Ракетните системи „С-400“ и „Панцир С“ пристигнаа во Србија


Ракетните системи „С-400“ и батеријата „Панцир С“ беа пренесени во Србија, каде што првпат ќе учествуваат во воени вежби во странство, соопшти прес-службата на руското Министерство за одбрана.

„Руските единици за противвоздушна одбрана, заедно со противавионските ракетни системи ‘С-400’ и противракетните системи ‘Панцир С’, се пренесени со воени транспортни авиони на територијата на Србија“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Во изјавата се прецизира дека системите ќе учествуваат во втората фаза од заедничките воени вежби „Словенски штит 2019“.

Министерството додава дека ова е првпат системите „С-400“ и „Панцир С“ да учествуваат во воени вежби на територијата надвор од Русија.

На територијата на Република Србија се одржува заедничката тактичка вежба „Словенечки штит 2019“ која се состои од боево гаѓање на ракетните единици на ПВО на српските вооружени сили и Воздушно-космичките сили на Руската Федерација.

Според српското Министерство за одбрана, вежбата ќе биде спроведена на подрачјето на аеродромот „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница и на теренот за обука „Пасуљанска ливада“, со вклучување на други единици на Воздухопловната и воздушна одбрана на српските вооружени сили.

Целта на вежбата е едукација и употреба на заеднички групации на ПВО на Војската на Србија и Воздушно-космичките сили на Русија, како и употреба на војската за одбрана од извидувачки дејствувања на непријателски сили од воздух и обучување на единиците за подготовка и изведување операции за ПВО.

(Спутник)