Дисциплинска постапка против албанската амбасадорка во Атина поради исчезнатите пасоши


Албанското Министерство за Европа и надворешни работи соопшти дека почнало дисциплинска постапка против амбасадорката на Албанија во Атина, Адријана Хобдари, поради скандалот за исчезнувањето на 100 албански пасоши во Грција. Во меѓувреме, од функцијата е разрешен албанскиот конзул во Јанина, Первин Ѓикурија, откако според досегашната истрага, постојат основи за сомнеж дека тој е одговорен за …

Дисциплинска постапка против албанската амбасадорка во Атина поради исчезнатите пасоши Read More »

Хаг без милост за Караџиќ: Доживотен затвор за геноцид


Жалбениот совет на Хашкиот трибунал му изрече доживотен затвор на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. По тригодишна жалбена постапка, судот во Хаг одлучи дека првостепената пресуда од 40 години затвор не е доволна, па ја зголеми казната.  Тој во март 2016 година беше осуден на долгогодишната затворска казна поради геноцид во Сребреница и злосторства извршени …

Хаг без милост за Караџиќ: Доживотен затвор за геноцид Read More »

Мета е подготвен да даде оставка и да се жртвува за да не се инсталира хунта во Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета за време на денешен престој во Подградец се осврна на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата и истакна дека е подготвен да се откажа од мандатот за доброто на земјата. – Подготвен сум да се откажам од мандатот и да се жртвувам како Салвадор Алјенде, за да не дозволам …

Мета е подготвен да даде оставка и да се жртвува за да не се инсталира хунта во Албанија Read More »

Косовскиот политичар Слободан Петровиќ нападнат од членови на Српската листа


Лидерот на Самостојната либерална партија (СЛС) и пратеник во косовското Собрание, Слободан Петровиќ денеска бил физички нападнат од двајца членови на партијата Српска листа (СЛ), додека се подготвувал да одржи прес-конференција. Петровиќ бил нападнат во угостителски објект во близина на косовското Собрание, каде за во 12 часот имаше закажано прес-конференција, на која најави дека ќе …

Косовскиот политичар Слободан Петровиќ нападнат од членови на Српската листа Read More »

Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон


Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, оствари низа средби со високи американски функционери при неговата посета на Вашингтон, а освен за билатералните односи и состојбата во регионот, станало збор и за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. Кумуцакос, имал средби со новиот помошникот државен секретар Филип Рикер, …

Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон Read More »

Хрватска претпоследна земја во ЕУ


Според официјалните податоци, доколку се смета според стапка на вработеност, Хрватска е претпоследна земја во ЕУ. Хрватска е специфична во Европската Унија поради фактот што 40 отсто од работоспособното население е невработено, изјави гувернерот на Хрватската народна банка (HNB), Борис Вујичиќ, осврнувајќи се на работната сила како неизбежно прашање на конкурентноста на домашната економија. „Според …

Хрватска претпоследна земја во ЕУ Read More »

Силен земјотрес во Турција


Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според скалата на Рихтер е регистриран утрово во западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ). Засега нема податоци за повредени или причинета материјална штета. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 232 километри југоисточно од Измир, 51 километар југоисточно од Денизли и 27 километри западно од Јешилова, …

Силен земјотрес во Турција Read More »

Лидерот на албанската опозиција осомничен за перење пари


Јавното обвинителство во Тирана ги повика на разговор лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша и поранешниот партиски генерален секретар Арбен Ристани, во врска со договорите за лобирање на партијата во САД за време на последните парламентарни избори во Албанија. Баша и Ристани во Обвинителството треба да се јават в четврток …

Лидерот на албанската опозиција осомничен за перење пари Read More »

Харадинај: Србија сама нека си ги решава своите проблеми, ние си имаме наши


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги отфрли денеска како апсурдни тврдењата на официјален Белград дека тој или некој друг од државниот врв на Косово стои зад протестите во Србија против српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на прес-конференција во Приштина им порача на српските власти да не го инволвираат него и …

Харадинај: Србија сама нека си ги решава своите проблеми, ние си имаме наши Read More »

Вучиќ: Не можам да ги аболирам сите, но се надевам дека Судот ќе ги ослободи


Србија е во исчекување на аболицијата на шефот на државата Александар Вучиќ, што ќе влијае на натамошните чекори на опозицијата и на протестите. Вучиќ денеска изјави дека има намера утре да го разгледа помилувањето, но и дека нема целосно такви овластувања. – Одделни лица се казнети прекршочно, а за други се води преткривична постапка. Јас, …

Вучиќ: Не можам да ги аболирам сите, но се надевам дека Судот ќе ги ослободи Read More »

Се плашат да не испие и Радован Караџиќ отров, како Слободан Праљак


Изрекувањето на правосилната пресуда за Радован Караџиќ по жалбите на хашкиот обвинет планирано за 20 март, ќе биде пренесувано со задоцнување од 30 минути. Секакво снимање на преносот во живо е строго забрането, како што се наведува од „оперативни причини“. Изрекувањето на правосилната пресуда по жалбите на хашкиот обвинет Радован Караџиќ, закажано за утре во …

