земји и во дијаспората, да добијат албанско […]

Стефановиќ: Северна Македонија ќе го прекрши меѓународното право ако не го испорача Морина на Србија


Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека не може да верува оти Северна Македонија нема да го екстрадира Тимор Морина, бидејќи тоа би било непочитување на меѓународното право. -Сите земји што се дел од Интерпол треба да се придржуваат кон меѓународните прописи. Северна Македонија треба, врз основа на потерницата и документите, кои Србија […]

Шпанија: Србин му го пресече вратот на сограѓанин пред очите на туристи


  Во шпанското летувалиште Коста дел Сол тешко е повреден државјанин на Србија кога маж, исто така од Србија, со кујнски нож му го пресекол вратот. Грозоморниот чин се случувал на балкон на трет кат во една зграда недалеку од пристаниѓтето Дукеса, пред очите на престрашени британски туристи, пишува порталот „Olivepress”. Мажот бил во долна […]

Во масакрот во Загреб убиени се двајца мажи, три жени и 10-годишно дете


Во населба во Загреб синоќа околу 21.30 часот се случи шесткратно убиство во кое се убиени двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Тоа го соопшти утрово загрепската полиција. Претходно, локални медиуми јавуваа за четири убиени деца. Преживеано е само седуммесечно бебе кое не е повредено. На местото на масакрот се уште се врши увид, […]

Тадиќ: Не сум ја прислушувал опозицијата, туку опозицијата мене


Претседателот на српската Социјалдемократска партија, Борис Тадиќ ги отфрла обвинувањата дека опозицијата била прислушувана за време на неговиот мандат и изјави дека министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ не покажал докази за тоа. Напротив, Тадиќ вели дека опозицијата го прислушувала него. Тадиќ рече дека опозицијата не била прислушувана додека бил претседател, туку биле следени екстремисти […]

Зери: Тачи е подготвен веднаш да распише предвремени избори


Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска соопшти дека е подготвен веднаш да распише вонредни парламентарни избори, доколку, како што наведе, политичките партии не се во состојба да одговорат на новонастанатата политичка ситуација. Тачи истакна дека за Косово е од суштинско значење да добие нова, функционална, ефикасна, инклузивна и експедитивна влада која ќе ги унапреди важните процеси, […]

Во Србија работа чекаат 151 доктор на науки, најмногу економисти


Во Србија, според податоците на Бирото за вработување, за работа чекаат 151 доктор на науки, од различни струки, од кои 92 се жени. Најголема група меѓу најобразованите граѓани кои се евидентирани во Националната служба за вработување се 22 доктори на економски науки. Просечно имаат по 45 години, додека на Бирото за вработување се 34 месеци. […]

Протест во Ѓаковица за ослободување на Морина


Во центарот на Ѓаковица за денеска е најавен протест со барање за ослободување на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од овој град, Томор Морина, кој минатата недела беше уапсен од македонската полиција врз основа на потерница од Интерпол, јави дописникот на МИА од Приштина. Барање до властите во Скопје за ослободување на […]

Силен земјотрес на грчкиот остров Крит


Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер бил регистриран во близина на градот Ираклио на грчкиот остров Крит без, засега, да има информации за повредени или предизвикана материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина . Земјотресот се случил во 7.40 часот утрово по локално време, бил почувствуван на целиот остров, а епицентарот бил […]

Земјотрес на Закинтос, нема повредени


Земјотрес со интензитет од 4,2 степени денеска го погоди грчкиот остров Закинтос во Јонското Море. Во потресот нема повредени луѓе, ниту е пријавена материјална штета, јавија грчките медиуми. Епицентарот на потресот бил 63 километри од градот Закинтос, на длабочина од пет километри.