Мицотакис: Однесувањето и соработката на соседите ќе го оценат нивниот пат кон ЕУ


Од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе се оцени нивниот тек кон Европската Унија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговиот говор на почетокот на расправата за гласање доверба на Владата, во делот посветен на нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис, во едночасовното обраќање, кусо се задржа на …

Мицотакис: Однесувањето и соработката на соседите ќе го оценат нивниот пат кон ЕУ Read More »

Завршена поделбата на дипломатскиот објект на СФРЈ во Атина меѓу Србија и Северна Македонија


Србија- Генералниот секретар во српското МНР и претставник во Мешовитиот комитет за распределба на дипломатскиот и конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, Вељко Одаловиќ изјави дека е завршена поделбата на објектот во Атина меѓу Србија и Северна Македонија. – Објектот е поделен меѓу Србија и Северна Македонија, што претходно, од повеќе причини, не можеше да се …

Завршена поделбата на дипломатскиот објект на СФРЈ во Атина меѓу Србија и Северна Македонија Read More »

По Харадинај, и Јакуп Красниќи повикан од Специјалниот суд во Хаг


Косово– Поранешниот претседател на косовското Собрание и портпарол на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во 1998-99 година, Јакуп Красниќи доби покана од Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, каде што треба да се јави идната недела, на 24 јули. Информацијата ја потврди самиот Красниќи, кој преку соопштение за јавноста изрази уверување дека „правдата ќе …

По Харадинај, и Јакуп Красниќи повикан од Специјалниот суд во Хаг Read More »

Вучиќ: Политички трик на Харадинај, ќе се врати за 48 часа


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се обрати по повод оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и евентуалните импликации од таквиот потег. – Ја разбираме радоста, не сакам да кажам еден вид задоволство поради тоа што Харадинај е повикан во Хаг. Сметам дека нема причина за еуфорија бидејќи ги согледуваме сите факти и последици по тој …

Вучиќ: Политички трик на Харадинај, ќе се врати за 48 часа Read More »

Експлозија во зграда во центарот на Загреб


Едно лице загина при експлозија, која одекна утрово во станбена зграда во центарот на Загреб. Безживотното тело е пронајдено во еден од становите на зградата. На местото на инцидентот се наоѓаат екипи на итна медицинска помош, на полицијата и пожарникари. Засега нема информации за други жртви или повредени лица, ниту е позната причината за експлозијата.

Почнува тридневната расправа за доверба на новата грчка Влада


Со обраќање на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, попладнево во Парламентот почнува тридневната расправа за гласање доверба на новата влада на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Премиерот и министрите ќе ја претстават нивната програма, а се очекува свои обраќања да имаат и лидерите на останатите политички партии, како и пратеници. Претставувањето на владината програма …

Почнува тридневната расправа за доверба на новата грчка Влада Read More »

По оставката на Харадинај, Самоопределување ја исклучува можноста за техничка влада


Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), Албулена Хаџиу, по оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, побара Собранието веднаш да го одреди датумот за вонредните избори и ја исклучи можноста од формирање техничка влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Хаџиу на својата страница на Фејсбук напиша дека ВВ не прифаќа да биде дел од било …

По оставката на Харадинај, Самоопределување ја исклучува можноста за техничка влада Read More »

Баша: Харадинај ја стави својата татковина над се


По оставката на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај реагираше лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша. Баша одлуката на Харадинај ја смета за „чин на човек кој ја ставил својата татковина над се“. На Твитер напиша дека „никој и ништо не може да ја осквернави возвишената жртва на семејството Харадинај на олтарот на слободата“. …

Баша: Харадинај ја стави својата татковина над се Read More »

Додик: Оставката на Харадинај личи на фарса


Претседавачот со Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави вечерва дека оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај „личи на фарса“, која треба да биде основа за „дополнителен притисок врз Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ“. Тој потсети дека на Харадинај порано не му било пресудено во Хашкиот трибунал, а сега е „повикан на нешто што треба …

Додик: Оставката на Харадинај личи на фарса Read More »

Мајко: Харадинај поднесе оставка како вистински државник


Поранешниот албански премиер и актуелен министер за дијаспора Пандели Мајко, изјави дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднел оставка како вистински државник. Харадинај, напиша Мајко на Фејсбук, презеде чекор што го прави Косово достинстевно како држава. – Рамуш Харадинај поднесе оставка од функцијата премиер како вистински државник. Тој направи чин што го прави Косово држава со …

Мајко: Харадинај поднесе оставка како вистински државник Read More »

