Почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ


Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ почина ненадејно рано утрово на 66-годишна возраст како последица на срцев удар, објави Информативната служба на Градот Загреб. Хрватските медиуми пренесуваат дека на Бандиќ му се слошило доцна синоќа, брзата помош го однела во болницата „Свети Дух“, каде починал и покрај напорите на лекарите да го реанимираат. Бандиќ подолг период […]

Во БиХ раст на бројот заразени – денеска повеќе од 700


  Во Босна и Херцеговина во саботата се регистрирани повеќе од 700 нови случаи со корона вирус, што потврди дека во таа земја повторно почнува да се шири вирусот по тринеделна стабилна епидемиолошка состојба. Заводите за јавно здравство од ентитетите пријавија 510 новозаразени во Федерацијата, 192 нови во Република Српска, а имаат и 17 починати. […]

Пораст на бројот на заразени од корона вирус во регионот, најтешка состојбата во Унгарија


Бројот на пациенти заразени со коронавирус во земјите од регионот денеска бележи пораст во споредба со претходните денови, а најтешка е состојбата во Унгарија, каде се регистрирани 4.948 инфекции и 107 смртни случаи. Според извештаите на медиумите, во Србија се регистрирани 3.210 новозаразени и 15 починати. Во Хрватска, пак, во последните 24 часа се потврдени […]

Албанскиот премиер Рама в понеделник на средба со претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен


Албанскиот премиер Еди Рама и министерката за надворешни работи Олта Џачка в понеделник ќе престојуваат во Брисел. Како што информираа од Владата, тие прво ќе се сретнат со шефот на европската дипломатија Жозеф Борел, по што предвидена е средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен. -Напредокот на Албанија за интеграција во ЕУ […]

Во Хрватска нови 520 заболени со Ковид-19, починаа осуммина


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 520 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случи изнесува 3.216. Меѓу нив 760 пациенти се лекуваат во болница, а 75 се на респиратор. Починаа учте осум пациенти или вкупно досега 5.511. Од почетокот на пандемијата во Хрватска заболеле 242.617, а оздравеле […]

Во Хрватска потврдени два случаи од јужноафриканскиот сој


 Првите два случаи на мутацијата на коронавирусот, првпат откриена во ЈАР, се регистрирани во Хрватска, а е забележано значително зголемување на бројот на лица заразени со британскиот сој на вирусот, изјави епидемиологот Горанка Петровиќ. – Вчера ги добивме резултатите од секвенционирањето на примероците што ги испративме до Европскиот центар за контрола на болести. Од 300 […]

Јужноафриканскиот сој регистриран во Словенија


Во Словенија е потврден првиот случај на зараза со јужноафриканскиот сој на коронавирус, потврди денес словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар. Станува збор за доктор од Марибор, вработен во тамошниот Клинички центар, кој минатата недела со уште неколку лица од Словенија престојувал во Намибија а во понеделник бил на работното место. Уште две лица кои […]

Тедрос: Вакцини за БиХ штом ги исполнат условите на Фајзер


Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус му пиша на Претседателството на БиХ за моменталната состојба во врска со набавката на вакцини против коронавирусот. Во писмо, во кое имало увид порталот Кликс.ба, Гебрејесус му честиташе на Претседателот на Претседателството Милорад Додик, за подготовките што БиХ ги направи за да ги исполни барањата на […]

Претставниците на медиумите во Грција обвинуваат за полициско насилство на протест во Атина


За уште еден случај на полициско насилство врз вработени во медиумите, со седум повредени во неиспровоциран напад од полицајците за време на синоќешниот протест во Атина, обвинуваат преку соопштение од Здружението на фоторепортери на Грција заедно со Здружението на странски дописници во Грција и со поддршка од Здружението на новинари, јави дописничката на МИА од […]

Американската на албанската војска и донираше 29 возила „хамви“


Албанија – Војската на САД на албанската армија и донираше 29 воени возила „хамви“. Веста ја објави американската Aмбасада во Тирана наведувајќи дека овие возила ќе помогнат во подигање на албанската воена подготвеност и нејзината заедничка активност со НАТО. -Дваесет и девет повеќенаменски возила со голема подвижност (хамви) пристигнаа на пристаништето во Драч. Овие возила се донација за […]

