Мејлови со закани за бомба во најмалку десет хотели во Солун


Преку мејлови, во најмалку десет хотели во Солун вечерва биле испратени закани дека се поставени бомби, а полицијата превентивно ги евакуира и ги проверува, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Дел од хотелите се во строгиот центар на градот, а досега биле проверени пет од хотелите, но не било пронајдено […]

Трета доза од вакцината за одредени категории во Грција


Грција – Граѓаните во Грција кои припаѓаат на одредени ризични категории и имаат хронични болести ќе примат и трета доза од вакцината противи Ковид-19, соопшти попладнево претседателката на Комисијата за имунизација од грчкото Министерство за здравство Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина. Третата доза ќе биде со мРНА вакцина и се однесува на: […]

Грција засега не размислува за воведување рестрикции за туристите или затворање граници


Грција– Во новите мерки, кои грчката Влада ќе ги соопшти утре, а ќе се однесуваат пред сè на невакцинираните граѓани, не е планирано воведување рестрикции за туристите, како на пример затворање граници или забрана за влез од одредени земји, потврди владиниот портпарол Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на денешниот […]

Во Словенија од денеска се наплаќаат брзите антиген тестови


Словенија– Во Словенија од денеска се наплатуваат брзите антигенски тестови за присуство на коронавирус во организмот, што досега беа бесплатни, а со оваа одлука владата сака да ја стимулира побрзата вакцинација на населението против Ковид-19, додека од плаќање се изземени оние на кои тестирањето им треба за работа. Таквото тестирање досега беше бесплатно за сите, […]

Фолкештад: БиХ е и останува единствената земја со два ентитета и три конститутивни народа


БиХ – Командантот на штабот на НАТО Сараево и највисокиот воен претставник на Алијансата во БиХ, бригадниот генерал Ерик Фолкештад, истакна дека Босна и Херцеговина е и останува единствена земја со два ентитета и три конститутивни народи. -Приказните за отцепување не само што не се корисни, туку и го одвлекуваат вниманието од вистинските прашања што треба […]

Благ пад на новозаразени во Србија


Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 1.242 новоинфицирани со корона вирус, а почина аосум пациенти. Во болница се 945 пациенти, а 31 на респиратор. Вкупно досега во Србија се регистрирани 742.313 заболени, а починаа 7.214. Министерот за здравство Златибор Лончар, предупреди дека ја пропуштиле шансата, односно луѓето не се вакцинирале доволно брзо и […]

Радев: Најдоцна до петок треба да го врачам третиот мандат


Бугарија– Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека до петок мора да го врачи третиот мандат. „Можам и да го забавам и ќе направам тоа, но до петок“, има изјави Радев на новинарите при  денешната посета на Болјарево и Тополовград, јави БГНЕС. Бугарскиот претседател одби да каже на која партија ќе и го предаде мандатот, […]

Јанша: ЕУ нема да ги отвори миграциските коридори за Авганистан


Словенија– Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, денеска изјави дека Европската унија нема да отвори ниту еден хуманитарен или миграциски коридор за Авганистан, како и дека нема да дозволи повторување на мигрантската криза од 2015 година. „Нема да си дозволиме да ги повториме стратешките грешки од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа за […]

Уште 373 нови случаи со корона вирус во Хрватска, починаа тројца


  Во Хрватска, регистрирани се 373 нови случаи на корона вирусот од 9.397 тестирани лица, а три лица починаа, според хрватскиот Штаб за цивилна заштита. Во последните 24 часа, пријавено е закрепнување на 339 пациенти. Во моментов има 2.695 активни случаи на инфекција со корона вирус во Хрватска, од кои 275 се во болница, а […]

На што се должат високите температури ова лето


Поголем дел од Европа, особено Балканот, ова лето се соочи со појава на серија топлотни бранови и екстремно високи температури. Регистрирана е појава на тропски ноќи кога минималната температура на воздухот била поголема од 20 степени целзиусови. Загревањето на приземниот слој на воздухот во атмосферата и во почвата и дефицитот на врнежи во еден подолг […]

Нови 1.510 случаи со корона вирусот во Србија, починаа 11 лица


Корона вирусот во последните 24 часа е потврден кај 1.510 лица, а истовремено како последица од оваа болест починале 11 пациенти. Тестирани се 11.521 лица. На респиратор се приклучени 30 пациенти. Од почетокот на пандемијата тестирани се 4.895.234,позитивни биле 741.071 а починале 7.206 лица.