Курти: Оставката на Харадинај требаше да се случи многу порано


Лидерот на опозициското Движење „Самоопределување“ Албин Курти напиша на Фејсбук дека оставката на Рамуш Харадинај дошла со непотребно одложување и од погрешни причини. Тој констатира дека дошло време кога Харадинај морал да поднесе оставка од премиерската функција. – Харадинај требаше да поднесе оставка многу порано, на пример кога го смени својот став за разграничување со …

Курти: Оставката на Харадинај требаше да се случи многу порано Read More »

Весели жали што „соборци се повикани“ од Специјалниот суд за воени злосторства


Претседателот на косовското Собрание и лидер на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК), Кадри Весели изрази жалење поради повикот од страна на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово на неколку негови поранешни соборци од Ослободителната војска на Косово, меѓу кои и на досегашниот премиер и коалициски партнер Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од …

Весели жали што „соборци се повикани“ од Специјалниот суд за воени злосторства Read More »

Итен состанок на Вучиќ со соработниците по оставката на Харадинај


Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна вечерва со претседавачот и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и своите соработници, веднаш по информацијата за оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, објави Танјуг. На состанокот присуствуваат и министерот за одбрана Александар Вулин, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, …

Итен состанок на Вучиќ со соработниците по оставката на Харадинај Read More »

Мустафа: Баравме оставка од Харадинај, но жалиме што тоа се случи поради Хаг


Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, по повод оставката на премиерот Рамуш Харадинај, вели дека неговата партија ја барала оставката на Харадинај, но оти жали затоа што тоа се случи поради Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Шефот на косовската опозиција …

Мустафа: Баравме оставка од Харадинај, но жалиме што тоа се случи поради Хаг Read More »

Тачи изрази жалење поради повикот на Харадинај од Специјалниот суд за воени злосторства


Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека со жалење ја примил веста дека премиерот Рамуш Харадинај е повикан, во својство на осомничен, од страна на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово. По повод оставката на Харадинај од функцијата претседател на Владата на Косово поради поканата од Специјалниот суд во Хаг, Тачи на својот Фејсбук напиша …

Тачи изрази жалење поради повикот на Харадинај од Специјалниот суд за воени злосторства Read More »

Харадинај бил двапати ослободуван во Хаг


На косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај му е судено во Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово, но во 2012 година правосилно е ослободен од сите обвиненија. Трибуналот вторпат го ослободи сега веќе поранешниот косовски премиер и екс лидер на ОВК од вината за извршени злосторства врз цивили на Косово во 1998 година. Харадинај, …

Харадинај бил двапати ослободуван во Хаг Read More »

Рамуш Харадинај поднесе оставка на премиерската функција


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка на функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада. -Оставката е неотповиклива, рече Харадинај. Харадинај, на прес-конференција, рече дека не може да се појави пред Специјалниот суд во Хаг како шеф на владата, туку како државјанин на земјата кој ја чува честа на шефот на владата и државата. Тој …

Рамуш Харадинај поднесе оставка на премиерската функција Read More »

Харадинај: Oчекуваме дијалогот да донесе меѓусебно признавање на Косово и Србија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека единственото прашање за кое треба да разговараат Косово и Србија е постигнувањето договор за меѓусебно признавање на двете земји во рамките на постоечките граници, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на средба со студентите од 28 држави кои учествуваат на Летната академија во Приштина изјави дека „светот треба …

Харадинај: Oчекуваме дијалогот да донесе меѓусебно признавање на Косово и Србија Read More »

Силен земјотрес во Атина


Силен земјотрес со јачина од 5,3 според Рихтер е почувствуван во Атина, во 14.13 часот по локално време, а засега нема информации за повредени или материјална штета. Епицентарот, според грчката национална опсерваторијата, бил на планината Парнита, на 23 километри северозападно од Атина, а е почувствуван на целата територија на грчката престолнина. Како што јави дописничката …

Силен земјотрес во Атина Read More »

Загрепчанец убил германски турист зашто му рекол дека не му се допаѓа фризурата


Загрепчанецот Е.С. (32) му зари нож во срцето на младиот Германец Патрик Бешингер од Баварија само затоа што му рекол дека не му се допаѓа неговата фризура. Убиството се случи во средата во близина на Пула, пред очите на многубројни туристи. Е. С. Како што објавија хрватските медиуми, загрепчанецот ѝ е добро познат на полицијата …

Загрепчанец убил германски турист зашто му рекол дека не му се допаѓа фризурата Read More »