По Харадинај, и Јакуп Красниќи повикан од Специјалниот суд во Хаг
Информацијата ја потврди самиот Красниќи, кој преку соопштение за јавноста изрази уверување дека „правдата ќе биде задоволена“ и порача дека „вистината е дека во војната во Косово, Србија изврши геноцид, а нејзините монструозни конструкции за ОВК ќе паднат во вода“.
– Несреќа и своевидна иронија е тоа што наместо Србија да се соочи со правдата за злосторствата против човештвото и за геноцидот, ние треба да се браниме од нејзините измислени обвиненија, наместо да се судат аргументите и доказите кои се неспорни и кои ги знае цел свет, правдата се занимава со ниски измислици и невистини на српската политика и на нејзините тајни служби, се вели во соопштението на Јакупи.
Според првиот претседател на косовското Собрание по војната, Специјалниот суд е формиран врз основа на извештајот на Дик Марти, усвоен од Советот на Европа, кој „има за цел компромитација и инкриминација на праведната и чиста борба на ОВК“.
Покана да се појави пред Судот во Хаг во својство на осомничен доби и Рамуш Харадинај, кој вчера поднесе оставка од фунцкијата претседател на Владата на Косово, порачувајќи дека пред судот сака да се појави како граѓанин на Република Косово, а не како премиер.