Топ Чанел: Албанија на Авганистанците ќе им понуди политички азил


На сите Авганистанци кои ќе дојдат во Албанија ќе им биде понудена можност да поднесат барање за политички азил, откако веднаш по пристигнувањето ќе им биде дадена дозвола за престој, пренесува Топ Чанел. -Ова е за да се исполнат законските прописи што се во сила во албанската држава, со кои се бара апликација за дозвола […]

Предупредување до граѓаните за екстремна опасност од пожари во грчката област Атика и островот Евија


 Жителите на областа Атика, поширокиот регион Атина и на островот Евија добија порака од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција со предупредување за екстремна опасност од пожари во текот на утрешниот ден, јави дописничката на МИА од Атина. Преку пораката, се бара од граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат активности што може да предизвикаат пожар […]

Во Хрватска вакцинирани само половина од учителите


КРК – Иако до почетокот на новата учебна година има само десетина денови, во Хрватска не е целосно јасно како ќе се одвива таа. Хрватските медиуми пренесуваат дека министерството за наука и образоавание дури на почетокот на септември ќе одлучи дали децата ќе носат маски за време на наставата. Бројкaта на новозаболени во Хрватска последниве […]

САД донираа 500.000 дози вакцини на Косово


САД донираа 500.000 дози вакцини Фајзер на Косово преку иницијативата КОВАКС, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен. САД донираа вакцини на десетици држави, а пратката пристигнува во Косово неколку дена откако најмладата европска држава понуди да прими Авганистанци поврзани со американската мисија откако Талибанците го освоија Кабул, потсетува Хина. Блинкен на Твитер напиша дека донацијата „претставува […]

Бугарија сè поблиску до трети парламентарни избори годинава


Бугарија забрзано оди и е се поблиску до нови избори, отколку до евентуално надминување на зацементираните позиции меѓу таканаречените „протестни партии“ за состав на нова функционална политичка влада, со силна поддршка во редовите на Народното собрание. Откако пред десетина дена мандатот го врати „Има таков народ“, победничката партија на вторите парламентарни избори во последните неколку […]

Албанија го одложи почетокот на учебната година за 27 септември


Албанија – Албанската министерка за образование, спорт и млади, Евис Куши информираше дека почетокот на новата учебна 2021-2022 година е одложен и таа наместо на 13 септември, како што беше најавено, ќе почне на 27 септември, бидејќи е „одлучено да се продолжи периодот на дополнителната настава“. На прес – конференција, министерката Куши објасни дека за време […]

Хрватска вакцинираше над 50 отсто од своето возрасно население


Хрватска – Хрватска денеска ја надмина бројката од 50 проценти целосно вакцинирана возрасна популација. Оваа информација преку Твитер ја објави хрватскиот министер за здравство Вили Берош. „Постигнавме 50 проценти вакцинирано возрасно население. Благодарност за сите што се дел од оваа позитивна статистика и на луѓето на терен што ги направија вакцините максимално достапни. Втората фаза од борбата […]

Србија и денеска со повеќе од 1.500 новозаразени


Во последните 24 часа во Србија забележани се уште 1.592 нови случаи со корона вирус. Починаа седум пациенти. Тестирани биле 12.773 лица, а на респиратори се 29 пациенти, од вкупно 925 колу што се лекуваат во болница. Од почетокот на пандемијата до денеска во Србија откриени се 739.561 заболени со корона вирус, а починаа 7.195 […]

Во Црна Гора денеска се одржува натпревар во лежење


Во црногорското етно-село „Монтенегро“, оддалечено 34 километри од Никшиќ, и оваа година се организиран натпревар во лежење. Според организаторите, овој јубилеен, десетти по ред, натпревар ќе се одржи денеска. Наградата за победникот е 300 евра. „Првата награда изнесува 300 евра. Правилата се исти: Уживање, спиење, читање книги, јадење, пиење, се е дозволено освен станување“, се […]