Хаг без милост за Караџиќ: Доживотен затвор за геноцид


Жалбениот совет на Хашкиот трибунал му изрече доживотен затвор на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ. По тригодишна жалбена постапка, судот во Хаг одлучи дека првостепената пресуда од 40 години затвор не е доволна, па ја зголеми казната. 

Тој во март 2016 година беше осуден на долгогодишната затворска казна поради геноцид во Сребреница и злосторства извршени против човештвото во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Караџиќ беше уапсен во Белград на 21 јули 2008 година, а девет дена подоцна беше екстрадиран во Хаг.

Тој долги години се криеше во Србија под лажен идентитет Драган Дабиќ, доктор по алтернативна медицина.

Неговото судење започна во октомври 2009 година и заврши со првостепена пресуда во март 2016 година.