Хрватска претпоследна земја во ЕУ


Според официјалните податоци, доколку се смета според стапка на вработеност, Хрватска е претпоследна земја во ЕУ. Хрватска е специфична во Европската Унија поради фактот што 40 отсто од работоспособното население е невработено, изјави гувернерот на Хрватската народна банка (HNB), Борис Вујичиќ, осврнувајќи се на работната сила како неизбежно прашање на конкурентноста на домашната економија.

„Според стапката на вработеност, Хрватска е втора најлоша земја во ЕУ по Грција, а тоа значи дека сите останати треба толку повеќе да работат за да се задржи истиот стандард на живеење“, рече гувернерот во понеделникот, објави „Пословни дневник“.

Клучот е во мобилизирањето на оваа популација, смета Вујчиќ, оценувајќи ги позитивните промени во пензиските прописи со кои се продолжува работниот век.

Хрватската синдикална иницијатива „67 е премногу“, која се противи на пензионирањето на 67 години, најави дека од 27 април ќе почне со собирање потписи за референдум, со кој ќе се постави прашањето за враќање на возраста од 65 години за одење во пензија.