Се плашат да не испие и Радован Караџиќ отров, како Слободан Праљак Read More »

Обрадовиќ: Ги продолжуваме протестите


Клучната порака и лекцијата од тримесечните протести е дека Вучиќ може да падне само ако е притиснат. Преку институциите, ние повеќе не можеме ништо повеќе да сториме. Не функционира ниту Уставниот суд ниту Националното собрание, ниту полицијата и судовите и единствениот начин за да се избориме е да одиме преку вониституционален пат, изјави еден од …

Обрадовиќ: Ги продолжуваме протестите Read More »

ОБСЕ: Откажувањето на албанската опозиција од пратеничките мандати e чин без преседан


Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард откажувањето на албанската опозицијата од пратеничките мандати го оцени како чин без преседан и лош пример за регионот. – Тоа беше критикувано од страна на сите меѓународни претставници, бидејќи тоа е фитил кој фрли пламен врз сите парламентарни системи, изјави Бошард. На прашањето дали ОБСЕ ќе ги признае …

ОБСЕ: Откажувањето на албанската опозиција од пратеничките мандати e чин без преседан Read More »

Упатства до грчките царински служби по стапувањето на сила на Договорот од Преспа


Независниата служба за јавни приходи на Грција, преку циркулар ги известува царинските служби за процедурите за размена, промените и праксите со Северна Македонија, по стапувањето на сила на Договорот од Преспа. Документот е со датум 13 март, содржи општ дел и дел со специјални упатстава за транзит, увоз, извоз, патници и превозни средства во кои …

Упатства до грчките царински служби по стапувањето на сила на Договорот од Преспа Read More »

Србија: Поради НАТО-бомбардирањето, децата родени по 1999 година подложни на малигни болести


Децата родени меѓу 1999 и 2015 година биле изложени на токсичен фактор, кој влијаел да бидат подложни на малигни болести, покажа студијата на Комисијата за истражување на последиците од НАТО-бомбардирањето. Претседателот на Комисијата Дарко Лакетиќ, по презентирањето на истражувањето во српскиот парламент, пред новинарите рече дека тоа се однесувало само на деца, бидејќи тие се …

Србија: Поради НАТО-бомбардирањето, децата родени по 1999 година подложни на малигни болести Read More »

Три сценарија за пресудата на Караџиќ – од доживотна робија до слобода


Во Босна и Херцеговина со голем интерес се очекува одлуката на Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, каде утре ќе биде изречена правосилна пресуда за Радован Караџиќ, кој во прв степен е осуден на 40 години затвор за злосторства извршени за време на последната војна на територијата на таа држава. Некогашниот хашки …

Три сценарија за пресудата на Караџиќ – од доживотна робија до слобода Read More »

Тачи: Да се обединиме како пред 20 години во Рамбује


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека финализацијата на Мировната конференција во Рамбује во Франција, на денешен ден пред 20 години, беше првата дипломатска победа на Косово, која го отвори патот за интервенцијата на НАТО и запирањето на етничкото чистење во Косово. Тачи, кој ја предводеше делегацијата на косовските Албанци на преговорите со српската страна, што …

Тачи: Да се обединиме како пред 20 години во Рамбује Read More »

Педофил од Македонија го дигна регионот на нозе: Доби отказ и протерување од Дубровник, но не и пријава


Педофил од Македонија, кој бил на привремена работа во Дубровник, го дигна регионот на нозе. Тој на социјалните мрежи праќал перверзни пораки до корисник, за кој мислел дека е 12-годишно девојче, а, всушност, зад лажниот профил стоеле борци против педофилија. Полицијата во Дубровник поднесе кривична пријава против педофилот, но обвинителството ја отфрли, бидејќи жртвата не …

Педофил од Македонија го дигна регионот на нозе: Доби отказ и протерување од Дубровник, но не и пријава Read More »

Снег во Хрватска, на крајбрежјето бура


На прагот на пролетта, во хрватски Горски Котор паѓа снег, патиштата се влажни во поголемиот дел од земјата, а крајбрежјето е зафатено од бура. Снег има и во некои пониски предели, како во зимскиот период. На поголемиот дел од патиштата во Горски Котор и Лика сообраќајот е забранет за возила кои немаат зимска опрема и …

Снег во Хрватска, на крајбрежјето бура Read More »

„Блиц“: Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите


Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите, кои ќе побараат помилување, јави „Блиц“. – Оние кои ќе побараат помилување ќе бидат ослободени, а претседателот нема надлежности во врска со прекршочните постапки, изјавил за „Блиц“ извор близок до Претседателството. Како што пренесува „Блиц“, помилувањето се однесува на сите, освен …

„Блиц“: Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите Read More »