Во Србија повторно повеќе од 3.000 заразени, починаа 16


  Во Србија, според последните податоци, регистрирани сè уште 3.339 новозаразени, а починаа 16 лица. Во болница се лекуваат 3.876 пациенти, а 159 се на респиратор. Тестирани се 14.128 лица. Досега во Србија од Ковид-19 забоела 453.240. Вкупно се тестирани 2.917.578, а досега починаа 4.414 заболени. Во Србија до денеска се вакцинирани 1.393.035 граѓани, а […]

Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија ќе се одржи в понеделник


Албанија ќе го одржи својот редовен состанок за стабилизација и асоцијација со Европската Унија на први март, за Северна Македонија состанокот е одложен, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова ќе биде единаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација за Албанија, клучен форум за земјите кандидати за членство каде се разговара за реформскиот напредокот. Како што […]

Масовната вакцинација во Бугарија траеше само пет дена


Поради огромната заинтересираност за вакцинација за неколку дена се потрошија сите залихи. Незадоволен од „АстраЗенека“, министерот за здравство ги пренесе своите надежи кон вакцината на „Џонсон и Џонсон“   (Од нашиот дописник)                                                […]

Нови 505 заразени во Хрватска


  Во изминатите 24 часа во Хрватска забележани се 505 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 3.046. Меѓу нив се 780 на болничко лекување, а 73 на респиратори. Починаа 14 лица. ДО денеска се забележани 242.097 заразени, а починаа вкупно 5.503. Оздрваеа 233.548, а вкупно се тестирани 1.332.840 […]

В понеделник во Албанија пристигнуваат 15.000 вакцини на „Фајзер“


В понеделник во Албанија приситигнува пратка со 15.000 вакцини од компанијата „Фајзер“, информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот на експерти за справување со пандемијата. Гостувајќи во емисија на телевизијата „Ора њуз“ таа додаде дека имунизацијата на целата популација во земјата предвидено е да заврши за 14 месеци. -Врз основа на договорот за 500.000 вакцини со […]

Во Србија се заоструваат епидемиолошките мерки, угостителите и трговските центри ќе работат до 14 часот


Кризниот штаб за сузбивање на епидемијата на коронавирус денеска одлучи да и препорача на Владата на Србија угостителските објекти и трговските центри низ целата земја за време на викендот да работат до 14 часот, јави дописникот на МИА од Белград. Продавниците, медицинските ординации, ветеринарните ординации и лабораториите ќе работат како и до сега. Фризерските салони […]

До крајот на јуни е можно во Бугарија да има два милиона ревакцинирани граѓани


Директорот на софиската болница за итна помош „Пирогов“,  проф.д-р Асен Балтов, изјави дека од јуни ќе може да се живее малку помирно, бидејќи дотогаш два милиона бугарски граѓани ќе можат да бидат ревакцинирани. Балтов за НОВА ТВ изјави дека  вакцинација им е потребна на околу четири милиони бугарски граѓани, а доколку успеат да се вакцинираат […]

Борисов е за електронски пасош за вакцинирани и луѓе што прележале Ковид-19 за слободно патувањe


Бугарија– За оние кои се вакцинирани во Европа, да се направат електронски пасош или зелен електронски коридор за оние кои прележале и со антитела или документ дека биле вакцинирани, да не им се наложува да прават ПЦР, да се ставаат во карантин и да не им се попречува патувањето, иајви бугарскиот премиерот Бојко Борисов за дописникот на […]

Ковакс ја обвини БиХ дека не обезбедила соодветно чување на вакцините и затоа нема да ги добие ни во март


БиХ– Механизмот Ковакс соопшти дека БиХ е виновна што не ја доби ветената количина вакцини од компанијата Фајзер против коронавирусот, бидејќи не ги исполнила посебните барања на американскиот производител. Иако многу земји веќе го почнаа процесот на вакцинација, БиХ едвај го започна и нема да прими никакви вакцини преку механизмот Ковакс ниту во март, според […]

Во Тирана убиен познат наркобос и сопственик на многу бизниси во Албанија и Швајцарија


Во центарот на Тирана, денеска е убиен 65-годишен маж, сопственик на голем број бизниси, но и познат како наркобос, кој шверцувал хероин од Турција во Албанија. -Бехар Суло Софиа, по потекло од Берат, познат на полицијата заради своите криминални активности е убиен со огнено оружје со придушувач. Неговото убиство било добро организирано и дека убијците пукале од […]